Вечерва на „Скопско лето“ концерт на црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ


Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во Музеј на македонската борба првпат пред македонската публика концерт ќе одржи црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ (Црна Гора/Велика Британија).  – Во зборовите на проф. Гордон Фергус Томпсон од RCM-Royal College of Music, Шишевиќ „е еден талентиран пијанист чија дисциплина и посветеност се втемелени. Тој …

Вечерва на „Скопско лето“ концерт на црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ Read More »

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо


Четиринаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за Шпанската вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано придружба на нашиот Андреја Наунов. Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуеланскиот град Баркисимето,  студент во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од …

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо Read More »

Изложба на ретки фотографии од семејни прослави од минатиот век на браќата Манаки


НУ Центар за култура и битолскиот Архив, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовираа ретки фотографии од семејни прослави, свадби, крштевки, народни собири, селски слави и други настани од минатиот век снимени со камерата на браќата Манаки. Камерата на неуморните трагачи по уникатен кадар, браќата Манаки, биле сведоци на многу од овие збиднувања, почнувајќи од …

Изложба на ретки фотографии од семејни прослави од минатиот век на браќата Манаки Read More »

Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“


На 25 јули (четврток),  во 20 часот,  во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски …

Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ Read More »

Вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура, најавува Љутков


Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната …

Вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура, најавува Љутков Read More »

Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер – Палурович


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди интересна содржина со концертот на Доминик Вагнер на контрабас и Софија Палурович на пијано. Маестро Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера …

Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер – Палурович Read More »

„Етно Македонија 24“ на програмата на Скопско лето


о рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечер во „Сули ан“ ќе се одржи концерт на Музичка младина на Македонија во соработка со Меѓународна музичка младина (Jeunesses Musicales International) кој ќе претставува завршен концерт од кампот „Етно Македонија 24“. -„Етно“ е програма на Меѓународна музичка младина (JM International) за народна, светска и …

„Етно Македонија 24“ на програмата на Скопско лето Read More »

„Галеб“- Антибајка  за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат


Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“  од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов. Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин …

„Галеб“- Антибајка  за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат Read More »

Љутков : Ревизорските извештаи за Агенцијата за филм се готови и ќе бидат упатени до надлежните институции


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во интервју за МИА информира дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството …

Љутков : Ревизорските извештаи за Агенцијата за филм се готови и ќе бидат упатени до надлежните институции Read More »

Македонија годинава нема да има кандидат за Оскар, еве зошто


Македонија годинава нема да има кандидат за Оскар, во категоријата најдобра странски филм, соопшти денес Друштвото на филмските работници (ДФРМ). Причината е едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.  Во соопштението до јавноста,  ДФРМ вели дека „она на што Друштвото на …

Македонија годинава нема да има кандидат за Оскар, еве зошто Read More »

„Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“


По саемското објавување во мај оваа година, „Господ, па Америка“ ја освои читателската публика со своите „нешто повеќе од есеи“, како што ги нарече нејзиниот промотор Ивор Мицковски. По три месеци, на полиците на ТРИ пристигна второто издание на оваа извонредна книга, што е уште еден доказ за ерудицијата, чувствителноста и можноста на книжевноста да …

„Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ Read More »

Холандскиот филм „Млеко“ победник на седмото издание на „Beach film festival Ohrid 2024“


Холандската драма „Млеко“ на режисерката Стефани Колк ја освои наградата „Голем бран“ за најдобар филм на 7-то издание на Фестивалот на филмот на плажа „Beach film festival“ што се одржа во Охрид Хрватскиот филм „Пеликан“ на Филип Хераковиќ доби Специјално признание во официјалната конкуренција. Наградата „Мал бран“ за краток филм ја доби литванскиот „Како да …

Холандскиот филм „Млеко“ победник на седмото издание на „Beach film festival Ohrid 2024“ Read More »

Музичка вечер на „Охридско лето“ со нашите пијанистки Ѓошевска и Мицовска


Програмата на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашето пијано дуо – Марија Ѓошевска и Славица Мицовска. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог …

Музичка вечер на „Охридско лето“ со нашите пијанистки Ѓошевска и Мицовска Read More »

Комедијата „Веселинови“ на „Скопско лето“


Во рамки на 45-та јубилејна манифестација „Скопско лето“, вечер во Сули ан ќе биде изведена комедијата „Веселинови“ во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ – Штип. Во претствата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли во улогата на Веселко.  Како што информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, претставата …

Комедијата „Веселинови“ на „Скопско лето“ Read More »

„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности


Во организација на Културниот центар „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, од денеска до 1 август во главниот град ќе се одржува „Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности. „Скопје вибрира“ е повеќедневен настан, лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“, и покрај поп ап изложбата ќе понуди …

„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности Read More »

Имери и Сузуки со прва соработка на „Охридско лето“: Репертоарот разновиден, за публиката интересен


Реномираните уметници, српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ  и македонскиот пијанист Дино Имери, испреплетувајќи ги своите музички сензибилитети, вчеравечер беа вистинско уживање на публиката на 64. „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“, Имери и Ѓорѓевиќ изведоа специјално креиран репертоар за оваа фестивалска вечер.  Челистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки се враќа на концертниот подиум на „Охридско лето“ по речиси …

Имери и Сузуки со прва соработка на „Охридско лето“: Репертоарот разновиден, за публиката интересен Read More »

„За нас почнува живот“ на Драмски во Вевчани


Во рамките на „Вевчанско лето“ 2024 в среда, во дворот на детската градинка „Планински цвет“ ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Претставата, како што соопшти Драмски театар, е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро. Режијата и драматизацијата се на Дејан …

„За нас почнува живот“ на Драмски во Вевчани Read More »

Охрид е спиритуално место за „Галеб“ на Чехов, вели режисерката Багријана Попов од Австралија


Народниот театар од Битола вечерва во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ ќе се претстави со премиерната изведба на претставата „Галеб“ на Антон Павлович Чехов, во режисерска поставка на Багријана Попов. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата, драмата што Чехов самиот ја нарекува комедија, носи и порака за кршливоста на …

Охрид е спиритуално место за „Галеб“ на Чехов, вели режисерката Багријана Попов од Австралија Read More »

Голем интерес на младите за учества на работилници на филмски фестивали


Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“.  Како што информираат од Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, на повикот биле пријавени 40 младинци од кои …

Голем интерес на младите за учества на работилници на филмски фестивали Read More »

Режисерот Антонио Митрикески лауреат на наградата „Астер“


Лауреат на наградата „Астер“ на годинешниот 19. „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески. Одлуката ја соопштија денеска од „Астерфест“, а во неа стои дека исклучителната филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус на Антонио Митрикески заземаат посебно место во македонската, балканската и европската кинематографија. Покрај Милчо Манчевски и Митко Панов, Митрикески …

Режисерот Антонио Митрикески лауреат на наградата „Астер“ Read More »