Лажна дојава за бомба во фабрика во Илинден


Утрово дојава за наводна бомба пристигнала во населбата Илинден, поточно во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона, пишуваат дел од медиумите. – На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала […]

Во два дена исчезнале три лица, едниот се вратил


Тројца мажи, на различна возраст се пријавени за исчезнати, нотира полицискиот билтен. Имено, утрово,во Полициската станица Гази Баба, Ќ.А.(23) од с.Јурумлери,скопско пријавил дека неговиот татко А.А.(45) кој на 25.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома. Вчера пак, во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.С.(42) од Скопје пријавил дека […]

Пукање во Чаир, оштетени прозорци на куќи и автомобили


Ноќеска имало пукање во Чаир, при што се оштетени прозорци на автомобили и на куќи, но нема повредени.  – На 27.10.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрчјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила во сопственост на А.С (40) од Скопје, а […]

Приведена 58-годишна жена од неготинско за физички напад и закани кон снаата


Педесет и осумгодишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 21:05 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ја лишиле од слобода К.У. од неготинско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички […]

Директорот и пет лица од Националниот парк „Пелистер“ нелегално сечеле дрва


Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против пет физички лица и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ како правно лице поради нелегална сеча на дрва кои потоа ги продавале во име и на сметка на Националниот парк. Тие, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се товарат за кривичното дело пустошење […]

Референт во МВР ќе одговара кривично – пишал дека „ауди 5“ припаѓа на лице што не е сопственик


Референт во МВР кривично ќе се гони за „несовесно работење во службата“.  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот […]

Во „Идризово“ пронајден починат 45-годишен затвореник


Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ. (45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР […]

Тажен епилог: Изчезнатиот стружанец по кој се трагаше два дена пронајден мртов


Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршила полициска […]

Татко пријавил дека исчезнала неговата малолетна ќерка, девојчето се јавило од Косово


Денеска,  во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, Р.А.(48) од с.Злокуќани, скопско пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.А.(14). Според пријавеното, Н.А. подоцна се јавила кај нејзината тетка и ја известила дека по своја волја заминала кај Б.Б. во Косово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Пукање во Арачиново – повредено едно лице


МВР објави детали за синоќешното пукање во Арачиново, каде што застрелано лице беше хоспитализирано. „Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, објави полицијата. Полициски службеници пристигнаа на местото на настанот […]

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница


Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека автобус на ЈСП при тргнување удрил во 55-годишната А.Н од с.Драчевица, скопско. Несреќата се случила на линијата „7“ во село Батинци. По ударот со тешки телесни повреди се здобила 55-годишната жена каде била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани повредите.

Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено


Вчера во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје, соопшти МВР. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад. Извршен бил увид.

Обвинител од Охрид, лажно се претставувал како адвокат во три случаи


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. […]

Три вработени во ЈСП обвинети за проневера: Присвоиле над 375.000 евра преку манипулации со билети


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои ги товари за продолжено кривично дело проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Трите соизвршителки, во временскиот период од 1.12.2018 година до 5.8.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства, што […]

Во синоќешната несреќа кај Дабиле, повредена сопатничката


Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Струмица.  – На 20.10.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски […]

Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово


 Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите (ПЦЕР) информира дека била фрлена експлозивна направа во нивниот партиски клуб што се наоѓа во Тетово. Во соопштението на ПЦЕР нема информации за повредени луѓе, а се вели дека има голема материјална штета. -Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена […]

Тешко повредено 18-годишно момче од Охрид по удар од автомобил


Осумнаесетгодишно момче од Охрид е тешко повредено откако во него удрил автомоил „Ауди А3“, управуван од негов 19-годишен сограѓанин, соопшти полицијата. Настанот се случил вчера попладне на кејот „Македонија“ во Охрид. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „Фолксваген […]

Скопјанец физички ја нападнал својата ќерка, удирајќи ја со тврд предмет


Приведен е 43-годишен жител на скопско село, поради тоа што им се заканувал на сопругата и на ќерката, по што својата ќерка ја нападнал и физички, извести Министерството за внатрешни работи (МВР). М.П. бил приведен вчеравечер, откако претходниот ден околу 22:30 часот во семејниот дом упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, а потоа и […]

Ужас во Куманово: 70-годишен дедо два месеци силувал 13-годишно дете


СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години“. Пријавениот во повеќе наврати во временски период од околу два месеци вршел полови дејствија врз 13–годишно дете.

Насилствата во училиштата не запираат: Ученичка претепана со тврд предмет од соученик во Скопје


Вчера во 15 часот во СВР Скопје, З.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.