Хип-хоп магијата на Мурад Мерзуки го воодушеви Скопје – се славеа два јубилеја


Скопје синоќа го виде ексклузивно танцовиот перформанс „Мозаик“ на славниот француски кореограф со светско реноме Мурад Мерзуки и француската театарска група „Кафиг“ како достојно прославување на два големи културни јубилеја кај нас, 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје ( најстар странски културен институт кај нас)  и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц […]

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на сите музејски работници им го честита Меѓународниот ден на музеите, за кои вели дека се огледало на минатото и на нашето културно наследство. „На 18 мај, Меѓународниот ден на музеите ја нагласуваме нивната заштитничка улога на историјата, културата и македонскиот идентитет. Музеите се инспирација за креативност, истражување и критика, […]

Оперите на Вагнер се долги, ама вреди да се истрае


Скопје вечерва се спрема за најексклузивниот настан на сезоната: за првпат на македонската оперска сцена, Софиската опера и балет ќе прозвучи со творештвото на големиот оперски реформатор Рихард Вагнер, со неговата ‘Валкира’, како дел од она што особено се издвојува од годинашната понуда на 52. Мајски оперски вечери.  Директорот на НОБ, Васо Ристов, на пресот […]

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ на Лидија Димковска во Драмски


Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, во 19.30 часот ќе се одржи Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се […]

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол


Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето , поставува ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит. Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба – од вкупно три – кои ќе бидат отворени за посетителите. Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 […]

Премиера на претставата „Парови“ во Драмски театар Скопје


Премиера на претставата „Парови“ ќе се одржи утре на 18 мај во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноска и и дел од актерската екипа. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и […]

Аплауз од 70 секунди и торта за Зоран Анчевски: Скопје доби нов фестивал за литература и општа култура „Видик“


Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“! Од 16 мај до 16 јуни, нашата метропола ќе пулсира во ритамот на фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, умешно комбинирани и споени во богатата програма на првото издание на настанот што е во организација на „Литература.мк“. Главната […]

Утре бесплатен влез во музејските институции по повод Меѓународниот ден музеите


„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, како што соопшти Министерството за култура, музеите во земјава традиционално овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да […]

Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на МОВ


  Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски […]

Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски


Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски.  Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е […]

Вагнер за прв пат ќе се слушне во Македонија – „Валкира“ со првенци од Софиската опера и балет на МОВ


Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, во сабота, 18 мај, за првпат на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе прозвучи операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер. Операта ќе биде прикажана во рамки на 52 издание на „Мајски оперски вечери“. Според уметнички раководител на операта Орце Ицковски, гостувањето на оваа […]

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје


Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и мисија за промоција и презентација на француската култура, мисла и јазик во земјава, и и влог во културната размена меѓу Северна Македонија и Франција. Иго Бештел, директорот на Францускиот институт, во разговор за МИА говори за значењето на овој голем јубилеј, што ќе […]

„Искра“ – концерт на Филхармонијата со црногорскиот виолинист Роман Симовиќ


Во Филхармонијата вечер во 20 часот ќе се одржи концертот „Искра“, на кој како солист ќе настапи црногорскиот виолинист Роман Симовиќ. Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од рускиот симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри, што му го посветил на Давид Ојстрах. Како што најавија […]

Изложбата на Мирослав Масин – уметност која руши стереотипи (галерија)


Во дворот насликан раритетен автомобил. Не е важно дали вози. Внатре насликани пијана. Не е важно дали се свири на нив. Поентата на уметникот Мирослав Масин (1963, Скопје) е доловена. Уметност која руши стереотипи, која не следи трендови туку воспоставува трендови, која не е здодевна, туку авангардна, која ги слави човекот, природата и животот. Уште […]

Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија. Во рамките на Самитот се одржа и 71. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ кажа дека Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на […]

Осудениот ирански режисер Расулоф пребегна во Европа пред премиерата во Кан


Кан– Иранскиот режисер Мохамед Расулоф, кој во својата земја беше осуден на осум години затвор, изјави дека пребегнал во Европа во пресрет на премиерата на неговиот нов филм на Канскиот фестивал. „Пристигнав во Европа пред неколку дена по долго и комплицирано патување“, кажа Расулоф. Минатата недела, неговиот адвокат Бабак Пакнија изјави дека режисерот е осуден […]

Почина Алис Манро, мајстор за современи раскази, добитничка на Нобеловата награда за литература


 Алис Манро, добитничка на Нобеловата награда за литература, која е најпозната по мајсторството да пишува раскази и прикажување на женственоста во руралните средини, почина во Онтарио, Канада, на 92-годишна возраст. Портпаролката на нејзиниот издавач, Penguin Random House, ја потврди веста за CNN „со голема тага“. Родена во 1931 година во Вингам (Онтарио), Манро пораснала во, […]

Балетот „Заспаната убавица“ на фестивалот „Мајски оперски вечери“


На 52. „Мајски оперски вечери“ вечер од 20 часот на програмата е класичниот балет „Заспаната убавица“ на музика од Петар Илич Чајковски. Диригент на претставата е Најер Нагуи – главен диригент на оркестарот на Операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф – неговата сонародничка Тетјана Белецка, а сценограф и костимограф на балетот […]

Започнува меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“


Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, започнува вечер во 19 часот во Младинскиот културен центар во Скопје и ќе трае до 18. месецов.  Во фокусот на „Литера“ оваа година ќе биде Република Турција, од каде гостуваат тројца илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и авторката на книги за […]

Трибина „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност” на Филолошки факултет


Во четврток, 16 мај, во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3) во Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“. Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се […]