„Мадам Батерфлај“ – емотивна оперска вечер во рамки на 53. „Мајски оперски вечери“


Во рамки на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ вечерва со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе едно од ремек-делата на светската оперска уметност – „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. -Операта „Мадам Батерфлај“ е музичка драма за љубовта, предавството и надежта, раскажана преку извонредната музика на […]

Второ изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на Свето Стаменов


Од печат излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на македонскиот публицист, политиколог и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2019 година во рамките на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура. […]

Милчо Манчевски со реакција по веста за кривичната пријава


По веста која Нова ТВ ја лиферуваше , а ја пренесоа неколку медиуми, дека Финансиската полиција до јавното обвинителство поднела кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за […]

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект „Сезона на филмските класици“


На 78. Филмски фестивал во Кан, Асоцијацијата на европски кинотеки (ACE) ја претстави шестата сезона на проектот „Сезона на филмски класици”, филмска програма која промовира европско филмско наследство преку бесплатни проекции во кино салите ширум Европа и онлајн.   Оваа година, за македонската и светската публика ќе биде прикажан култниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (режија: […]

Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ годинава со хуманитарна цел


Програмата за овогодинешното издание на летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ беше официјално претставена денес во МНТ, каде што беше истакната клучната порака: културата како двигател на солидарноста. Фестивалот оваа година ќе се одржи во два викенда – на 12, 13, 14 и 19, 20, 21 јуни, секоја вечер од 20:30 часот, а […]

Културната елита на ретроспективата на Анета Светиева – жив дијалог со нејзините комплексни скулптури


Даут пашин амам, синоќа, беше претесен да ги прими гостите од сите сфери на живеење, во знакот на културна прослава, на ретроспективната изложба на познатата уметница Анета Светиева.   На изложбата беа претставени бројни дела од сите фази на нејзината уметничка кариера, што ги опфаќаат нејзините најважни и најиновативни проекти. Гостите имаа можност да го […]

Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ ќе трае до 1 јуни 2025 година


Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ е отворен и трае до 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни, […]

Денес започнува 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал


Фестивалот што ја спојува филмската слика со критичката мисла, полемиката со поезијата, фестивалот што го спојува зачудувањето со очудувањето, го слави својот 15. роденден. Од 22 до 28 мај во удобната кино-сала на Кинотеката на Македонија ќе можете да видите програма што зборува, што предизвикува и што трае во мислите и умот и по проекцијата: […]

Композиторот Филип Иванов е нов претседател на СОКОМ


На седницата на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, одржана на 21 мај 2025 година во просториите на здружението, беше избрано новото раководство. За нов претседател на СОКОМ е избран композиторот Филип Иванов, кој доби мнозинска поддршка од членството и на таа позиција ќе ја наследи доскорешната претседателка, композиторката Валентина Велковска Трајановска. […]

Индиската писателка Бану Муштак ја доби Букеровата награда за 2025


Лондон- Индиската авторка Бану Муштак и преведувачката Дипа Басти ја освоија Меѓународната награда Букер за проза, за збирка од дванаесет приказни насловена „Heart Lamp”, пишувана повеќе од 30 години како хроника за секојдневниот живот на жените во јужна Индија. Веста ја објави писателот Макс Портер во улога на претседател на петчленото жири во уметничката галерија […]

„Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер го воодушеви Кан, доби извонредни 19-минутни овации


Јоаким Триер се врати на Канскиот филмски фестивал во среда вечерта за светската премиера на својот нов филм „Сентиментална вредност“, кој доби извонредни 19-минутни овации по прикажувањето во Гранд театарот Лимиер. Повторно со Рената Рејнсве, која глумеше во филмот на Триер во Кан во 2021 година „Најлошиот човек на светот“ (и ѝ ја донесе наградата […]

Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ


„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија […]

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова


Новата книга на Тина Иванова – „Danse Macabre“ вечер ќе биде промовирана во „Котур Кафе“. Станува збор за збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот. Книгата „Danse Macabre“ неодамна излезе од печат во издание на „Темплум“, […]

Книжевна средба „Ти си поезија“ со Патрис Павис


Книжевната средба „Ти си поезија“ со францускиот професор и театролог Патрис Павис вечер ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје. На средбата, како што е најавено, ќе има и литературни читања на извадоци од делата на Павис од страна на студентите од Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Конески“. Оваа […]

Сликарски перформанс на Сергеј Андреевски во Романија


 Во Националниот музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија попладнево ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј Секели годинава одбележува 150 години од […]

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“


 Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ ќе биде промовиран денеска во Инситутот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. – Првпат, една млада генерација средношколци со својата нова визија ги следи клучните моменти, личности и предизвици кои го обликуваа јазикот што денес го зборуваме […]

Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане


Изложбата „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане вечер ќе биде отворена во Културно- информативниот центар во Скопје. Како што информира КИЦ – Скопје, најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите […]

Како држава недоволно се грижиме за наследството на големите уметници: Интервју со Кирил Пенушлиски, историчар на уметност


Кирил Пенушлиски, историчар на уметноста, кој своето образование го стекнал во Париз, Италија и во Велика Британија, професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметнoсти „Еуропа Прима“ во Скопје и визитинг професор на универзитетот за уметност „Едуконс“ во Србија, го поврза македонскиот фолклор и врвната македонска ликовна уметност, на уникатна изложба во Чифте амам, која собра љубопитен […]

Кривична за Милчо Манчевски  – обвинителството ја почна постапката


Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм. Од ОЈО за  порталот НОВА ТВ, кој ја лиферуваше веста, велат дека „пријавата […]

„12“ на МНТ ќе го отвори, „Вистината“ на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на МНТ од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето ќе биде во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, […]