Починал кумановец откако паднал во близина на стадионот ФК Башкими


Во четвртокот, во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово. Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК Башкими на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата …

Починал кумановец откако паднал во близина на стадионот ФК Башкими Read More »

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција


Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на …

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција Read More »

Малолетник со мотор усмртил 73-годишен пешак во Демир Хисар


Малолетен мотоциклист прегазил 73-годишен пешак во Демир Хисар по што лицето починало на лице место, додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник. „Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) …

Малолетник со мотор усмртил 73-годишен пешак во Демир Хисар Read More »

Соученици тепаа 17-годишник во близина на гимнацијата „Никола Карев“


Вчера во Скопје, 17-годишно момче било физички нападнато и претепано од група врсници во близина на гимназијата „Никола Карев“ во општина Карпош. Инцидентот предизвика загриженост кај јавноста, додека засега нема потврдени информации дали жртвата или напаѓачите се ученици од истото училиште. Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди настанот, но не откри повеќе детали за …

Соученици тепаа 17-годишник во близина на гимнацијата „Никола Карев“ Read More »

Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола


МВР информира дека Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на …

Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола Read More »

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена


Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот …

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена Read More »

Во судир помеѓу автобус и „поло“ настрадала млада жена – пешак


Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во судир помеѓу „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско настрадал случаен минувач. Несреќата се случила на бул.„Никола Карев“ во Скопје, каде пешакот, 26-годишната Е.Ф. од Скопје …

Во судир помеѓу автобус и „поло“ настрадала млада жена – пешак Read More »

Со возило урдил во оградата на касарната во Прилеп – повредени тројца малолетници


Во нелеата, во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и …

Со возило урдил во оградата на касарната во Прилеп – повредени тројца малолетници Read More »

Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар


 Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Фатени двајца малолетници со марихуана во Аеродром


Во два одделни случаи, полицијата приовела мамлолетници во Аеродром, кои кај себе имале марихуана. Имено, во петокот, во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање …

Фатени двајца малолетници со марихуана во Аеродром Read More »

Фатен маж од Илинден кој со пиштол ограби аптека во Ново Лисиче


Во четвртокот вечерта, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од н.Илинден, Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил …

Фатен маж од Илинден кој со пиштол ограби аптека во Ново Лисиче Read More »

Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини


Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи – Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР – Велес. – Од почетокот на годината до 18 септември, во …

Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини Read More »

Две деца во Прилеп завршија во болница, откако во нив удриле со автомобили


Во две одделни сообраќајни незгоди во Прилеп, вчера, малолетник и малолетничка завршиле со повреди, затоа што во нив удриле со автомобил. Девојчето било пеак, а момчето возело велозипед. Според полицискиот билтен, во средата во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски …

Две деца во Прилеп завршија во болница, откако во нив удриле со автомобили Read More »

Автомобил неколкупати се превртил во тешка несреќа на скопската обиколница


Тешка несреќа се случила утрово на скопската обиколница откако автомобил се излизгал од патот и неколку пати се превртел. Несреќата се случила на мостот кај Орман кон Стајковци. Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во градската болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што …

Автомобил неколкупати се превртил во тешка несреќа на скопската обиколница Read More »

Ограбувал обложувалници под закана со скалпел


Вчера, во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел. При преглед кај него е пронајден скалпел …

Ограбувал обложувалници под закана со скалпел Read More »

Малолетник заврши во болница по напад со нож од врсници во Скопје


Малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ поради повреди добиени од напад со нож од страна на неколку малолетници. „Денеска (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје, малолетник бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. …

Малолетник заврши во болница по напад со нож од врсници во Скопје Read More »

Три возила опожарени во Кисела Вода, МВР презема мерки за расчистување на случајот


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, …

Три возила опожарени во Кисела Вода, МВР презема мерки за расчистување на случајот Read More »

Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце


Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи. – На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од …

Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце Read More »

Приведен маж од Валандово кој запалил возило на сограѓанин


Полицијата денеска привела 35-годишен маж од Вландово кој запалил возило на сограѓанин.  На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од …

Приведен маж од Валандово кој запалил возило на сограѓанин Read More »

Кочанчанец доби 30 дневен притвор, со нож се обидел да убие човек што му продавал мобилен


Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.  Како што соопшти ОЈО, на …

Кочанчанец доби 30 дневен притвор, со нож се обидел да убие човек што му продавал мобилен Read More »