Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви“ гостува во Загреб


Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Загребската публика има можност вечерва од 21часот, во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата […]

Италијанска турнеја на романот „ Америка“ на Жарко Кујунџиски


Во текот на следните денови  писателот  Жарко Кујунџиски ќе престојува во Италија, каде што ќе учествува на две јавни презентации на италијанското издание на романот „Америка“. Првиот настан, како што информираат од издавачката куќа „Антолог“, е денеска во градот Мола ди Бари во просториите на книжарницата Libreria Culture Club Cafè. Настанот е со почетокот од […]

Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик


Издавачката куќа „Арка” објави избор од поезијата на Христо Петрески на македонски и српски јазик. Изборот е објавен под заеднички наслов „Третиот камен”, а во него се содржани песни од книгите „Обратна”, „Пергамент” и „Здив пред огледало”. Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, […]

Презентација на Мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда, Батухан и Беди Ибрахим во Софија


Во галеријата на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер во 18,30 часот, ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим и Беди Ибрахим. Проектот содржи изложба на сликарски дела, уметнички инсталации и видеоарт од тројцата автори, активни во ликовната, филмската и театарската уметност. Како што се наведува […]

Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер  гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник. Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот […]

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локалните самоуправи


„Културата игра клучна улога во формирањето на идентитетот на едно општество и во збогатувањето на животот на секој поединец. Таа нè поврзува, нè инспирира и нè облагородува. Со капиталните дотации отвораме перспективи за развојот на културата која зближува и покрај својата разноликост, а во тоа е и нејзината уникатност“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот состанок […]

Уметничка прошетка низ Скопје преку изложба- сеќавање на скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов


Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, ,,Во пет и седумнаесет”, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител […]

Наградата за Медеја ме врати дома: Интервју со Илина Чоревска, актерка


Брилјираше во улогата на  Медеја во претставата на Битолскиот народен театар, но не како силен анти- херој кој на крај свирепо ги убива своите деца, туку како нежна, тивка, денешна, маргинализирана, скршена  Медеја. Илина Чоревска во интервјуто за „Независен“ открива дека се изненадила и се израдувала како дете, за наградата во Прилеп. Сѐ уште ја […]

Недела на шведски филм од 6 јули во Кинотека


Каратеристични по посебната атмосфера, посебниот пејсаж и (се)присутниот момент на интроспекција, шведските филмови од самиот почеток на националната кинематографија се наметнаа како најбитни и како највлијателни во рамките на скандинавското кино. Почетоците на шведската кинематографија датираат од првата декада на минатиот век. Во 1911 година се оформува институцијата Svenska Biografteatern, а во неа се вработуваат филмските […]

Летен карван: Сретни се со книгите на Широк сокак во Битола


Од 3 до 16 јули, на Широк сокак во Битола ќе те пречекаат одлични наслови по ниски фестивалски цени во издание на ТРИ и на Паблишер. Карванот на книгата е една од омилените акции на Издавачки центар ТРИ, зашто наместо ти да одиш кај книгите, тие доаѓаат кај тебе.   Фестивалските цени важат за прекрасни […]

На иста сцена со Стефан Миленковиќ – „Профундис“ ќе го затвори „Раванелиус“ во Србија


Во сабота, 8 јули, македонскиот камерен оркестар Профундис ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал. Реномираниот камерен оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а […]

„Човек против јато“ во режија на Тамара Котевска поддржан од „Еуримаж“


Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 169-та сесија во јуни оваа година го поддржа филмскиот проект на режисерката Тамара Котевска „Човек против јато“ со износ од 265.000 Евра.  „Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и […]

Изложба на дела од сликарот Родољуб Атанасов


Изложба со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов „ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ ќе биде отворена денеска во Музејот на град Скопје. -Извонредниот портретист од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022 година. Повелете во Музеј на град Скопје, заедно да уживаме во овие ремек-дела, велат организаторите на изложбата.

Почина македонскиот писател Сашо Стефановски


Почина македонскиот писател Сашо Стефановски (1965-2023), на домашната јавност познат под псевдонимот Џанго Помалиот. Беше активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот. Информацијата за неговата смрт ја објави „Окно“ со опис дека Стефановски е автор на најкусата проза објавувана на „Фејсбук“, активен блогер, активист и архивар на […]

Емоциите од првата професионална претстава за лица со оштетен слух ја потврдуваат моќта на театарот


Креативна, инклузивна и уметничка извонредна како и прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, создаде иновативната екипа на претставата „Улаф сте?“, во Центарот за култура – Битола. Оваа претстава ги прикажува борбите во општеството на младите луѓе и фрла […]

МСУ е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз


Музејот на современата уметност – Скопје, како партнерска институција на проектот „Долгорочни културни партнерства за дијалог Западен Балкан – Европа – Култура“, финансиран од програмата Креативна Европа, е дел од првата серија трансдисциплинарни семинари, кој се одржува на 30 јуни и 1 јули во Париз, Франција.  Освен МСУ, останати партнерски институции и организации во проектот […]

Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има


Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“. Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон […]

Почина актерката Емилија Андреева


На 68 годишна возраст, почина актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 година. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска кариера на театарската сцена ги […]

„Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија


Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“/”Behind the haystacks” на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Дебитантскиот игран филм „Зад стоговите сено“ на младата режисерка Асимина Проедроу од Грција постигна исклучителен успех на церемонијата на доделување на наградите […]

„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм


Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави. Како што информираа денеска од продуцентската куќа, кривичната пријава против Петровски е за злоупотреба на службената […]