Објавени плакатот и промотивното видео за СВП 2024


Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 22 до 26 август, објавен е плакатот и промотивното видео. Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од Концертот на Аранхуез. …

Објавени плакатот и промотивното видео за СВП 2024 Read More »

Драмски театар со „Диши“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони


  Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“. Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на …

Драмски театар со „Диши“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони Read More »

„Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска најдобра претстава на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш


Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска е прогласена за најдобра на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија, соопшти Театар „Златен Елец“. Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, пое изгледани шест претстави во натпреварувачката програма, донесе едногласна одлука – наградата за најдобра претстава подеднакво да им биде доделена на …

„Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска најдобра претстава на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш Read More »

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци


 Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, вечер во 20 часот ќе биде промовиран романот на годината за 2023 година, „Единствен матичен број“ од книжевницата Лидија Димковска. Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај …

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци Read More »

Луан Старова за Скопје и Охридското езеро: Француска ТВ ја раскажа приказната за егзилот и мостовите меѓу народите (видео)


„Invitation au voyage“ (Покана за патување), емисија на познатиот француски телевизиски канал TVArte посветен на културата, каде се претставуваат  различни земји во светот, преку истакнати личности, овој пат избра да ги претстави Скопје и Охридското Езеро, преку творештвото и личноста на писателот, академик и амбасадор Луан Старова, по повод денот на раѓањето (14.08.1941). Како што …

Луан Старова за Скопје и Охридското езеро: Француска ТВ ја раскажа приказната за егзилот и мостовите меѓу народите (видео) Read More »

Полска вечер на „Охридско лето“ со пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка


На понудата од музичката програма на 64-тото издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на полските уметнички на пијаното, Ана Миерник и Јоана Сохачка. Ана Миерник има настапувано во четириесеттина земји на сите континенти. Во 2015 година настапува во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот …

Полска вечер на „Охридско лето“ со пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка Read More »

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ


Самостојна изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешковски вечер ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). – Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со …

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ Read More »

„Градинарот и смртта“: На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов


„Градинарот и смртта“ е насловот на новата книга на еден од најголемите бугарски, европски и светски писатели Георги Господинов. Веста ја соопшти писателот на социјалните мрежи кој порача дека книгата ќе се појави во книжарниците на 27 август „попладне на годината“. Според Господинов „Градинарот и смртта“ е неговата најлична книга досега после „Природен роман“ и …

„Градинарот и смртта“: На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов Read More »

Филм индастри воч тврди дека Манчевски е жртва на политички прогон


Додека трае истрагата на Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција за финансиското работење на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, истата продуцентска куќа испрати до јавноста текст од Меѓународната организација Филм индастри воч (Film Industry Watch), „која со новинарски и академски средства се бори да ги заштити активните филмски работници од секакви …

Филм индастри воч тврди дека Манчевски е жртва на политички прогон Read More »

Дванаесет стихозбирки во поширокиот избор за наградата „Антево Перо“ за 2024


На Конкурсот за седмото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик што го распишува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, пристигнале 75 поетски збирки, од кои во потесниот избор се влезени 12. Од Здружението како организатор на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, изразуваат …

Дванаесет стихозбирки во поширокиот избор за наградата „Антево Перо“ за 2024 Read More »

Изложбената поставка „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на Жарко Башески од утре во Охрид


Новата изложбена поставка на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ утревечер ќе биде отворена во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ на МАНУ во Охрид. Изложбата што ќе трае до 27 август вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во …

Изложбената поставка „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на Жарко Башески од утре во Охрид Read More »

Концертна вечер на „Охридско лето“ со кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ.


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг, во придружба на српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна …

Концертна вечер на „Охридско лето“ со кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ. Read More »

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран


На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ – магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа – актерот и сонувачот со отворени очи.  „ Да се зборува …

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран Read More »

Швајцарска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ботвинов, Борен и Деменга


 Триесетата вечер од годинешната програма на Фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за камерното трио од Швајцарија, со уметниците Алексеј Ботвинов на пијано, Себастиан Борен на виолина и Патрик Деменга на виолончело. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори …

Швајцарска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ботвинов, Борен и Деменга Read More »

Принцот на Црна Гора е инспирација за дијалог меѓу народите и генерациите, вели Живко Попов, претседател на МАНУ


На принцот на Црна Гора, Никола Петровиќ Његош, денеска на свеченост одржана во Ќуката на Уранија на МАНУ во Охрид, во присуство на академици и претседателката Гордана Силјановска- Давкова, му беше врачена годинешната Светска награда на хуманизмот, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Свети Климент на сите светски меридијани. Принцот е …

Принцот на Црна Гора е инспирација за дијалог меѓу народите и генерациите, вели Живко Попов, претседател на МАНУ Read More »

Конкурсот за наградата „Мост“ на ДПМ продолжен до 1 септември


ДПм информира дека рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).    Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е …

Конкурсот за наградата „Мост“ на ДПМ продолжен до 1 септември Read More »

„Колективна културна меморија“ тема на 35. Ликовна колонија „Галичник“ 2024


Годинешната, јубилејна 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12 август и ќе трае до 19, а на неа ќе земат учество 10 уметници и тоа: Кристине Ледерер – Австрија, Ивана Хостник – Србија/Словенија, Лучезар Бојаџиев – Бугарија, Софија Димова – Бугарија, Марина Касијаниду – Кипар, Елија Калогјани – Грција, Стефан Корнацки – Полска, Ил Џафери …

„Колективна културна меморија“ тема на 35. Ликовна колонија „Галичник“ 2024 Read More »

На „Охридско лето“ концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди концертот посветен на македонските композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски, со настапот на уметниците Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари на пијано и Васил Богоевски на виолина. Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го …

На „Охридско лето“ концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски Read More »

Јубилејниот „МакеДокс“ од 15 до 22 август –  фокусот ќе биде на балканските кинотеки 


Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во …

Јубилејниот „МакеДокс“ од 15 до 22 август –  фокусот ќе биде на балканските кинотеки  Read More »

Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година


Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.  Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето …

Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година Read More »