Гледајте Mezzo, ако мозокот ви е уморен


 

Класичната музика, операта, балетот, џез-музиката, повторно се во фокусот на вниманието и стануваат „мејнстрим“ во многу светски земји, па дури и во оние коишто не ги негуваат овие музички изрази во својата традиција. Според најновите истражувања на светските ТВ продукции, најзаслужен за овој „тренд“ (иако за класичната музика не е соодветен овој термин) е фантастичниот канал Mezzo, заедно со Mezzo Live HD, достапни и кај нас, на некои оператори веќе подолго време, а некои од неодамна ги дистрибуираа и во земјите од Централна и Источна Европа.

Последните податоци велат дека во изминативе пет години порастот на претплатниците на овие канали е 200 отсто, што е уште еден доказ дека класичната музика е во фокусот на вниманието, дека зазема огромен простор на културната мапа во Европа и во светот, и дури дека постои можност да ги надвладее останатите музички жанрови, пишува Тина Иванова за „Фронтлајн“

Таа вели дека дека појавата на Mezzo ја промени перцепцијата за музиката и за културата воопшто и кај оние на кои класичната музика им беше некакво страно тело, кај оние кои од непознавање имаа страв да и се приближат и да навлезат во нејзината филозофија и естетска рамка, само поради неукост. Во многу земји, вклучувајќи ја и нашата, најголемата вина за тотална неинформираност и незаинтересираност за класичната музика ја имаат образовниот систем и медиумите, кои ја сврстуваат, едните како изборен и небитен „предмет“, вторите како последна алка и сосема бенигна во делот од информирањето.

Линк до целиот текст овде.