Со автобус на ЈСП удрил во пешак


Во три оддлени сообраќајки во Скопје и воТетово повредени се двајца пешаци и еден сопатник. Во петокот, во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди …

Со автобус на ЈСП удрил во пешак Read More »

Родители натепале наставничка, ученик друг соученик, а наставничка тепала ученички


Во три одделни инциденти во училишта во Скопје, се случиле тепачки, при што натепани биле ученици и наставничка.  Имено, вчера во 17.50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.К.(48) од Скопје пријавила дека на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата …

Родители натепале наставничка, ученик друг соученик, а наставничка тепала ученички Read More »

Возач од Србија почина на паркинг во Гази Баба


Возач од Србија починал на паркинг во Гази Баба, откако возилото му останало дефект.  – На 27.02.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со …

Возач од Србија почина на паркинг во Гази Баба Read More »

Приведени три лица во Tетовско и Прилепско  за организирање борба со кучиња


Вчера, во 16 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња. За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото …

Приведени три лица во Tетовско и Прилепско  за организирање борба со кучиња Read More »

Кривична за директорот на Центарот за култура од Охрид – патувал во странство без одлука


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата …

Кривична за директорот на Центарот за култура од Охрид – патувал во странство без одлука Read More »

Секој месец по најмалку едно семејно насилство во Тетово


Во три случаи на семејно насилство полицијата поднесе кривични пријави, затоа што биле тепани сопруги и татковци во Тетово, Гостивар и во Пробиштип.  СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан …

Секој месец по најмалку едно семејно насилство во Тетово Read More »

Затвореници со дозвола на директорот на затворот и со службени возила се носеле дома


Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода, заработија десет лица, вработени во затвор, меѓу кои и поранешен директор на затворот, информира денеска полицијата, по спроведување на големата акција. На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична …

Затвореници со дозвола на директорот на затворот и со службени возила се носеле дома Read More »

Уште 65 возачи без возачки дозволи фатени во сообраќај


Во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава биле издадени 732 платни налози. Од нив, соопштија денеска од МВР, 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење. По однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, …

Уште 65 возачи без возачки дозволи фатени во сообраќај Read More »

Претреси и приведувања во Шутка, на удар и поранешниот директор Филип Андонов


 Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на …

Претреси и приведувања во Шутка, на удар и поранешниот директор Филип Андонов Read More »

МВР: Двајца 14-годишници од Скопје ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта


Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. Како …

МВР: Двајца 14-годишници од Скопје ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта Read More »

Кај Биновци усмртен пешак кој бил прегазен со камион


Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички. Според …

Кај Биновци усмртен пешак кој бил прегазен со камион Read More »

Пакети со храна најдени во возило кај Танушевци – без документи требало да влезат во Косово


Сто и осумдесет пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација, открила полицијата во комби во близина на скопското село Танушевци.  Како што соопшти денеска МВР, завчера (25 февруари) во 14.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело …

Пакети со храна најдени во возило кај Танушевци – без документи требало да влезат во Косово Read More »

Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Поради случена сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“. Како што информира АМСМ, од 20:10 часот сообраќајот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп.

Жена пријавила дека ќерка ѝ била сосила држана во стан близу Гостивар


СВР Тетово информира дека вчера (25.02.2025) во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47 годишниот Ш.Ј. и 55 годишниот Ф.Т. од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од гостиварско, дека против нејзина волја од 24.02.2025 до пријавувањето ја држеле нејзината 21-годишна ќерка во стан во близина во Гостивар. …

Жена пријавила дека ќерка ѝ била сосила држана во стан близу Гостивар Read More »

Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна


Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292  гранати од Првата светска војна. Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112. -Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на …

Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна Read More »

Прво рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни


За денес е закажано првото рочиште од судењето против лицето кое го удираше бездомното куче Феликс што почина неколку недели подоцна. Рочиштето следува по објавувањето на вознемирувачката видеоснимка од мачењето на кучето во Момин Поток, а по што Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава. Според обвинението, двајцата соизвршители на 19 ноември 2024 година го изложиле …

Прво рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни Read More »

Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Со изведување на докази од страна на одбраната, во Основен Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. На изминатото рочиште, со изведување на материјални докази – шест ЦД …

Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче Read More »

Малолетник со возило излета од пат, повредени се тој и тројца малолетни сопатници


Малолетник излетал со возило среде ноќ во Скопје. При несреќата повредени се тој и уште тројца сопатници кои исто така биле малолетнини.  – Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од …

Малолетник со возило излета од пат, повредени се тој и тројца малолетни сопатници Read More »

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата


Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Ова беше споделено во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ каде беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешаки премин.  Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.  …

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата Read More »

„Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал


Полицијата со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа, половина час пред полноќ. – На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го …

„Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал Read More »