Врачен орденот „Свети Никола“ на поетот Михаил Ренџов


Поетот Михаил Ренџов вечерва на свечената академија во соборниот храм „Свети Никола“ го прими орденот „Свети Никола“, што Општина Штип го доделува по повод 19 декември – патрониот празник на градот. Ренџов истакна дека никогаш се нема откажено од својот роден град, како и од заштитниците на Штип. -Имам 87 години, тешко ми е да …

Врачен орденот „Свети Никола“ на поетот Михаил Ренџов Read More »

Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец


Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот. -Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира …

Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец Read More »

Промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од Илинденка Петрушева


  Во кино „Фросина“ во Скопје вечер ќе се одржи промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од авторката Илинденка Петрушева, во издание на издавачката куќа „Слово“. Настанот е во организација на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заедно со Младинскиот културен центар, а книгата ќе ја претстават Јасна Франговска, радиоводител и новинар, …

Промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од Илинденка Петрушева Read More »

„Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована


  Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована – „Празнична рапсодија 3“. Како што е најавено, пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар. Инаку, Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат …

„Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована Read More »

Премиера на претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски


  На сцената на Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на реномираниот Слободан Унковски. -Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа кои сме – или мислиме …

Премиера на претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски Read More »

Мултимедијален проект „Премин-X“ вечер во КСП Центар-Јадро


  Во KСП Центар-Јадро во Скопје вечер ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Премин-X“. Креатори на проектот се видео авторката Вероника Камчевска и аудио дизајнерот Горан Москов. Аудио-визуелната инсталација „Премин-X“ е сензорно мапирање на спацијалнокогнитивно искуство кое иницира состојба на симуларкум. Проектот е поврзување на мултимедијалниот проект „Ризом-X“. „Премин-X“ интегрира видео фрагменти, аудио дизајн и категории …

Мултимедијален проект „Премин-X“ вечер во КСП Центар-Јадро Read More »

Костадиновска-Стојчевска од Цетиње: Наша обврска е да ги поттикнеме креативните индустрии 


– Македонската економија има огромен, а недоволно искористен потенцијал за развој во делот на креативните индустрии, како и луѓе кои со своите дела веќе се имаат докажано на светската сцена, но мора да се направи многу повеќе за да се унапредат условите, со што ќе се добие и поголема ефикасност – истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на министерскиот состанок на …

Костадиновска-Стојчевска од Цетиње: Наша обврска е да ги поттикнеме креативните индустрии  Read More »

Зголем бројот на претстави и посетители во театрите, филхармонија и професионалните ансамбли за народни игри и песни


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во периодот 2021/2022 година во однос на 2020/2021 е зголемен за 168.8 %, а пораст е забележан и кај бројот на посетителите, соопшти Државниот завод за статистика. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 152. Во периодот 2021/2022 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри …

Зголем бројот на претстави и посетители во театрите, филхармонија и професионалните ансамбли за народни игри и песни Read More »

Во Македонија се снима „Мојата мајка е космонаут“ со холивудската ѕвезда Вилијам Болдвин


Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата мајка е космонаут’ по сценарио и во режија на Енди Делиана. Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Балдвин, една од големите холвудски ѕвезди (Sliver, Internal affair, Fair game), заедно со …

Во Македонија се снима „Мојата мајка е космонаут“ со холивудската ѕвезда Вилијам Болдвин Read More »

Костадиновска-Стојчевска во Цетиње на министерски состанок на Процесот за соработка на земјите од ЈИЕ


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска учествува на министерскиот состанок на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, кој се одржува во Цетиње, Црна Гора. На состанокот, како што соопшти Министерството за култура, министри и други високи претставници од 13 земји ќе дискутираат на темата „Креативните индустрии како движечка сила за одржлив развој …

Костадиновска-Стојчевска во Цетиње на министерски состанок на Процесот за соработка на земјите од ЈИЕ Read More »

Хајдн, Шулхоф, Брамс – новогодишен концерт на „Охридско лето“ со квартетот „Диогенес“


Во организација на фестивалот „Охридско лето“ синоќа во Национална опера и балет концерт одржа светски познатиот квартет „Диогенес“. Со специјално одбрана програма на дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, младите виртуози од светот на класичната музика, Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау …

Хајдн, Шулхоф, Брамс – новогодишен концерт на „Охридско лето“ со квартетот „Диогенес“ Read More »

„Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк


Во галеријата МЦ во Њујорк синоќа е отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“. На изложбата се претставени слики од најновата продукција на Јанкуловски кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката …

„Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк Read More »

Проекција на „Изгубени илузии“ во кино Милениум


Проекција на филмот „Изгубени илузии“ ќе се одржи вечер во градското кино Милениум, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во земјава. Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на седум награди Цезар, меѓу кои и Цезар за најдобар филм. Проекцијата на филмот е со поддршка …

Проекција на „Изгубени илузии“ во кино Милениум Read More »

Изложба „Креативен код“ во Чифте амам


Националната галерија на Република Северна Македонија денеска во објектот Чифте амам организира изложба на проектот „Креативен код“. Во рамки на својата Годишна програма, едукативното одделение на Националната галерија со години наназад организира голем број едукативни проекти посветени на ранливите категории. Проектите, како што наведуваат, имаат за цел социјализација на лицата со хендикеп и подигнување на …

Изложба „Креативен код“ во Чифте амам Read More »

Милчо Манчевски со ретроспектива и претседател на меѓународното жири на „Софија филм фест“


Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе биде двојно честуван на „Софија филм фест“ (СФФ). Ќе биде претставена целосна ретроспектива на неговото творештвото – седум долгометражни филмови и два од краткометражните, а ќе биде и претседател на меѓународното жири на 27. издание на „Софија филм фест“ што ќе се одржи во престлнината на Бугарија од 16 до 26 март 2023 година. Во рамките …

Милчо Манчевски со ретроспектива и претседател на меѓународното жири на „Софија филм фест“ Read More »

Народниот театар од Белград со балетот „Жизел“ гостува во МОБ


Во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија – „Open Balkan Theatre/Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември, во 20 часот на големата сцена на Националната опера и Балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава …

Народниот театар од Белград со балетот „Жизел“ гостува во МОБ Read More »

„Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ – нова книга на Илинденка Петрушева


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заедно со Младинскиот културен центар и издавачката куќа „Слово“, ве покануваат на промоцијата на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од почитуваната Илинденка Петрушева. На промоцијата, што ќе се одржи на 17 декември (сабота), во 19 часот, во кино „Фросина“, книгата ќе ја претстават Јасна Франговска, радиоводител и …

„Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ – нова книга на Илинденка Петрушева Read More »

Премиера на „Прозорци“ – продукција на Инкубатор платформата за млади уметници


Вечерва, во 19 часот, во Домот на АРМ, ќе се изведе проектот „Прозорци“, продукција на Инкубатор – платформата за млади уметници. Автор на проектот е Матеа Мијановиќ, а го создава во соработка со младите уметници Митко Дамјановски, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска и Драган Теодосиев. Проектот е поддржан од Министерството за култура и Град …

Премиера на „Прозорци“ – продукција на Инкубатор платформата за млади уметници Read More »

ЕУ празнично го осветли Дебар маало во чест на Горан Стефановски


Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски синоќа беше осветлен и украсен делот во паркот околу неговото бронзено спомен-обележје во Дебар Маало, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Европска куќа Скопје. Паркот со клупата на Горан беше симболично празнично осветлен, и украсен со лампиони со цитат од Горан, преведен на сите …

ЕУ празнично го осветли Дебар маало во чест на Горан Стефановски Read More »

Наградата „Ацо Караманов“ за поетите Хозе Едуардо Деграсија и Константин Северин


Поетите Хозе Едуарди Деграсија (Бразил-Италија) и Констатин Северин од Романија се годинашни добитници на Интернационалната книжевна награда „Аво Караманов“. Во чест на добитниците организаторите објавија двокнижие со наградените поетски книги на двајцата поети – „Осудените градови“ од Деграсија и „Животот на сликарите“ од Северин. Хозе Едуардо Деграсија е роден е во Порто Алегре во 1951 …

Наградата „Ацо Караманов“ за поетите Хозе Едуардо Деграсија и Константин Северин Read More »