Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје


Издавачката куќа „Готен“ соопшти дека словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер била последна гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година што „Готен“ ги организира со поддршка од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“.  -Нејзиниот прв роман, „Цимери“,  беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, …

Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје Read More »

Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“


Во Францускиот институт во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Книгата, објавена од издавачката куќа „Темплум“, ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Лада …

Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ Read More »

Филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена


Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на …

Филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена Read More »

Колеги и пријатели се сеќаваат на Жарко Лаушевиќ, меѓу нив и Милчин и Унковски


Во Белград е објавена нова монографија за Жарко Лаушевиќ, кој во 2023 почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Легендарниот црногорски актер и писател и еден од најпопуларните екс-ју глумци, беше познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, …

Колеги и пријатели се сеќаваат на Жарко Лаушевиќ, меѓу нив и Милчин и Унковски Read More »

НОБ ја отвори сезоната на Штраус, гламурот и шампањското: Магијата на „Лилјакот“ (фото)


Се случи виенско чудо во Скопје. Во саботата, големата сцена на Националната опера и балет блескаше како никогаш досега! Премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II беше вистински празник на музиката, хуморот и гламурот. Публиката ги награди уметниците со долготраен аплауз и стоечки овации, а во воздухот се чувствуваше радост, елеганција и гордост што ова …

НОБ ја отвори сезоната на Штраус, гламурот и шампањското: Магијата на „Лилјакот“ (фото) Read More »

Отворена изложба за оперската дива Милка Ефтимова: Емотивен ден за македонската култура


Изложба посветена на примадоната со светска кариера, Милка Ефтимова (1936-2025) , беше отворена денеска во амфитеатарот на Спомен – куќата на Мајка Тереза. Автор е Василија Чали, а кураторки се Елизабета Марковска од Музејот на македонската борба за самостојност и Цветанка Вучковска – Митовска од Спомен – куќата на Мајка Тереза.  Поводот е 25 октомври …

Отворена изложба за оперската дива Милка Ефтимова: Емотивен ден за македонската култура Read More »

Објавен е „Речник на синоними во македонскиот јазик“, од д-р Толе Белчев и д-р Снежана Веновска-Антевска


Во издание  на „Бата прес“ објавено е  делото„Речник на синоними во македонскиот јазик“, од д-р Толе Белчев и починатата универзитетска професорка д-р Снежана Веновска-Антевска.Делото е објавено со поддршка на Министерствово за култура, во рамките на Националната програма за издаваштво за 2025 година. „Станува збор за лексикографски труд кој бездруго, влегува во богатото семејство на македонски …

Објавен е „Речник на синоними во македонскиот јазик“, од д-р Толе Белчев и д-р Снежана Веновска-Антевска Read More »

Предавање за Прличев, Миладинов и Чинго во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, вечер (18:30), ќе се одржи предавање на проф. д-р Димитар Пандев по повод 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов и 90 години од раѓањето на Живко Чинго.  – Јубилејни спомени на три големи имиња од македонската книжевност. Годинава одбележуваме значајни јубилеи на тројца истакнати …

Предавање за Прличев, Миладинов и Чинго во македонскиот КИЦ во Софија Read More »

Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II во НОБ


 На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, …

Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II во НОБ Read More »

„Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар ќе ги отвори 25. Есенски музички свечености


Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје од денеска до 10 ноември ќе се одржи јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“. Фестивалот свечено ќе биде отворен со концертот на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов со почеток во 20 часот на сцената на Малата …

„Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар ќе ги отвори 25. Есенски музички свечености Read More »

РУТА фестивалот со седум претстави во Драмски од утре до 31 октомври


  „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ утре го отвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје. Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште љубљанско и Центар за култура Тиват. Улогите во претставата правена …

РУТА фестивалот со седум претстави во Драмски од утре до 31 октомври Read More »

Младите уметници да бидат трпеливи и подготвени, вели Весна Ѓиновска Илкова, автор на македонската порака за Светскиот ден на операта


  Да продолжиме да создаваме и креираме музика зошто никогаш повеќе не ни требала културата нам, и ние нејзе!, вели оперската примадона Весна Гиновска Илкова, авторка на годинешната македонска порака за Светскиот ден на операта, 25 октомври.  Весна Ѓиновска-Илкова ( 1972, Скопје)  е првенка на операта на МНТ. Таа е вистинска оперска ѕвезда на домашната …

Младите уметници да бидат трпеливи и подготвени, вели Весна Ѓиновска Илкова, автор на македонската порака за Светскиот ден на операта Read More »

„Билни прилагодувања“: Оливер Мусовиќ по 18 години излага во МСУ и слави јубилеј


По 18 години, мултимедијалниот ликовен уметник Оливер Мусовиќ, еден од водечките автори во својата генерација ќе го претстави своето творештво во Македонија. Изложбата „Билни прилагодувања“ ќе одбележи 30 години од неговото творештво, односно од неговата прва самостојна изложба во Уметничката галерија, Битола, во 1995 година. Неговата последна самостојна изложба „Уметникот“ беше отворена во Музејот на …

„Билни прилагодувања“: Оливер Мусовиќ по 18 години излага во МСУ и слави јубилеј Read More »

Во Кинотека македонските филмски класици по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


На 27 октомври (понеделник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, …

Во Кинотека македонските филмски класици по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство Read More »

Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари


 Во Камерната сала на Македонската филхармонија вечер полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен. Леонардо Димоски е роден во 2004 година во Битола. Музичкото образование го започнува на шестгодишна возраст во Прилеп во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“, во …

Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари Read More »

„Народен пратеник“ на МНТ продолжува со регионалната турнеја, следната станица „Борини позоришни дани“


Претставата „Народен пратеник“ на МНТ денеска во главната натпреварувачка програма ќе биде изведена на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, како што се наведува во соопштението на МНТ, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против …

„Народен пратеник“ на МНТ продолжува со регионалната турнеја, следната станица „Борини позоришни дани“ Read More »

Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата)


Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се …

Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата) Read More »

Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски


Стручното жири на 34.Фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, во состав: д-р Мирослав Радоњиќ, претседател, д-р Душко Љуштина, член и Ирфан Менсур, член, донесе едногласна одлука Наградата за најдобро актерско достигнување на Фестивалот да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ според романот на Момо Капор, текст на Стеван …

Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски Read More »

ДПМ нема да ги додели наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“


Во врска со анонимниот конкурс „Помеѓу пејзажот и бетонот“ во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, која се одржа на 13 и 14 јуни оваа година, УО на ДПМ  на својата последна седница бр. 12-2025/1 ја донесе следната Одлука:  „Поради констатираните неправилности, нетранспарентност во начинот на избор на наградените творби, како и повлекување на двајца …

ДПМ нема да ги додели наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“ Read More »

Во македонскиот КИЦ во Белград почнува литературна манифестација „Денови на македонската литература за деца 2025“


 Од денеска до сабота во македонскиот Културно-информативен центар во Белград ќе се одржи литературната манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“. Воведно обраќање попладнево во 18 часот ќе имаат: директорот на македонскиот КИЦ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и програмскиот уредник на проектот м-р Ели Маказлиева. На манифестацијата ќе има презенатција за значењето …

Во македонскиот КИЦ во Белград почнува литературна манифестација „Денови на македонската литература за деца 2025“ Read More »