Марковски сака безбедни и функционални мостови, а не град на препукувања


На Скопје му требаат функционални и безбедни мостови, кои ќе функционираат и ќе придонесуваат кон растеретување на сообраќајот во главниот град, изјави професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“. Toј зборуваше пред мостот „Љубљанска“, кој е на територија на општина Карпош, а чиј проектант е токму професорот …

Марковски сака безбедни и функционални мостови, а не град на препукувања Read More »

Герасимовски засади дрвја за почеток на кампањата


Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за …

Герасимовски засади дрвја за почеток на кампањата Read More »

Орце Ѓорѓиевски ветува: Кај мене ќе се вреднува работата, без оглед кој од која партија доаѓа


Сите вработувања ќе бидат според заслугите, и партиските членови ќе мораат да работат, дивоградбите нема да се толерираат и ќе се бара Градот Скопје да има градежна инспекција, нема да се бара алиби во (не)надлежноста, тимот на градоначалникот ќе работи про боно и нема да ги чини ништо граѓаните, главна цел ќе биде хуманизацијата на …

Орце Ѓорѓиевски ветува: Кај мене ќе се вреднува работата, без оглед кој од која партија доаѓа Read More »

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево


 Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е …

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево Read More »

Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври


Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности.  Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи …

Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври Read More »

Орце Ѓорѓиевски ветува градење без комуналии за младите парови


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави мерка со која млади брачни парови до 40 години, без друг имот, би добиле до 100% ослободување од комуналии при изградба на семејна куќа до 120 м². Според планот, Градот би се откажал од своите 60% од комуналиите, а целосно ослободување би важело во …

Орце Ѓорѓиевски ветува градење без комуналии за младите парови Read More »

Филипче: Апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ е најопасно нешто за државата


На денешната конвенција на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче порача дека како партија не ветуваат спектакли, не нудат лаги и шарени програми, туку остварливи, реални програми и служба во интерес на граѓаните. СДСМ Според него, Македонија во моментов нема подобри кандидати од оние на СДСМ, додавајќи дека станува збор за професионалци во своите области …

Филипче: Апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ е најопасно нешто за државата Read More »

Јакимовски: Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент


 Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. -Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош …

Јакимовски: Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Нашите кандидати се личности зад кои стојат дела


ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори, за кои кампањата стартува утре, порача дека предлага „ личности зад кои стојат дела“, „личности кои и покрај предизвиците, поточно проблемите со кои се соочуваа три, од четири, години кога СДС беше централна власт направија многу“. -ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори предложи личности кои се подготвени да бидат партнери со …

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Нашите кандидати се личности зад кои стојат дела Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Јакимовски е кандидат на СДСМ


Стевчо Јакимовски е кандидат на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев за градоначалник на општина Карпош, тврди ВМРО-ДПМНЕ. -Кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Јакимовски во 2021 година лажеше дека ќе биде изграден подземен паркинг и дека сите возила ќе одат во подземно паркирање, а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во …

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Јакимовски е кандидат на СДСМ Read More »

Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави кандидатите за локалните избори


Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори. Присутните имаа можност непосредно да чујат дел од предлозите на кандидатите, а поздравни говори одржаа претседателите на партиите членки на коалицијата „Искуство за успех“ – ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР. „Македонија и нејзините градови, села, општини можат да бидат пристојни …

Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави кандидатите за локалните избори Read More »

Од полноќ почнува кампањата за локалните избори


Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори …

Од полноќ почнува кампањата за локалните избори Read More »

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје. „Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. …

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје Read More »

Мицкоски со порака до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, вашиот мандат е договор со граѓаните


 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, порача дека почнува нова изборна кампања и таа не треба да биде театар на празни ветувања, туку дека мандатот на градоначалниците е договор со граѓаните. Мицкоски нагласи дека очекувањата секогаш се високи и оти народот очекува …

Мицкоски со порака до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, вашиот мандат е договор со граѓаните Read More »

Меџити во Серава на средба со граѓани за да им каже дека Чаир станува модерен


Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, се сретна со жителите на Серава, каде што беа презентирани тековните и идните проекти за развој на ова населено место и целата општина. На средбата, Меџити истакна дека се реализираат конкретни инвестиции кои директно ја подобруваат секојдневницата на граѓаните. „Во Серава и низ цел Чаир …

Меџити во Серава на средба со граѓани за да им каже дека Чаир станува модерен Read More »

(ВИДЕО) Османи го објави решението за паркирањето во Чаир


Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, денес на својот официјален профил на Фејсбук објави видео во кое го претставува својот сообраќаен план што ќе донесе ред и мир на секоја улица. решението е на овој линк: https://www.facebook.com/reel/1465346791366177 Решението за паркирање е изработено според визијата на …

(ВИДЕО) Османи го објави решението за паркирањето во Чаир Read More »

Османи ја претстави програмата пред младите: хигиена, паркинзи, урбанизам и антикорупциска одбрана


На средба со младите од Чаир, кандидатот за градоначалник Бујар Османи ја претстави својата визија и конкретните проекти што ги најавува како дел од идната општинска трансформација. Далеку од декларативни заложби, неговиот говор беше исполнет со прецизни механизми, рокови и системски решенија кои ја позиционираат неговата кампања како единствена понуда што нуди и визија и …

Османи ја претстави програмата пред младите: хигиена, паркинзи, урбанизам и антикорупциска одбрана Read More »

Левица: Мециновиќ оствари средба со Елке Кар – примерот на Грац, инспирација за Скопје


Во градската куќа во Грац, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и кандидатките за Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска и Андреа Јанков, остварија средба со градоначалничката Елке Кар, која неодамна беше прогласена за најдобар градоначалник на светот за 2023 година, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. „Имавме исклучителна …

Левица: Мециновиќ оствари средба со Елке Кар – примерот на Грац, инспирација за Скопје Read More »

Филипче: Аеродром е целосно запуштена и уништена општина поради ВМРО-ДПМНЕ,


ВМРО ДПМНЕ покажа дека нема план и капацитет за развој на државата ниту на централно, ниту на локално ниво, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  Венко Филипче, во општина Аеродром. Тој укажа дека е потребно ред, одговорност и работа за граѓаните, но и контрола на власта. „Потребна е силна контрола на власта и локални …

Филипче: Аеродром е целосно запуштена и уништена општина поради ВМРО-ДПМНЕ, Read More »

Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини


Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски. Како што наведе Добрила Кацарска, …

Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини Read More »