Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник


Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци. Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на …

Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник Read More »

Под истрага е лицето што го уништи ранецот со пиштолите и моторолите


Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за „помагање на сторител по извршено кривично дело“ согласно член …

Под истрага е лицето што го уништи ранецот со пиштолите и моторолите Read More »

„Летал“ со 190 на час на патот Гостивар – Тетово, полицијата го привела


На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина …

„Летал“ со 190 на час на патот Гостивар – Тетово, полицијата го привела Read More »

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни


Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови. Палевски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, …

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни Read More »

Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража


Првообвинетиот Љупчо Палевски, во случајот со грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, во завршните зборови денеска на судското рочиште рече дека еден од обвинетите, Велибор Манев е организатор, а Боре Видевски пукал, додека Влатко Кешишев бил стражар. Претходно Палевски беше прашан од таткото на убиената Вања да каже кој ја убил неговата …

Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража Read More »

Уапсен вработениот во Народна банка, посочен дека го уништил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче


Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“. Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други …

Уапсен вработениот во Народна банка, посочен дека го уништил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче Read More »

Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид


Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид. Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички. Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога …

Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид Read More »

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, …

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски Read More »

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија


Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.  Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 …

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија Read More »

Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ


Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом. Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци. Исто така, неексплодирано убојно средство …

Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ Read More »

Тешко повреден мотоциклист откако се судрил со „шкода“


Вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа …

Тешко повреден мотоциклист откако се судрил со „шкода“ Read More »

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро


 Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан …

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро Read More »

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта


Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта. Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште …

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта Read More »

Поведена постапка за вчерашниот инцидент во Чаир


По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за  насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и …

Поведена постапка за вчерашниот инцидент во Чаир Read More »

Службеник издал дозвола за престој во земјата на седум лица кои биле безбедносна закана


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено …

Службеник издал дозвола за престој во земјата на седум лица кои биле безбедносна закана Read More »

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната


 Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, …

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната Read More »

Двајца тинејџери и 64-годишник крваво се пресметале вечерва во Чаир


Вечерва нешто пред 20 часот, во Чаир избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање, при што три лица завршиле во болница. Биле употребени и ножеви. За инцидентот се огласија и од МВР. „Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала физичка пресметка по претходно …

Двајца тинејџери и 64-годишник крваво се пресметале вечерва во Чаир Read More »

Велешанец нападнал девојче, се заканувал на полицијата со секира и тесла


Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение …

Велешанец нападнал девојче, се заканувал на полицијата со секира и тесла Read More »

Скопјанец возел со 2,57 промили алкохол во крвта, па удрил во паркирано возило


На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.  При преземање мерки …

Скопјанец возел со 2,57 промили алкохол во крвта, па удрил во паркирано возило Read More »

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците


СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје. Пријавените се сомничат …

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците Read More »