Седумнаесетгодишник силувал девојка од Штип


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе посебен извештај против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Како што соопшти денеска МВР, на 22 август годинава околу 22 часот во куќа на улица „Братство Единство“ во Виница, пријавениот извршил обљуба над 16-годишна девојка од Штип.

Гостиварец измамен од две непознати лица


Две непознати лица вчера го измамиле Ѓ.К.(60) од Гостивар и му одзеле 13.000 денари и 50 евра. Едно од нив му се претставило како странец и му побарало пари за операција на неговата сопруга, а како гаранција дека ќе се врати му оставило часовник. Отакао не се вратиле Ѓ.К. случајот го пријавил во полиција. Како […]

Загина тракторист во село Сушица


Синоќа, во несреќен случај во атарот на село Сушица, на место викано Обре, општина Ново Село, загина 37-годишниот К.М. Информацијата ја потврдија од СВР Струмица. Управувајќи трактор загинатиот според првичните сознанија излетал од патот, по што паднал во бездна, а несреќниот тракторист завршил под тракторот. Од здобиените повреди починал на местото на несреќата, а во […]

Девојче фрлено од прозорец во училиште во Аеродром


Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) денеска пријавил дека на 28 септември во училиште во Аеродром се случило насилство. Како што соопшти МВР,  пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна […]

Превртено возило со 13 мигранти на автопатот Градско-Велес


 Возило се превртело на автопатот Градско-Велес утринава околу 6.30 часот,  во кое биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца повредени, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Патничко возило  „рено еспејс” со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во […]

Kавадарчанка починала поради труење


Шеесет и деветгодишна кавадарчанка починала синоќа поради труење, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Синоќа околу 18 часот во ПС ОН Кавадарци од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, пријавено било дека била донесена жителка од Кавадарци со видливи знаци на труење. Поради сериозноста  на здравствената состојба, жената била препратена   во Клинички […]

Осум илјади литри масло за греење украдени од Специјалниот завод во Демир Капија


Осум илјади литри масло за греење биле украдени од Специјалниот завод во Демир Капија, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Кражбата била пријавена на 28 септември. Според писмената пријава од институцијата, маслото за греење било одземено во периодот од 19 до 28 минатиот месец, од просторијата каде што се сместени котлите за парно греење […]

Жител на Мокрино преку фејсбук му се заканувал на премиерот


Триесет и тригодишен жител од струмичкото село Мокрино заработи кривична пријава поради упатување закани кон премиерот на Република Македонија и неговото семејство преку социјалната мрежа фејсбук.  Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино, Струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил […]

Две лица повредени во сообраќајка на булевар „Илинден“


Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Илинден“ кај „Фонтана“ во Градскиот парк во Скопје. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата потврди дека кај нив случајот е пријавен во 11:40 часот и оти според првичните информации возило удрило во семафор. На местото на настанот се […]

Мотоциклист загина на патот Гостивар – Кичево


Х.А. (25)  од гостиварското село Здуње го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на Гостивар. Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево околу 14:30 часот,  на излезот од градот. Додека возел мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, Х.А. удрил во трактор со […]

Каменуван воз на релација Велес-Скопје, нема повредени


 Непознати лица вчера изутрина каменувале воз којшто сообраќал на релација Велес – Скопје. Повредени нема. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 07:05 часот при влез во Железничка станица Скопје, при што било скршено едно прозорско стакло. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Тетово нападнати две лица кои делеле флаери за референдумот


На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово. Двајцата тетовци кои пријавиле, соопшти денеска МВР, делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум. Според пријавеното, С.А. […]

Две лица истепале 13-годишно дете во автобус на ЈСП


Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 22.20 часот Д.И.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар „Никола Карев“ од страна на две непознати лица физички бил нападнат неговиот 13 годишен син. Од МВР денеска информираат дека до физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и […]

Нова сообраќајка со жртва во Скопје – прегазен старец


Старец на возраст од 83 години почина на Клиничкиот центар откако вчера бил прегазен на улица „Македонско косовска бригада“. Несреќата се случила околу пладне кога автомобил „фолксваген пасат“, кој го упраувал шеесет и тригодишен скопјанец, удрило во старецот кој ја поминувал улицата. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка […]

Маж бил физички нападнат додека делел програма за референдумот


Триесет и седумгодишен маж пријавил во полициска станица дека бил физички нападнат додека делел програма за референдумот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, нападот го извршил извесен В.М. (54) од Скопје, а до инцидентот дошло на улицата Палмиро Тољати, вчера попладне. МВР соопшти за уште еден случај поврзан со престојниот референдум кога .Љ.Т. од Кисела […]

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Маж почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата Благоја Стефковски во Маџари. „До несреќата дошло помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, Струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје, и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, Скопско“, соопшти […]

Изгоре дел од куќа во село Баница, двајца полесно повредени


Во пожар кој избувна во куќа во селото Баница, во близина на Струмица, целосно изгоре една соба, а двајца жители на селото се полесно повредени и се пренесени во Струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица. Пожарот избувнал околу 12 часот во просторијата која е изгорена, но со брза интервенција на пожарникарите не е дозволено тој […]

Пожар во каменичка Дулица


Во два одделни пожара кои денеска избувнаа во атарот на село Дулица, Македонска Каменица опожарена е борова шума на површина од близу два хектара. Според информациите на Малин Трајчевски, одговорно лице од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, првиот пожар избувнал рано утрово и е локализиран во 7:15 часот. – Утрово во 4:45 часот до […]

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби


Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе ги испратат во модна агенција во Србија. Но, наместо тоа, девојките си ги виделе своите фотографии објавени на странска веб-страница за интимни односи со девојки. Според информациите на МВР, против К.К. (29) од Свети Николе […]

Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско


Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско, информацијата ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Нивна екипа е на терен и се работи на локализирање на пламените јазици. Се работи на утврдување на причините за пожарот.