(фото) Сообраќајка на „Партизанска“, се удрија автомобил и мотор


Попладнево на „Партизанска“ во Скопје, после Скопје сити мол, се случи сообраќајна несреќа, меѓу мотор и автомобил. Од јачината на ударот, автомобилот е свртен во спровтивен правец. На коловозот се забележуваат делови од искршените возила, а може да се види и кацига. Полицијата во моментот врши увид, а не се знае сериозноста на последиците по […]

Српски државјани краделе велосипеди низ Аеродром


Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се […]

Тинејџери излетале со автомобил од патот во Македонска Каменица, сите се повредени


Во саботата, во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица тинејџери излетале со автомобил. Имено, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од […]

Нападнати татко и син, жени и други тепачки во Скопско


Полицискиот билтен изобилува со пријави за напади, што што жртви биле татко и син, жени, а се тепале и пред угостителски објекти. Имено, во четвртокот, во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од […]

Малолетник силувал малолетничка во Струмичко


Во четвртокот,  во Полициската станица Струмица, во присуство на родител, бил повикан малолетник од струмичко село, кој се сомничи дека истиот ден извршил обљуба врз малолетничка од струмичко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Радовишанец повеќе месеци силувал малолетничка


Во периодот од јануари до април оваа година, 45-годишен жител на Радовиш, во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село, соопштија денеска од СВР Струмица. Според соопштеното, случајот бил пријавен вчера во полициската станица во Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки […]

Приведени две лица во Тетовско, одзеле пари од казино


 Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари. Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала


СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет. – На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од […]

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан


Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.  – Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица. Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и […]

Моторџија удри во пешак на „Партизанска“


Вчеравечер, во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ […]

Апсење за дрога на повеќе локации низ Скопје


Апсење за дрога на повеќе локации низ Скопје во текот на вчерашниот ден.  На 21.04.2024 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на […]

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани


 Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на […]

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци


Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.   – Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40),  кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска […]

Се степале две вработени во средно училиште во Битола


Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Бојан Јовановски бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“


Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во која како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години. Како причина тој наведе  нови околности и докази кои не биле употребени во доказната постапка. -Случајот „Рекет“ не е расчистен. Тој треба целосно да се расчисти, сите […]

Директорот на „Стрежево“ од Битола кривично се гони за набавка на стар ратрак


  БИТОЛА – Актуелниот директор на ЈП „Стрежево“ Битола кривично се гони за набавка на стар ратрак од близу 2 милиони денари за потребите на ски патеката „Нижеполе“ на Пелистер  со која стопанисува претпријатието. Кривично се гони и управител на приватна фирма од Битола. Веста на својот Фејсбук профил ја објави министерот за внатрешни работи […]

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола – набавил ратрак за 4,5 пати повисока цена


 Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево” Битола, соопштија денеска од МВР. Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена […]

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари


Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се […]

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож


По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. -Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши […]

Малолетник крадел автомобил во Tетово, па со него удрил во „голф“


Утрово во 2.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 1 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ […]