Доделување на наградата „Роман на годината“- лауреат Симона Јованоска


В понеделник (17 октомври) во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија на РСМ) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).   -Романот „Денот на […]

Документарецот „Љубовната соба“ на Сузана Диневски селектиран на фестивалите во Лајпциг и Амстердам


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е поканет да биде дел од ексклузивниот маркет на ДОК програмата во рамки на Меѓународниот фестивал за документарни и анимирани филмови во Лајпцинг, Германија од 17 до 23 октомври 2022 година.  „Љубовната соба“, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција […]

Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора 7. МФФ Киненова


Годинашното седмо издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“, во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ и „Табу“. На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на […]

Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во битолскиот Офицерски дом


Ликовната есенска сезона во битолскиот Офицерски дом почна со 19. издание на големата меѓународна ликовна изложба „ААмА“. „ААмА“ ќе биде изложена во светските галериски простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка, а во Северна Македонија изложбата доби поддршка и одговор од 120 уметници од 80 држави. – Во подготовката, селекцијата, кураторството и […]

Настап на перкусионистот Хамид Дрејк на Скопскиот џез фестивал


  Годинешниот 41. Скопски џез фестивал што почна синоќа со концертот на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, продолжува вечер во Националната опера и балет со специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк. Turiya е посветен на […]

Во Музејот на македонската борба почнува фестивалот „Златна лира“


  Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ почнува вечер во Музејот на македонската борба со концерт на сопранот Биљана Јосифов, во пијано придружба на Иван Еминовиќ. Овој фестивал традиционално секоја година во октомври го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Програмата на концертот е посветена на оперското творештво на Волфганг Амадеус Моцарт, а […]

Прва самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова во галерија Грал


Во галеријата Грал во Скопје вечерва од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова. На изложбата ќе бидат претставени 30 најнови дела од циклусот „Феникс“ што е воедно и наслов на изложбата. Годинава таа беше учесник на три меѓународни ликовни колонии во Србија, Косово и Бугарија. 

Промоција на Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата


  На 14 октомври  во 17:30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија. Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на […]

Излезе од печат новиот број на „Стожер“


Деновиве излезе од печат новиот број на Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“, што ја објавува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Како што соопштија од ДПМ, во овој број, трет од оваа година, меѓу другото се објавени следните прилози – писмо до Рацин од Весна Мојсова-Чепишевска, избор современа албанска поезија во Македонија подготвен […]

Фестивалот РУТА во Драмски театар од 14 до 19 октомври: Доаѓаат Шербеџија, Мариќ, Поповски…


Распродадени се билетите за сите шест претстави на фестивалот РУТА Група Триглав, кој од 14 до 19 октомври ќе се одржува во Драмски театар во Скопје, најави денеска директорката на Драмски, Катарина Коцевска-Хаџи Василева. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар […]

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомените од НОВ


По реакциите во јавноста на состојбата на спомен-обележјата и спомениците на Народноослободителната војска, министерката за култура Бисера Кoстадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција соопшти дека од 2023 година ќе се започне со национална стратегија со која ќе се поделат средства и надлежности на четири музеи, кои ќе бидат задолжени за реставрација, одржување и зачувување на спомен-обележјата и […]

На Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес ќе се аплицира преку порталот „Е-услуги“


В понеделник 17 октомври во 8 часот ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот. Оваа година електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал „Е-услуги“, информираше на денешната […]

Во рамки на Отворен Балкан утре во Белград гостува Филхармонија на Македонија


Во рамките на регионалната соработка Отворен Балкан, како прва размена во областа на симфониската музика, утре во Белград, во Коларац гостува Филхармонијата на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Концертот ќе биде под диригентство на Габриел Бебешелеа, а ѕвезда на вечерта ќе биде пијанистот Дино Имери, кој ќе го изведе најпопуларното дело […]

(Видео) Прес на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска  денес во 12 часот ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија. Тема на прес-конференцијата е: Објавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.   Линк до видео од прес-конференцијата на македонски јазик

Синдикатот на културата против намалување на платите на вработените


Синдикат на културата (СКРМ) регира на мерките и препораките за намалување на расходите донесени на седница на Владата. Синдикатот ја повикува министерката Бисера Костадинова-Стојчевска да каже дали ќе ги спроведе мерките и дали во тоа би значело намалување на платите на вработените во институциите од културата во време на голема инфлација и криза. „Откако го […]

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија


  Патувачкиот карван на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, утре и в сабота (14 и 15 октомври), ќе застане во Гевгелија. По покана на Домот на културата „Македонија“, фестивалот се одржува во рамките на одбележувањето на детската недела. Децата во Гевгелија ќе можат да учествуваат на работилници за тоа како се […]

Гете Институт Скопје: Интервенција – „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите


  За време на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, Гете-институтите Атина, Анкара, Белград, Истанбул, Измир, Скопје, Софија, Солун и Гете-центар Тирана ќе нудат многубројни настани во онлајн и офлајн формат во регионот. Тие ќе бидат наменети за младите, нивните родители, како и наставници и други заинтересирани лица. Конкретно, преку интервенцијата „Проѕирниот […]

Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“: Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода


Режисерот е всушност машина која носи одлуки и тие некогаш се добри некогаш се лоши, вели унгарската режисерка Илдико Ењеди, која на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, одржа мастерклас на кој присуствуваа истакнати македонски режисери и студенти од Факултетот за филмска уметност во Скопје. – Адреналинот во процесот на работа е прекрасен. Снимањето е како сурфање, […]

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик


Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман. Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое […]

Денови на германскиот филм од 15 до 18 октомври


Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, в сабота (15 октомври) од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм. Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотеката, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата […]