Наградата „Ацо Караманов“ за поетите Хозе Едуардо Деграсија и Константин Северин


Поетите Хозе Едуарди Деграсија (Бразил-Италија) и Констатин Северин од Романија се годинашни добитници на Интернационалната книжевна награда „Аво Караманов“. Во чест на добитниците организаторите објавија двокнижие со наградените поетски книги на двајцата поети – „Осудените градови“ од Деграсија и „Животот на сликарите“ од Северин. Хозе Едуардо Деграсија е роден е во Порто Алегре во 1951 …

Наградата „Ацо Караманов“ за поетите Хозе Едуардо Деграсија и Константин Северин Read More »

Циклус филмови од Анджеј Вајда во Кинотека


Кинотеката од утре започнува со циклус филмови на полскиот режисер Анджеј Вајда (1926-2016) од чија богата филмографија ќе бидат прикажани шест филмови. Филмската недела посветена на Вајда хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови „Канал“ (1957) година, „Пепел и дијаманти“ (1958), „Невини волшебници“ (1960), „Пепелта“ (1965), како и двата иконични наслови од зрелото доба на …

Циклус филмови од Анджеј Вајда во Кинотека Read More »

Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во НОБ


Охридско лето најавува Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ кој го сочинуваат Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело. Несекојдневно уживање со делата на Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, велат организаторите.   Билетите се по цена од 300 денари и може …

Новогодишен концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во НОБ Read More »

Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар  бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни …

Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија Read More »

„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар


На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов. Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и други извори, а покрај режисерот Ангелов, зад претставата стојат соработниците: сценографот Филип Коруновски, костимографот Раде Василев, композиторот Ставре Ангелаков, а …

„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар Read More »

Уметничката група XXL од Софија во Мала станица


Официјално претставување на уметничката група XXL ќе се одржи денеска во мултимедијалниот центар „Мала станица“, по што ќе следи и отворање на изложба. – Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во …

Уметничката група XXL од Софија во Мала станица Read More »

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино


Во Неготино во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ денеска и утре ќе се одржи фестивалот за млади „Џифони патува“, а на него ќе учествуваат учениците од гимназијата. – Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а потоа младите ќе се запознаат со мисијата на „Џифони Македонија“ и во текот на двата дена …

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино Read More »

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”денес (четврток, 15 декември) го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината за 2022 година” кој ќе трае до 15 јануари следната година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2022 година. Наградата „Роман на годината”, чиј генерален покровител …

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ Read More »

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата


  Владата на предлог на Министерството за култура денеска разгледа и усвои информации за потребата од основање на три национални установи од областа на културата. Ќе се основаат национални установи „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола. „Меморијален …

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата Read More »

„1984“ на Џорџ Орвел е на врвот на листата на бестселерите во Русија


  Дистопискиот роман на Џорџ Орвел „1984“, сместен во замислена иднина каде што тоталитарните владетели ги лишуваат своите граѓани од секаква моќ за да ја задржат поддршката за бесмислените војни, се најде на врвот на листите на електронски бестселери во Русија. Романот е најпопуларното преземање фикција во 2022 година на платформата на рускиот онлајн продавач …

„1984“ на Џорџ Орвел е на врвот на листата на бестселерите во Русија Read More »

Во Сплит проекција на филмот „Магнет“ на уметницата Кирила Цветковска од Крива Паланка


Филмот „Магнет: Од уво до око и назад“ на авторката Кирила Цветковска од Крива Паланка ќе биде прикажан во четврток во кино-клубот „Сплит“, Република Хрватска во рамки на програмата „Во квадрат“. Програмата ги споредува филмовите на членовите на клубот од историјата, експерименталните филмови, неодамнешните клупски продукции и современите автори кои работат во слични продукциски услови …

Во Сплит проекција на филмот „Магнет“ на уметницата Кирила Цветковска од Крива Паланка Read More »

Унко се врати во МНТ: Премиера на „Сите сме птици“ со моќна актерска екипа


На сцената на Македонскиот народен театар на 17 декември (сабота), во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на реномираниот Слободан Унковски.  Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа …

Унко се врати во МНТ: Премиера на „Сите сме птици“ со моќна актерска екипа Read More »

Излезе од печат поетската антологија на 49. „Караманови средби“


Пред почетокот на годинашното издание на поетската манифестација „Караманови средби“, што почнува на 16-ти овој месец во Радовиш, организаторите ја објавија поетската антологија на 49. „Караманови средби“. Од пристигнатите 179 поетски творби, селекторите на оваа книжевна награда, писателите Борче Панов и проф.д-р Даниела Анодоновска-Трајковска, во првата фаза одбрале 43 најдобри поетски ракописи од познати автори …

Излезе од печат поетската антологија на 49. „Караманови средби“ Read More »

Гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“ добитник на 7 награди „Цезар“


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија организира гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“.  Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на 7 награди Цезар, меѓи кои и Цезар за најдобар филм, а ќе биде прикажан в петок, 16 декември 2022, во 20 …

Гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“ добитник на 7 награди „Цезар“ Read More »

Со лампиони со цитати: ЕУ ќе го слави роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало


Денес во 17 часот во паркот со бронзеното спомен-обележје на Горан Стефановски во Дебар Маало, ќе се одржи празничен собир во чест на 70-годишнината од неговото раѓање, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Европска куќа Скопје. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години. Споменикот …

Со лампиони со цитати: ЕУ ќе го слави роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало Read More »

Од Париз до Африка: Документарниот филм „Пред и после“ на Киро Урдин во Кинотека


Проекција на филмот „Пред и после“ на Киро Урдин ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 15 декември, во 20 часот. Станува збор за документарен филм по режија и сценарио на Киро Урдин. Наратор е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан …

Од Париз до Африка: Документарниот филм „Пред и после“ на Киро Урдин во Кинотека Read More »

„Варијации“ на Трпчевски меѓу изданијата на годината на британски „Грамофон“


Веројатно најголемиот светски музички магазин, особено влијателен со своите рецензии, британски „Грамофон“ го вброи компакт-дискот „Варијации“ на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески меѓу најдобрите солистички пијано албуми на годината, а неговата изведба на  2 сета варијации на Бетовен се најде на листата најдобри изведби на дела од големиот германски композитор во 2022 година, …

„Варијации“ на Трпчевски меѓу изданијата на годината на британски „Грамофон“ Read More »

Јубилејна изложба: 55 години КИЦ


Културно информативен центар – Скопје е една од најстарите културни установи во градот. Со долгогодишна традиција во културниот живот на скопјани, годинава одбележува 55 години од своето постоење. ЈУ Културно информативен центар – Скопје, е основана 1967 год. Од самото основање, со секојдневните активности, успева да стане значаен дел од културниот живот на Скопје. Со …

Јубилејна изложба: 55 години КИЦ Read More »

Се снима краткиот игран филм „Кутии“ по сценарио и режија на Ангела Димеска


Во изминатиов период на неколку локации низ Скопје се снимаше новиот краток игран филм на режисерката и сценаристка Ангела Димеска. -Во реализацијата на овој нов македонски краток игран филм е вклучена екипа која брои повеќе автори и филмски професионалци. Во филмот главен лик е Даниела Ивановска, заедно со Билјана Јовановска, Филип Трајковиќ и Жаклина Стефковска. …

Се снима краткиот игран филм „Кутии“ по сценарио и режија на Ангела Димеска Read More »

Промовиран алманахот „Десет години `Вечер на македонскиот афоризам` во Кочани“


Во библиотеката „Искра“ во Кочани се одржа промоција на алманахот „Десет години `Вечер на македонскиот афоризам` во Кочани“ од авторите Славица Цветкова и Јане Атанасов, а во кој е направен осврт на досега одржаните средби што ги организираше здружението Афористичка репрезентација на Македонија. Во книгата се застапени 19 домашни и тројца странски автори кои во …

Промовиран алманахот „Десет години `Вечер на македонскиот афоризам` во Кочани“ Read More »