Теракотните икони од Виничко кале по Англија и Шпанија на изложба во Вински музеј Кавадарци


Теракотните икони од Виничко кале по претставувањето во Англија и Шпанија, доаѓаат на изложба во Вински музеј Кавадарци, информираше денеска Весела Честоева, директорка на кавадаречката културна институција. Таа подвлече дека станува збор за археолошки предмети, што се дел од културното богатство на Македонија и како такви, имаат непроценливо значење. – Подготовките се во полн ек, …

Теракотните икони од Виничко кале по Англија и Шпанија на изложба во Вински музеј Кавадарци Read More »

„Гушни ги саканите со добра книга“ – специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените


Под слоганот „Гушни ги саканите со добра книга“, издавачката куќа „Топер“ го објавува својот специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените. Почнува кампања со широка палета наслови, сите достапни по намалени цени. Специјалната понуда е можност за секој читател да пронајде и избере совршен подарок за својата љубов или, пак, да си подари …

„Гушни ги саканите со добра книга“ – специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените Read More »

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен за Денот на љубовта и виното


14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен. Концертот на кој ќе бидат изведени …

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен за Денот на љубовта и виното Read More »

„Се’ уште можам нешто да сторам“ – промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска


Утревечер (четврток) во Салонот 19.19 при КИЦ, во 19ч,19м, ќе се одржи промоцијата на новиот роман „Се’ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Низ разговор со новинарот Васко Попетревски, писателката ќе проговори за процесот низ кој помина додека го создаваше нејзиниот петти роман, кој наиде на добар прием кај …

„Се’ уште можам нешто да сторам“ – промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска Read More »

Операта „Палјачи“ во НOБ


Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало вечер во 20 часот ќе биде изведена во Националната опера и балет. „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев.  Ќе настапи домашна солистичка екипа. Во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда …

Операта „Палјачи“ во НOБ Read More »

Гледајте Mezzo, ако мозокот ви е уморен


  Класичната музика, операта, балетот, џез-музиката, повторно се во фокусот на вниманието и стануваат „мејнстрим“ во многу светски земји, па дури и во оние коишто не ги негуваат овие музички изрази во својата традиција. Според најновите истражувања на светските ТВ продукции, најзаслужен за овој „тренд“ (иако за класичната музика не е соодветен овој термин) е …

Гледајте Mezzo, ако мозокот ви е уморен Read More »

Сакаме Прилеп да биде град на театарот: Ана Стојаноска оствари средба со Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Истакнувајќи дека од минатата година …

Сакаме Прилеп да биде град на театарот: Ана Стојаноска оствари средба со Пендаровски Read More »

Драмски театар со „Фирма“ гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Љубљана


Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во среда на 7 февруари во Словенија. Во Љубљана од 2 до 7 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува третото словенечко издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Претставата „Фирма“ на режисерката Нела Витошевиќ е работена според Push up 1-3 од Роланд Шимелфенинг. Драматург е Викторија Рангелова …

Драмски театар со „Фирма“ гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Љубљана Read More »

Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“


Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 февруари. Попустите важат и за книгите кои се достапни на е-продавницата www.literatura.mk. Во акцијата се вклучени илјадници книги од голем број македонски издавачки куќи: изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, …

Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“ Read More »

Кампања „Радио седмица на македонистиката“ при УКИМ


Од 5 до 11 февруари 2024 се одржува кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери. Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по …

Кампања „Радио седмица на македонистиката“ при УКИМ Read More »

„Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу


Самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу со наслов „Простор“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „ОСТЕН“, во Скопје. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте. „Простор“, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност …

„Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу Read More »

Славе Ѓорѓо Димоски: Моето литературно зреење е врзано за Прличев


Наградата што го носи името на Григор Прличев е за мене исклучително значајна оттаму што моето литературно зреење е врзано за Прличев. Уште како ученик од четврто, петто одделение ја прочитав прличевата „Автобиографија“ и оттогаш сум цврсто врзан со Прличев, изјави денеска Славе Ѓорѓо Димоски, годинешниот лауреат на наградата за најдобра поема што го носи …

Славе Ѓорѓо Димоски: Моето литературно зреење е врзано за Прличев Read More »

Легендарната Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих гостува во Филхармонија


Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих ќе гостува на 3 март на сцената на Македонската филхармонија со претставата „Марлена“. Претставата е во продукција на Народно позориште Сараево, а режисер е Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа. – Уметноста не може да биде удобна …

Легендарната Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих гостува во Филхармонија Read More »

МСУ слави 60 години од основањето со ретко дело „Доблест во нужност“ на Барукело


Музејот на современа уметност, викендов, на 10 февруари, слави 60 години од основањето. Во таа чест, после 35 години,  ќе биде изложено делото „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). Ексклузивното изложување на делото, како што велат од МСУ, е во чест на одбележувањето на 60 години од основањето на 11 …

МСУ слави 60 години од основањето со ретко дело „Доблест во нужност“ на Барукело Read More »

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во њујоршка МоМА


Музејот на модерната уметност во Њујорк (МоМА) ја објави својата престижна програма „Док фортнајт 2024“, а еден од само тринаесетте селектирани долгометражни филмови е и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. МоМА ја претставува селекцијата како програма од најдобрите филмови реализирани минатата година, кои ќе бидат прикажани за првпат во Северна Америка, вклучувајќи и филмови …

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во њујоршка МоМА Read More »

Со мурал и музички хитови одбележан роденденот на маестро Џамбазов


Со промоција на муралот посветен на маестро Александар Џамбазов во Дебар Маало и со изведба на неговите познати хитови, Општина Центар го одбележа роденденот на великанот на македонската популарна музика. Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и …

Со мурал и музички хитови одбележан роденденот на маестро Џамбазов Read More »

Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“


На 3 февруари (сабота), со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова …

Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ Read More »

Книгата „Мојот маж“ на Румена Бужаровска промовирана во Буенос Аирес


Македонската авторка Румена Бужаровска на 31 јануари, во Буенос Аирес, Аргентина, го претстави шпанското издание на „Мојот маж“ (објавено од страна на шпанската издавачка куќа Impedimenta, во превод на Красимир Тасев). Промоцијата се одржа во книжарницата Dain Usina Cultural пред бројна публика. Со Бужаровска разговараше знаменитата новинарка, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 …

Книгата „Мојот маж“ на Румена Бужаровска промовирана во Буенос Аирес Read More »

Манчевски: Се менуваме и како луѓе, и како уметници


„Се менуваме и како луѓе, и како уметници“, вели режисерот Милчо Манчевски, одговарајќи на прашање на МИА дали во есеите содржани во неговата нова книга „Манчевски: Пет есеи“ има разлика во неговите размислувања, имајќи предвид дека се пишувани во голем временски период. – И да, и не. На пример, најстариот есеј кој е пишуван пред …

Манчевски: Се менуваме и како луѓе, и како уметници Read More »

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање детски филм


Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување.  На овој Kонкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: “Снешко”, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на Дрим …

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање детски филм Read More »