Во Солун на македонски за Рацин, Шопов, Конески, Тодоровски…


  Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат рабoтите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета. И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели […]

„Меѓу срцето и умот“ – концерт со врвната виолинистка Алена Баева во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи врвната виолинистка Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и Симфонијата бр.8 од Дмитри Шостакович. […]

Изложба „Патување низ боите“ за 30 години творештво на Башким Меџити


Во Чифте амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата  „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“ на ликовниот уметник и професор Башким Меџити. Сликарскиот опус ќе биде претставен со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил на платно. -Творечкото патување на Меџити се одвива низ неколку циклуси, од најраната младост, дипломирањето на […]

Иван Додовски избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“


Mакедонскиот писател, критичар и научник Иван Додовски е избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Оваа меѓународна организација опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата е да ги поттикне преводот и изведувањето на современи драмски […]

„Простување“ – нов роман на Кица Колбе


Книгоиздателството „Или-Или“ го објави новиот роман „Простување“ од наградуванаta писателка Кица Колбе. По романите „Земја на бегалци“, кој доживеа и второ издание, потоа, „Витезот и Византијката“, како и дополнетото реиздание на „Жените Гаврилови“, Колбе им „подарува“ нов ракопис на верните читатели. „Сите пребрзо ја забораваат војната. Затоа се повторува“ е поднасловот на книгата во која […]

Во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена на македонскиот јазик и литература


Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, вели за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски […]

„Белото циганче“ на Видое Подгорец: Како да се слуша некое далечно ехо на Андерсеновиот стил на (рас)кажување


 Видое Подгорец со приказната за белото Циганче со првообјава во 1966 година е пред времето кое почнува да ги актуализира темите што ја поттикнуваат свеста токму за маргинализираноста на луѓето и посебно на децата. Подгорец преку емотивната слика на малиот Таруно, но и со приказните за слепиот Рапуш и за црвеното ждребе на Белка, го […]

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2025 година. Право на учество имаат романите кои првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по […]

„Бубачки“ на Игор Иванов Изи во Кинотека во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови


Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат филмови кои ја обележаа историјата на македонската кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие филмови, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, […]

Промоција на антологијата „Нов духовен мост“ во Нови Сад


Во рамки на „Неделата на новосадските писатели” вечер во Клубот на писателите во Нови Сад, ќе се одржи манифестацијата „Нов духовен мост: Нови Сад–Скопје”. Притоа, ќе биде промовирана антологијата со поезија на српски и македонски поети насловена „Нов духовен мост Нови Сад–Скопје”, која е објавена двојазично на српски и македонски јазик. Издавач на антологијата е […]

Премиера на претставата „Слепци“ на Турскиот театар


НУ Турски Театар вечер во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Слепци“ според истоименото дело од Морис Метерлинг и книгата „Погубни идентитети” од Амин Малуф.  Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, а ќе има и титл на македонски јазик Режијата на претставата е на Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а […]

„Замисли нов свет“ нова премиера во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски


 „Замисли нов свет“ е новата премиера на Македонскиот народен театар (МНТ) во режија на Нела Витошевиќ која ќе биде изведена на 16 и 17 декември. Претставата претставува колаж од сцени од седум драми на Горан Стефановски – „Црна дупка“, „Лет во место“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво месо“, „Сега му е мајката’ „Тетовирани души“, „Кула […]

Премиера на „Слепци“ на 13 декември во Турски театар


НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ СЛЕПЦИ“ според ,,Слепци” од Морис Метерлинг и  книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф на 13.12.2024 г. во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија. Претставата се изведува со титл на македонски јазик. Режија: Ќендрим Ријани Музика: Емрах Џемаили Костими: Медина Хоџа и […]

Голем успех за македонскиот филм – „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски на „Санденс“


Голем успех за македонскиот филм – дебитантскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ ќе ја има својата премиера на фестивалот на независниот филм „Санденс“  кон крајот на јануари в година. Филмот ќе биде прикажан како дел од главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema, каде и ќе го започне својот живот. – Сакам длабоко да им […]

Тимот на „Браќа Манаки“ си ги бара хонорарите, нема кој да ги исплати оти Агенцијата за филм нема директор


Тимот кој годинава работеше на организација и реализација на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, денеска преку отворено писмо до Министерството за култура, Агенцијата за филм и Владата, побараа итно да им се исплатат парите за нивниот ангажман. Даниела Станковска Плачковска, в.д. директорката на Агенцијата за филм, пред неколку […]

Концерт на барокниот ансамбл „Театро ала мода“


Ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија вечер со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонија. Во ансамблот свири македонската чембалистка Цветанка Созовска, Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). На програмата се дела Букстехуде, Телеман, Ј. С. Бах, Ж. Мари-Леклер, Форкере […]

Американците ќе го реставрираат и Аквадуктот со грант од 200 илјади долари


Со поддршка од Амбасадорскиот фонд на САД ќе почне реставрацијата и конзервацијата на неколку точки на Скопскиот Аквадукт во Визбегово. Ќе се започне со работа на осум точки на Аквадуктот, а одговорен за проектот е Конзерваторскиот центар Скопје. Амбасадорскиот фонд на САД за овој проект има обезбедено грант од 200 илјади долари. Министерот за култура […]

Агелер во Кочани: Споменикот на слободата од Чемерски и Раѓеновиќ реставриран со американски грант од 245 илјада долари


Заврши проектот за конзервација и реставрација на Споменикот на слободата во Општина Кочани. Во делот на овој проект, Aмбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство има обезбедено грант од 245 илјада долари. Носител на грантот е Општина Кочани, а во делот на стручниот надзор, професионалните работи ги вршел Завод и заштита на спомениците на културата […]

„Лучија од Ламермур“ на сцената на НОБ со Ана Дурловски


На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од италијанскиот композитор Гаетано Доницети. Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстор […]

Емилија Потевска – Попивода на местото на Ориѓански во КИЦ во Тирана


Вршителот на должноста македонски амбасадор Луфтим Спахиу денеска оствари средба со новоименуваната директорка на Културно-информативниот центар во Тирана, Емилија Потевска-Попивода.  – Имавме срдечна средба со Потевска-Попивода, со која разговаравме, меѓу другото и за активности на КИЦ. Таа е прекрасна личност и голем уметник, од која очекуваме многу  настани. Од мое и од име на вработените […]