Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски во КИЦ – Софија


На 20 декември, од 18:00 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи настанот „Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски“ со проф. д-р Кристина Николовска.   Реномираната литературна теоретичарка, критичарка, писателка и промоторка на македонската култура и македонистиката, проф. д-р Кристина Николовска на 20 декември (петок) во Македонскиот […]

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ во НOB


Во Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставите e гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а сценограф е Андреј Злобин. Под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина, додека концерт-мајстор е Климент […]

„Дом во тишина“ – објавена првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик


По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“. Новата публикација, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на […]

Дигитализацијата на културното наследство е основа за заштита и промоција на нашата култура и идентитет


Во Управата за заштита на културното наследство пуштен е во употреба Софтвер за водење заштитни евиденции и Националниот регистар на културното наследство во земјава што ќе овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство со примена на иновации. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќањето на прес-конференција по тој повод истакна дека со […]

Вероника Бучковска e новата в.д. директорка на Агенцијата за филм


Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 г. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата. Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм од 2011 година, задолжена за промоција на […]

Прес-конференција на Љутков и Честоева за Софтверот за заштитни евиденции и Националниот Регистар на културното наследство (во живо)


Прес-конференција на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева по повод пуштање во употреба на Софтверот за заштитни евиденции и Националниот Регистар на културното наследство.

Иван Поповски прогласен за најдобар режисер во Русија според публиката


Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, кој над 3 децении живееше и работеше во Русија, а последниве години живее во Македонија, а работи во Москва, ја доби наградата Ѕвезда на публиката, во категоријата Најдобар режисер за изминатата сезона. Публиката го награди Поповски за претставата „Обично чудо“ во реномираниот Театар Вахтангов во Москва.  Победниците за 2024 година […]

„Меѓу срцето и умот“ со виолинистката Алена Баева во Филхармонија


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи врвната виолинистка Алена Баева од Луксембург. Како што информираат од Македонската филхармонија диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и […]

Балетанот Полунин  кој го истетовира Путин вели дека ја напушта Русија


Поранешната ѕвезда на Кралскиот балет Сергеј Полунин, познат по тетоважите на рускиот претседател Владимир Путин, во средата објави дека планира да ја напушти Русија. Украинско-рускиот балетан беше една од најистакнатите ѕвезди кои ја поддржаа руската анексија на Крим во 2014 година и воената офанзива во Украина. Беше награден со престижни државни функции. Полунин во порака […]

Фондот „Еуроимаж“ чекор поблизу за финансирање телевизиски серии во земјава


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го потпиша Договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. „Со задоволство објавувам дека денес го потпишав договорот со ’Еуроимаж‘ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година! […]

ДПМ со пет нови членови


Друштвото на писателите на Македонија во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски. Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. […]

Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024


 Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е  зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители.  Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на изведени претстави во професионалните театри за деца и млади во 2023/2024 е зголемен за […]

Актерот Осман Али е новиот в.д. директор на Турскиот тетар


Со одлука на Министерството за култура, Осман Али е назначен за нов в.д. директор на Турскиот театар во Скопје. Тој седна во директорската фотелја од крајот на септември, на местото на Ајлин Емин Скоро , која раководеше со Турскиот театар од 2022 година. Али доаѓа на оваа позиција како актер во Турскиот театар. 

Државниот врв и дипломатскиот кор на предновогодишниот концерт на оркестарот на Армијата


Вечерва во Македонската филхармонија во Скопје, во 20 , 30 часот, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, ќе се одржи предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД. На концертот, кој оваа година се изведува под мотото „Заедно посилни во […]

Промоција на поетската збирка „Бистрица Миркуловска Ин мемориам“


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денескаво 11 часот ќе биде промовирана поетската збирка  „Бистрица Миркуловска Ин мемориам“ во издание на Здружението на просветни работници – литературни творци на Македонија. Книгата содржи поетски и прозни творби на 27 автори посветени на покојната професорка Бистрица Миркуловска, еминентна писателка за деца, младинци и возрасни, општествено-хуманитарен […]

„Темната страна на Римската историја“ – Скупи во центарот на изложбата во Франкфурт


Во Археолошкиот музеј во Франкфурт вечерва ќе биде отворена нашата изложба насловена „Темната страна на Римската историја“. Изложбата е приказ на масовната гробница откриена во Скупи, еден од најважните римски градови на Балканот. Како што јави известувачот за МИА од Франкфурт, изложбата беше подготвена од страна на покојната Ленче Јованова, а сега куратор е археологот […]

Новата зграда на Турскиот театар во Скопје продолжува со градежните зафати


По застојот со јавната набавка за внатрешните инсталации, а тоа се механика, електрика, машинство и водовод и канализација, уште од април, градежните зафати и уредувањето на ентериерот на новата зграда на Турскиот театар во Скопје, може да продолжат, рече денес, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на прес-конфереција во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање. […]

Со впишувањето во УНЕСКО, македонската гајда, добива на својата видливост на светската сцена


„Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, со што, македонската гајда, официјално е на светската културна мапа, заедно со „Чет’рсе”, „Копачката”, „Гласоечкото пееье”, „Х’дрлез” и „Мартинките”, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска на прес-конференција заедно со […]

Премиера на „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски


На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, од 20 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Претставата обработува безвременски теми од нашата заедница, испреплетени една низ друга и раскажани преку добро познатите ликови од драмите на Стефановски.  […]

Кинотека го дигитализира Мис Стон на Жика Митровиќ од 1958 година


Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот Мис Стон по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ што го организира Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes). Кинотеката сооопшти дека по успешните дигитализации на филмовите Мирно лето (1961), Фросина (1952), Мементо (1967) и реставрираните етнолошки филмови […]