„Моќта на театарот и театарот на моќта“, МОТ по 47-ми пат ќе пркоси и ќе „нервира“


Четириесет и седмото издание на Младиот отворен театар – МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со меѓународна програма, ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности, соопшти Младинскиот културен центар (МКЦ). „Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47-ми пат ќе пркоси и ќе ‘нервира’ […]

Почина писателот Благоја Иванов


  На 91 – годишна возраст денеска во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор. Иванов бил роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот […]

МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија


  Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на  25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо. – Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо […]

Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ


  Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености 2022“ на сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката […]

Преводите на Олга Панкина остануваат како траен белег за достигнувањата на македонската книжевност


Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска одржа литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина, насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“. Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање на средбата посочи дека Олга Панкина е амбасадор на македонската книжевност. Нејзиното име и презиме, како што рече, е синоним за […]

Преведувачот Вил Фирт на преведувачка резиденција во Скопје


Преведувачот од македонски на англиски јазик, Вил Фирт, во ноември престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата е во организација на издавачката куќа „Готен“, а се реализира рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој, Вил Фирт ќе работи на […]

Георги Шарески со интимен концерт „Дуети“ во Филхармонија


Оваа сабота, во камерната сала на Македонската филхармонија, имате шанса да присуствувате на единствен концерт, во кој во интимна атмосфера ќе биде претставена жанровски неограничената и автентична музика на еден од нашите најплодна и најнеобични композитори. Концертот „Дуети“ на Георги Шарески, на кој ќе бидат изведени авторски композиции на овој наш музичар кој дипломирал на […]

Дино Имери со концерт со Софиската филхармонија- ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн


Македонскиот музичар и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија. Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина […]

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари


Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата, досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани.  – Проектната документација е целосно обезбедена и завршена во 2016 година. Реконструкцијата на објектот на НУ […]

„Кајмак“ со премиера во Тајван- Манчевски цел час даваше автограми во Тајпеј


„Кајмак“ на Милчо Манчевски ја доживеа и премиерата во Тајван, каде се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката која ја пофали приказната и кажа дека […]

 „Соништа и реалност – три бајки за бегството“ – Остен на шестиот „Арт Тесалоники 2022“


Остен со проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“, три албуми од циклусот „10 ликови“ на Кабаков од колекцијата на Остен Музејот Скопје се претставува на шестиот меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники 2022“. Саемот се одржува од трети до шести ноември годинава во хала 9 и 10 од „Хелекспо“.   Како […]

Три милиони денари за санација на Центарот за култура во Штип и истражување на археолошките локалитети под надлежност на Музејот


– Министерството за култура го реновираше Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип и досега се исплатени речиси над еден милион денари за санација на ентериерот – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при увидот на активностите на националните установи од областа на културата во Штип.  – Сите проекти што се предвидени во програмите на […]

Отворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Камерниот оркестар „БА-РОК“


Со концерт на Камерниот оркестар „БА–РОК“ вечерва во фоајето на Националната опера и балет во 20:30 часот, свечено ќе биде отворено годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022. Камерниот оркестар е во состав Климент Тодоровски, Јане Бакевски – виолини, Марија Георгиева – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – Флејта / пиколо, Татијана Петрушевска и Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударалки. Како солисти ќе настапат Биљана […]

Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека


Седум шпански филмови ќе бидат прикажани во рамки на десеттото издание на Неделата на шпанскиот филм („Semana de cine Español“) што ќе се одржи од денеска до 17 ноември во организација на Амбасадата на Шпанија во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија и Скопје Филмски Фестивал. Манифестацијата ќе биде отворена со проекцијата на филмот […]

Литературна средба „Ден на македонската книга на руски јазик“ – преведувачкиот опус на Олга Панкина


  Друштвото на писатели на Македонија денеска во 12 часот организира литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“. На средбата ќе зборуваат поетот, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач академик Влада Урошевиќ и писателот, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски. […]

„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот,  ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Концертот е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија […]

Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски


Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје. Во претствата играат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова.   Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски.   Проектот е реализиран со поддршка […]

Фузија од емоции и виртуозност во Скопје – „страсна“ класична музика со славната виолинистка Ирина Мурезану


Кога на сцената настапува виолинистка со светска кариера Ирина Мурезану, два врвни камерни оркестри – „Профундис“ од Македонија и „13 Гудачи“ од Србија, респектибилни диригенти како Ѓурѓица Дашиќ и Срѓан Сретеновиќ, со комплексни и виртуозни дела од Бритн, Енеску, Вивалди и Пјацола –  тогаш се случува фузија од емоции и виртуозност која публиката знае да […]

Горан Столевски со „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за „Оскар“


„Нема да си сама“, дебитантскиот долгометражен филм на австралиско-македонскиот режисер Горан Столевски е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.   По сценарио на Столевски, дејството во филмот се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век и следи […]

Костадиновска-Стојчевска во Археолошкиот музеј: Завидни резултати од теренските истражувања


„Во Археолошкиот музеј на РС Македонија се постигнати завидни резултати во реализацијата на тековната програма во делот на теренските истражувања. Тимот на установата работеше на подводниот археолошки локалитет од железното време, Врбник кај Струга, кој  изобилува со движен археолошки материјал. Со директорката Славица Бабамова разговаравме за тековните проекти и за резултатите од истражувањата во Градиште, […]