(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Џемаил не се кае за убиството во Австрија: Тоа и сакав да го направам


Триесет и шестгодишниот Џемаил М. од село Ласкарци, општина Сарај, не се кае за грозоморното убиство што го направи во австрискиот град Тулн.

Тој со нож до смрт ја избол неговата сопруга Замира К. (32) пред очите на нивните деца.

– Да, ја убив, тоа и го сакав! – рекол Џемаил за време на распитот од инспекторите.

На Џемаил му било забрането да се доближува до своето семејство бидејќи често ги тепал и малтретирал.