„Јон Вардар против Галаксијата“: Гоце Цветановски за првиот македонски долгометражен анимиран филм


Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за филмот „Снежана и Седумте Џуџиња“. Анимираните филмови стануваат секојдневно сè повеќе популарни, постои силна конкуренција и натпревар кој ќе направи филм со подобра анимација и приказна. …

„Јон Вардар против Галаксијата“: Гоце Цветановски за првиот македонски долгометражен анимиран филм Read More »

Возбудливо музичко патување од Букурешт до Мадрид со Мурезану  и Дел Пино на „Охридско лето“


Возбудливо музичко патување во светот на класичната музика приреди синоќа фестивалот „Охридско лето“ преку концертот на една од најбараните светски виолинистки Ирина Мурезану од Романија која настапи заедно со шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино. Нејзината возбудлива, искрена и елегантна изведба  на класичниот репертоар, ја воодушеви фестивалската публика на подиумот во црквата „Света Софија“. Двајцата исклучително …

Возбудливо музичко патување од Букурешт до Мадрид со Мурезану  и Дел Пино на „Охридско лето“ Read More »

Изложба со дела од Вангел Наумовски ќе биде отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид


Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“, на Илинден, 2 Август, ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006. „На овој ден, овде поминале плејада уметници, …

Изложба со дела од Вангел Наумовски ќе биде отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид Read More »

Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со целовечерниот концерт „Вечерен ѕвон“, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски. Гоце Коларовски (5.02.1959, Скопје – 30.11.2006, Скопје) ѝ припаѓа на генерацијата македонски композитори чиешто творечко формирање се одвиваше во условите на постојан подем на професионалното музичко творештво и зацврстување на позициите …

Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски Read More »

Катица Ќулавкова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2024


Македонската поетеса, книжевна теоретичарка,  aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија.  Таа е добитнича …

Катица Ќулавкова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2024 Read More »

Голем интерес за мемоарите на Камала Харис на македонски јазик, еве зошто


Камала Харис го скрши на парчиња „стаклениот плафон“ на американската политичка сцена со тоа што стана прва жена потпретседател на Соединетите Американски Држави, воедно и прва Афроамериканка и личност со потекло од јужна Азија на таа висока функција. Три години откако нејзината книга „Вистините во кои веруваме“, воедно  и бестселер на „Њујорк тајмс“, беше објавена …

Голем интерес за мемоарите на Камала Харис на македонски јазик, еве зошто Read More »

Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа, во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја – 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Изложбата содржи селекција …

Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ Read More »

Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на фестивал во Црна Гора


Две години по светската премиера, филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и натаму освојува награди. Сега е прогласен за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули. Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е содружник со познатиот БаНеФФ од …

Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на фестивал во Црна Гора Read More »

Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ во рамки на Романската вечер на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано. Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ …

Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ во рамки на Романската вечер на „Охридско лето“ Read More »

Почнува петтиот Галичник Филм Фестивал


Вкупно 28 краткометражни филмови ќе бидат прикажани на петтиот Галичник Филм Фестивал, кој вечер ќе биде отворен на планината Бистра. По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои како дел од проектот „Филмско-музичка Фузија“, ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени. Посетителите до 4 август 2024 година, покрај филмските проекции, ќе имаат можност …

Почнува петтиот Галичник Филм Фестивал Read More »

Драмски театар добива нова зграда?


На вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам беше разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје. При тоа владата го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции …

Драмски театар добива нова зграда? Read More »

Ново откривање на идентитетот на Рацин: Велешкиот театар со претстава за паметење на „Охридско лето“


Актерите  од Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес синоќа маестрално ја одиграа театарската премиера „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на Кочо Рацин како човек и уметник, но во прв план беше неговата човечка димензија преку која беа претставени и некои други факти кои …

Ново откривање на идентитетот на Рацин: Велешкиот театар со претстава за паметење на „Охридско лето“ Read More »

Чешка вечер со трио „Халир“ на „Охридско лето“


Традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Чешката амбасада во Македонија, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе целовечерен концерт на триото „Халир“. Ова трио оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на Чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). …

Чешка вечер со трио „Халир“ на „Охридско лето“ Read More »

Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“ во Музеј на македонската борба


 Во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, вечер, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе биде поставена изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“. Станува збор за селекција од 24 скици и цртежи, изработени од познатиот уметник …

Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“ во Музеј на македонската борба Read More »

Свечено затворање на јубилејното 45. издание на „Скопско лето“


Во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ вечерва свечено ќе биде затворено јубилејно 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат …

Свечено затворање на јубилејното 45. издание на „Скопско лето“ Read More »

Концерт на Kамерниот оркестар „Саша Николовски- Ѓумар“ на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва на понудата го има концертот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со уметниците Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Камерниот оркестар на МММ постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. …

Концерт на Kамерниот оркестар „Саша Николовски- Ѓумар“ на „Охридско лето“ Read More »

Велешките актери со досега непознат Рацин на премиерата на „Охридско лето“


Актерската екипа на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со  вечерашната премиера на театарската претстава „Рацин“ што ќе ја изведе на  „Охридско лето“ ќе го долови ликот на Коста Солев Рацин, неговите рефлексии во сите нас, но и неговата автентична емоција. Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор …

Велешките актери со досега непознат Рацин на премиерата на „Охридско лето“ Read More »

Скици и цртежи од создавањето на фреската „Илинден  1903“ на Борко Лазески на изложба во Скопје


Изложбата „Анатомија на муралот – Илинден  1903, Борко Лазески“ ќе биде отворена утре во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата се отвора во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, а содржи селекција од 24 скици и цртежи, …

Скици и цртежи од создавањето на фреската „Илинден  1903“ на Борко Лазески на изложба во Скопје Read More »

Почина Една О‘Брајан, ирскиот Солженицин


По долго боледување, почина наградуваната ирска писателка Една О’Брајан (1930–2024), авторка која во своето богато дело ги истражуваше убавините и тешкотиите, противречностите на животот на жените, нивното место во светот на мажите, нивните надежи и разочарувања, преку проза во која атмосфера може да се препознае наследството на Џојсовиот „Даблин“. Една О’Брајан се сметаше за Ирска …

Почина Една О‘Брајан, ирскиот Солженицин Read More »

„Астерфест“ почнува со Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“


Деветнаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на авторскиот филм, ќе започне задутре во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ, соопштија организаторите. Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на …

„Астерфест“ почнува со Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ Read More »