Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Пласидо Доминго (во живо)
Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Пласидо Доминго. Проследете ја во живо:
Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Пласидо Доминго. Проследете ја во живо:
Неодамна, книгоиздавателството „Панили“ го објави романот „Во длабочината на моите рани“ од младата македонска авторка Благица Каревска. Ова е роман со потресна приказна што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата. Како спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер, овој роман не е само поигрување со жанрот, туку и […]
Во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, вечерва ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа различни музички жанрови, а е […]
По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет. На конференцијата за медиумите ќе присуствуваат министер за култура и туризам Зоран Љутков, Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет и Кристијан Стефановски, претставникот од „Прагма продукција“. […]
Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечерва ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф […]
Издавачката куќа Или-Или во едицијата ПРОаЗА денес ги објави романите Смртта на девојчето со кибритчињата и Додека ја преминуваш реката на еден од најпопуларните и наградувани современи хрватски писатели, Зоран Фериќ. И двата романа се во превод на Владимир Јанковски. Смртта на девојчето со кибритчињата е првиот роман на Зоран Фериќ, објавен во Хрватска во 2002 година по неколкуте успешни […]
Факултетот за ликовни уметности – Скопје во соработка со Универзитетот на Западна Атика (UNIWA) од Атина, организира тридневна работилница насловена „Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“. Работилницата се одржува во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Работилницата е наменета за студентите на Факултетот […]
На 82 година вчера почина поетот и културен работник, Благој Самоников. Роден на 7 март 1942 во Штип, тој е автор на повеќе поетски книги: „Големиот град“ (1982), „Погрешна претстава“ (1986), „Сомотска пустина“ (1993), „Книга без посвета“ (1999) „Патување за Итака“ (2005), „Вистини без искуство“ (2007), „Неизносена ведрина“ (2010), „Неприпитомена надеж“ (2012), „Отворена книга“ (2014), […]
По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна […]
На 25 февруари, во „Паблик рум“, во 19 часот, ќе се одржи ТРИбина за комуникациски вештини по принципите на Дејл Карнеги, под менторство на комуникацискиот консултант Борче Николовски. Вештините за (професионално) напредување преку комуникација имаат главно место во принципите на Дејл Карнеги, пионер во областа на самонапредувањето и меѓучовечките односи, а се потврдени од многу […]
Агенцијата за продажба на права „Филмс бутик“ од Берлин ги продаде правата за диструбуција на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски во повеќе земји, објави „Вараети“. Филмот минатиот месец имаше светска премиера на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, каде освои две награди: наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната […]
„Ифигенија за ништо“ е насловот на првата претстава што ансамблот на НУ Драмски театар Скопје започна да ја подготвува во 2025 година. Претставата „Ифигенија за ништо“ по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид, се работи со адаптација, режија и кореографија на Филип Петковски. Сценографијата ја подготвува Мартин Манев, костимограф е Антонија Гугинска Јорданоска. Музиката во […]
Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф. -Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана” од Карл Орф којашто се случи во големата […]
Со мала изложба во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола се финализира изложбата First Kings of Europe што од 2022 до 2024 година беше на турнеја низ Северна Америка. Филдовиот музеј во Чикаго го најави големото отворање, што се одржа на 31 март, 2023 на, како што најавија, својата […]
Во врска со информацијата дека Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа, Националната опера и балет, со соопштение објави дека „информацијата е неточна и неоснована“. Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто „Националната опера и […]
Монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, по подолга пауза од вечер повторно е на репертоарот на НТ „Антон Панов“, соопштија од струмичкиот театар. Музиката за претставата е на Ставро Ангелаков, а сценографијата на Никола Пијанманов. Актерот Велков-Трн за улогата во […]
Изложбата на фотографии во рамки на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко Стојчевски и кореографот Искра Шукарова вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје. Проектот, како што информира КИЦ-Скопје, е осмислен од кореографката Искра Шукарова и фотографот Жарко Стојчевски, споделувајќи ги своите заеднички гледишта за возрасното тело на изведувачот, во соработка со петмина […]
Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се коси со Меморандумот што Министерството за култура го потпиша минатата година со Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ), а според кој, студентите имаат право на […]
На почетокот на февруари излезе од печат број 156 (првиот број за 2025 година) на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ при ДПМ. Редакцијата во состав: Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска, Лилјана Пандева, Делвина Крлуку и Стефан Марковски го подготвија бројот со следниве богати содржини: ексклузивен ерменски ракопис „Историја на Александар Македонски“, интервјуто „Македонскиот јазик […]
Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата заедничка изложба на новоформираната „Уметничката група 3“ од авторите м-р Страхил М. Петровски, д-р Лазе Трипков и м-р Ангел, насловена „Зошто не сега …?, информираа денеска авторите. Тие ги поканија љубителите на визуелната уметност да ја проследат изложбата на […]