Изложба на Благој Мицевски на костими инспирирани од кимоно


По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на костимографот и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Отворањето ќе биде на 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14 мај. Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото […]

Ристо Лазаров со нова книга за Кафка по повод 100 годишнината од неговата смрт


На 3 јуни се навршуваат сто години од смртта на Франц Кафка (1883-1924 ), еден од најмаркантните книжевни автори во светот, чијашто слава не бледне, напроотив, уште повеќе сјае и предизвикува голем интерес. Светот годинава со големи почести ја одбележува стогодишнината на знаменитиот чешки писател од светски формат. Издаваштвото ,,Везилка 2011“ се придружува кон одбележувањето […]

Жан Рено го објавува својот прв шпионски роман


Францускиот актер Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“. „Морав да го напишам овој роман – тоа беше предизвик што си го поставив себеси. Отсекогаш сум сакал необични и романтични човечки приказни”, рекол актерот, пренесува Фигаро. Тоа ќе биде приказна за една млада жена која живее мирен живот и […]

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал


Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите. Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ […]

На иранска филмска екипа и било забрането да замине на фестивалот во Кан


 На членовите на филмската екипа на иранскиот режисер Мохамед Расулоф, чиј филм беше избран за натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, им е забрането да ја напуштат земјата, јави Еуроњуз Калчр (Euronews Culture). – Продуцентите на новиот филм на Расулоф „Семето на светата смоква“ беа испрашани откако филмот беше избран за натпреварувачката програма на овогодишниот фестивал […]

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов


На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“.  -Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и […]

Грета Гервик ќе жирира годинава во Кан со славни имиња


Канскиот филмски фестивал ги  објави осумте членови на жирито кои ќе се придружат на претходно најавениот претседавач, режисерката на „Барби“,  Грета Гервиг,  кои ќе одлучуваат за Златната палма и другите клучни награди на 77-то издание кое ќе трае од 14 до 25 мај. Тоа се турската сценаристка и фотографка Ебру Џејлан, американската актерка Лили Гладстон, […]

Распродадено отварањето на Мајските оперски вечери со „Трубадур“ во режија на Иван Поповски


Распродадени се билетите за премиерата на операта „Трубадур “ од Верди, со која на 9. мај во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ), рече денеска на прес,  генералниот директор Васко Ристов. Добро оди и продавањето на билети за репризата на „Трубадур“ на 11 мај кога во екипата ќе има […]

Изложба посветена на примадона Милка Ефтимова за време на 52. Мајски оперски вечери


Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата, премиерно поставена, лани,  во декември, во Музејoт на македонската борба за самостојност, ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, […]

Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора


Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница. Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни […]

Велигденски концерт на НУ „Охридско лето“ со женскиот хор „Менада“


Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ. -Со овој концерт ја заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор […]

Изложба на уметничка фотографија во Битола посветена на Мирко Попов


 Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски. Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола, а е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024). Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано […]

Наташа Поплавска ја режира „Лавина“ во Турски театар


НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска  на 30 април 2024 г. во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.   ЛАВИНА Режија: Наташа Поплавска  Автор: Тунџер Џуџенолу Превод: Џанан Али Сценографија и костимографија: Наташа Поплавска Избор на музика: Ристо […]

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024


    Третиот дел на романот „Солунска 28“, од легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, е најпродаваниот наслов во издание на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024. На најголемата книжевна манифестација, која се одржа од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ се претстави под слоганот „Влези во бајка“. […]

Стериино позорје – повторно драмски предизвик за Народен театар – Битола


Во годината на јубилејот, 80 години од формирањето на првиот македонски театар (Битола, 14 ноември 1944-та година, ден кога прв пат од театарската сцена одекна слободниот македонски збор), битолскиот театар по повеќе од три децении, повторно ќе се натпреварува на фестивалот Стериино позорје. Премиерното учество на ансамблот на НУ Народен театар-Битола на престижната сцена во […]

Унковски: Горан размислуваше понапред од нашето општество и од нашиот народ


Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ „Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас!“ „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ „Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. “ Ова […]

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор


НУ Драмски театар, Скопје (ДТС), денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски,  ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс. Како што се вели во соопштението до медиумите, преку овој чин се оддава почит […]

Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар


На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа премиерно беше изведена претставата „Мац,Мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски. Во неа настапија актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева. Музиката е на Мориц […]

Во Прилеп е отворена изложбата „Пиктограми“


 Изложбата „Пиктограми“ со дела на двете ликовни уметници Светлана Попова и Марија Штерјова беше отворена синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците пред прилепската публика се претставија со 33 дела. Лајтмотивот на изложбата е симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, да се прочитаат и почувствуваат како и универзалноста на […]

Отворена изложба на сликарката Тања Манева во Тирана


Во македонскиот Културно Информативен центар во Тирана, беше отворена изложба на слики од сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“ заедно со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ Додиг од Белград. Во прекрасна атмосфера Татјана се претстави со нови 6 дела, каде можеше да се забележи прекрасна промена во нејзиниот стил. Тиранската […]