Изгореле 600 балиња сув тутун, трактори, мотори , систем за наводнување во Канатларци


Вчера, околу 13:20 часот настанат е пожар на помошни простории (летна кујна, шталa и гаражи) лоцирани во дворното место од куќа сопственост на С.К. (44) од село Канатларци, прилепско. Во 15:35 часот пожарот е целосно изгаснат при што констатирано е дека помошните простории биле целосно изгорени, а во пожарот изгореле околу 500-600 балиња со сув […]

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари


На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3). Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено […]

Многу тепачки на Голема Богородица, најчудна таа на Водно


Повеќе тепачки нотира полицискиот билтен за вчерашниот празничен ден, Голема Богородица. Повеќемина се повредени. Но, најчудна од сите е онаа што се случила во угостителски објект на Средно Водно, на пладне,каде се тепале Д.С.(40) и 15-годишен малолетник од една страна и Т.Н.(61), С.А.(82) и Д.А.(60) сите од Скопје од друга страна. Што предизвикало тепачка меѓу […]

Царината заплени котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари и маслиново масло


Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар, информираат од Царинската управа.  Вкупно 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени […]

Уште две жртви на македонските патишта во само девет часа


Во две тешки сообраќајки што се случија од полноќ до утрово, загинаа двајца, еден на 21-годишна возраст и уште еден чиј идентитет уште не е потврден. Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, […]

Кривична против полицаец од Интервентна поради поткуп


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, […]

Ноќеска изгореа четири возила во Капиштец


На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат” со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео” со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто” со […]

Оштетена цевка од гасовод при градежни работи на бул. „Борис Трајковски“


На 26.08.2025 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на бул.„Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје,  била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас. Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било […]

Скопјанец се заканувал на вработена во Основниот кривичен суд


Скопјанец се заканувал на вработена во Основниот кривичен суд пред два дена, а таа вчера го пријавила. Според полицискиот билтен, на 26.08.2025 во 11 часот во СВР Скопје, Ж.Б.(45) од Скопје пријавила дека на 25.08.2025 околу 10 часот, додека била на нејзиното работно место во Основен кривичен суд Скопје,  Л.А.  и  упатувал закани. Се преземаат […]

Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци


Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш […]

Со четирицикл прегазил двајца од Прилеп


Двајца пешаци од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две лица со полесни, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат Меџитлија – Старавина. Според информациите од СВР Битола, несреќата се случила околу 16:25 часот, кога четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Н.Ј. од општина Новаци, удрил […]

И косовски државјани затајувале данок и переле пари во Македонија


Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, меѓу кои се и четворица косовски државјани и една државјанка на Република Хрватска. Осомничените се товарaт дека од 2014 до 2023 година организирале и учествувале во криминална група со цел стекнување противправна имотна корист преку даночно […]

Се запалил автомобил во гаража во Батинци, цело семејство вдишало чад


Два автомобили се запалиле ноќеска на две различни локации во Скопје, при што семејство со две мали деца е пренесено во болница откако се надишале чад. Во вториот случај нема настрадани. Имено, денеска во 3.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски […]

Се бара притвор за таткото што на терен натепа млади фудбалери во Штип


Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови Брегалница и Шкупи.  Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на […]

Со гајба полна пиво ја удрил сопругата по глава


Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против лице осомничено дека извршило кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 23 август попладне пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Жртвата се сретнала со осомничениот, кој прво вербално ја навредувал, а потоа […]

Две тинејџерки од Кичево загинаа во несреќа со четирицикл


Во несреќа со четирицикл загинаа две малолетни девојчиња, во Кичевско.  Вчера во 18.05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и […]

Агресивна млада скопјанка им правела проблеми на полицајци среде ноќ


Среде ноќ уапсена млада скопјанка која била агресивна кон полцајци на должност. Денеска (22.08.2025) во 02:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле М.Ј.(20) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа денеска од МВР.

Кривична пријава за двајца поранешни раководители на АД Пошта поради „несовесно работење во службата“


СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од Кривичниот законик, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошта во државна сопственост Скопје. Според сознанијата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од преземените опсежни истражни дејствија […]

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. […]

Оштетени две возила во Скопје од заталкани зрна од огнено оружје


Во два одделни инциденти, оштетени се два автомобили, паркирани во Ѓорче Петров и во Центар, од заталкани зрна од огнено оружје. На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото […]