Али Синани разрешен од Националната галерија по инспекциски надзор, Нарона Весели назначена за в. д. директорка


Директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, е разрешен од функцијата откако вонреден инспекциски надзор утврдил повеќе незаконитости и неправилности во работењето на институцијата. . Како дополнителна причина се наведува и нереализирање на дел од годишната програма на Националната галерија за 2026 година. За вршителка на должноста директорка е назначена Нарона Весели, која е […]

„Млади за млади“ – концерт на Леона Кондратенко и Фатима Алиева во Филхармонија


 Во рамки на концертниот циклус „Млади за млади“, Музичка младина на Македонија организира концерт на младите музичарки Леона Кондратенко – виола и Фатима Алиева – пијано, кој ќе се одржи на 28 септември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија. Концертот е дел од соработката помеѓу Музичка младина на […]

Започнува 12. Фестивал на европската литература „Букстар“ во Скопје


Дванаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ започнува денеска и ќе трае до 30 септември во Скопје, под мотото „Чуму слободата?“.  Како што соопштуваат од Антолог, во тридневната програма се најавени средби со странски и македонски автори, книжевни читања, разговори, поткасти и дебати. Годинашното издание ги отвора прашањата за слободата, личната и колективната меморија, […]

„Насмеани капки“ од Тарапуза во „Матица македонска“: Стихови што се паметат со насмевка


  Новото издание на „Насмеани капки“ од Стојан Тарапуза е достапно во книжарниците на „Матица македонска“. Објавена од „Панили“, оваа препознатлива книга од македонската поезија за деца и од лектирниот избор за најмладите читатели повторно го отвора светот на поетот кај кого и најмалото нешто може да стане големо откритие. Звучна, разиграна и полна со […]

Златна „Камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“ за кинематограферот Лукас Жал од Полска


Светски познатиот кинематографер од Полска, Лукас Жал е годинaшен добитник на златна „Камера 300“, највисоко признание што го доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Лукас Жал е кинематографер во филмот „Татковина“, копродукциски полско-ителијански, германски и француски филм, кој се фокусира на односот меѓу писателот и добитник на Нобеловата награда Томас Ман и неговата ќерка Ерика, актерка, писателка […]

Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на затворање на ИФФК „Браќа Манаки“


Со македонска примиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, во кое кинематографер е Дејан Димески, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“. Станува збор за политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот […]

Битолскиот театар вечер ќе настапи на фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“ во Саранда, Албанија


Ансамблот на НУ Народен театар Битола, вечер ќе настапи на фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“ кој се одржува во истоимениот антички театар,  во Саранда, Албанија. Битолските актери ќе ја изведат претставата „Кориолан“ во режија на Џон Блондел, која македонска премиера имаше на годинешното „Охридско лето“, додека светската премиера беше изведена на „Шекспир фринџ фестивал“  во […]

„Болва в уво“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово


Претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов денеска ќе биде изведена во рамки на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Претставата на Драмски театар Скопје ќе се игра со почеток во 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Фестивалот се одржува […]

Последна вечер на Скопски градски фестивал со концерт на Васко Атанасовски од Словенија заедно со гудачкиот состав Полифонија од Македонија


Со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, вечерва ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал. По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори. Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, […]

Во Македонскиот КИЦ – Софија концерт на мешовитиот хор на Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола


Концерт на мешовитиот хор на Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола ќе се одржи денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој, како што наведе во најавата денеска и утре ќе биде домаќин на два значајни културни настани, кои преку музиката и јазикот, ќе го претстават богатството, континуитетот и живоста на македонската културна традиција. -Два […]

Во Велес фестивал на џез, world и современа музика – пет години музика, уметност и културна размена


Од 25 до 27 септември во Велес ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на Џез, world и современа музика, којшто годинава одбележува свој мини-јубилеј – пет години исполнети со музика, уметност, ентузијазам, нови средби и културна размена. Фестивалот започна со едноставна, но важна идеја – уметноста да не биде концентрирана само во метрополите и […]

Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!


Светот ќе зборува за ова, Битола беше центарот каде што филмската уметност се судри со чистиот рок. Битола денеска сведочеше на  историски момент каков што светот досега нема видено, а му се случи токму на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Учесниците и гостите на 47. издание на фестивалот беа сведоци на вистински медиумски […]

Почнува новиот фестивал за еко култура и креативен активизам ФЛУДО


Првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко култура и креативен активизам започнува денеска (четврток 24 септември) и ќе трае до сабота (26 септември). Сите програми ќе се одржуваат во Сули – ан во Скопје. Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започна со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните […]

Претпремиератa на „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва во МНТ


Претпремиератa на претставата „Три сестри“, по мотиви на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар, а премиерата е закажана за утре, 25 септември. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од […]

Македонскиот писател Стефан Марковски со книжевен настап на „Paris Lit Up“ во Париз


Македонскиот писател и истражувач на литературата, Стефан Марковски, ќе настапи на книжевната вечер „Paris Lit Up“, која од 2012 година се одржува во историскиот бар „Култур Рапид“ во Париз. Како што информираат од „МК Современост“, Марковски ќе чита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, во кој се застапени песни од неговите поетски книги […]

„Невозможните нешта“ тема на 14. издание на фестивалот „Џифони Македонија“


Под мотото „Невозможните нешта“, од денеска до 29 септември во Скопје ќе се одржи 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“, кое годинава ќе понуди повеќе од 80 филмови, осум работилници и учество на над 400 млади и гости од неколку европски земји. Организаторите информираат дека фестивалската тема ги отвора прашањата за границите на […]

За 35 години „Матица македонска“ објавена „Книгата сведок“ од Веле Смилевски


 Две наградени поетски дела на Веле Смилевски се обединети во новата „Книгата сведок“, објавена од „Матица македонска“ по повод 35 години од нејзиното постоење. Во нова композициска целина се „Забранета книга“, за која Смилевски ја доби наградата „Браќа Миладиновци“, и поемата „Век за самување“, наградена со „Григор Прличев“. Како што наведува „Матица македонска“, со обединувањето […]

Одбележување на 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе ја одблежи 20-годишнината од смртта на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски, кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во нашето колективно паметење.  Петре М. Андреевски еден од најзначајните автори во современата македонска книжевност не пишуваше само за своето време. […]

Ретроспективна изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“ утре во Музејот на современата уметност во Скопје


Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, денеска ќе биде отворена ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“, посветена на четири децении од уметничката практика на еден од најавтентичните автори на македонската современа ликовна сцена. Како што соопштуваат од МСУ, куратори на изложбата се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, а координатор на проектот е […]

Средба со грчкиот поет Сотирис Минас во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје


Грчкиот поет Сотирис Минас денеска повторно ќе оствари средба со читателите во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопштуваат од издавачката куќа „Матица македонска“, настанот се организира поради големиот интерес по промоцијата на неговата поетска збирка „Раскинување на договорот“. Средбата претставува можност за читателите лично да поразговараат со […]