Скопјанка тешко повредена при пад од електричен тротинет


Возењето на електричен тротинет знае да биде многу опасна работа. Имено вчера во раните утрински часови во полициската станица во Аеродром било пријавено за тешко повредена жена на возраст од 50 години откако паднала од електричен тротинет. „На 03.07.2024 во 07:15 часот, СВР Скопје доби пријава дека на велосипедската патека во општина Аеродром, Скопјанката О.К. […]

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот кон преминот Богородица


Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица. Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило […]

Почина 53-годишен маж од Тетово додека извршувал работни задачи


Во понеделникот, во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште. Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите. На лице место увид извршила увидна екипа […]

Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“


Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди вечерва за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески. Пожарот сега е ставен под контрола, допрва ќе се утврдува материјалната штета. Изгаснат е пожарот во близина на Кванташки пазар, како […]

Жена го претепала сопругот, па го обвинила за закани


Во неделата, во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје. Имало претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје. Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава […]

Исчезна млад скопјанец со здравствени проблеми


В.С.(52) од Скопје на 30.06.2024 во 18:40 часот во СВР Скопје, пријавила дека од домот на подрачје на општина Аеродром во Скопје се оддалечил нејзиниот син М.С.(25) од Скопје. Мајката пријавила дека тој имал здравствени проблеми. Според пријавеното, тој и претходно се оддалечувал и бил враќан дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите


Едно лице почина, а едно е поврдено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје денеска претпладне во село Батинци кога во нив било пукано од автомобил, соопшти МВР.  Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.  -На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со […]

Скопјанец донесен избоден во Градска болница: Не го кажува напаѓачот, само причината


На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 […]

Десет пожари на отворено од коишто еден е се уште активен


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали интервенции. Еден се уште се води како активен, во Општина Василево, кај с.Добрашинци, каде гори ниска вегетација,ниска шума и грмушки. Целосно изгасените се девет пожари на отворено  во општините: Гази Баба имало два пожара, кај […]

Малолетник избегал од дома по претходна семејна расправија


Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска (29.06.2024) во Полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12). Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Змија отровница каснала двајца велешани, итно се префрлени на Инфективната клиника во Скопје


Змија отровница каснала двајца велешани кои налетале на змиско гнездо додека работеле на лозје кај селото Војница. Змијата прво го каснала едниот за дланката, а кога другиот се обидел да му помогне, и тој бил каснат, исто така на дланката. Се упатиле кон Велес, барајќи брза помош, при што возилото ги пресретнало и им дало […]

Неколкумина повредени во три одделни сообраќајки


Во последното деноноќие се случиле неколку сообраќајни незгоди, во кои учествувал мотор, при што повеќемина се здобиле со повреди. Кај Крани пак, прегазена е малолетничка. Во петокот, во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од […]

Двајца татковци, од Прилеп и од Тетово, ги силувале своите малолетни ќерки


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден евидентирало две пријави за силување на малолетни девојчиња. Станува збор за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите ќерки.  Како што информираат од МВР, едниот случај бил во прилепско село, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.Р. (36), постапувајќи по претходна пријава […]

14-годишно момче почина откако врз него падна бојлер додека се туширал


Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер додека се туширал . Неофицијално се работи за 14 годишно момче. “Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата […]

Приведена Бугарка која во Чаир користела фалсификувана лична карта


Во четвртокот, во 13.05 часот, на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода З.А.И.(52) од Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ. Таа во банка во Скопје […]

Филков во затворот Идризово по вчерашниот инцидент – пронајдени ножеви, шипки, дрвени рачки, кабли, шрафцигери, шприцеви и игли


Министерот за правда Игор Филков ја посети Казнено-поправната установа Идризово, по вчерашниот инцидент, кој се случи во затвореното одделение Амбуланта, каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници. Филков, како што информира Министерството за правда, во разговорот со директорот на затворот Зоран Јовановски, беше информиран за настанот, како и за проблемите со кои се […]

Англичанец паднал од карпа во Охридското Езеро, пренесен е во болница


Денеска, во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.   На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско […]

Три лица работници од Непал исчезнале од Скопје


Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, Р.И.(64) од Скопје, во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени кај правното лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите работници […]

300 евра за да не објави експлицитни фотки – уапсен скопјанец кој уценувал девојка


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ. „Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР […]