Несреќен случај или самоубиство: Момче падна од катна гаража во центарот на Скопје


Малолетникот на возраст од 15 години синоќа паднал  од катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа спроти ГТЦ во Скопје, при што починал на самото место. На терен веднаш пристигнале екипи на полицијата. Неофицијално според полициски извори станува збор за самоубиство, додека порталите објавија дека момчето непосредно пред падот на Снапчет споределил фотографија на која […]

Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за обид за силување


Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд – Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување. – Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со […]

Затвор за државјаните на Македонија кои лани беа уапсени за кражби на луксузни автомобили на Халкидики


 Четворицата државјани на Северна Македонија кои лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, се осудени на затворски казни во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката […]

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, шест лица завршиле во болница


Вчера во 22 часот во Кисела Вода, во близина на општината се случила тешка сообраќајна несреќа каде биле повредени шест лица. Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(61) од Скопје […]

Санкции за правни и физички лица поради неправилности при вршење јавен превоз со товарни возила


На наплатната станица Тетово, во правец кон Гостивар, денеска полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од П.Д.(40) од Тетово, товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, […]

На почетокот на учебната година, прегазен малолетник во близина на ООУ „Лазо Ангеловски“


Булеварот „Февруарски поход“, во скопската населба Ново Лисиче, со години претставува опасност за преминување на пешаците, особено на учениците кои треба да го преминат за да стигнат во училиштето „Лазо Ангеловски“. Новите семафори на крајот на булеварот каде се сече со „АСНОМ“, треба да послужат за безбедно преминување.  Сепак, на почетокот на учебната година, вчера, […]

Трагедија на автопатот Скопје-Куманово: Загинаа млад маж и малолетник од Опае


Во тешка, брутална сообраќајна несреќа, вчера загинаа малолетник и млад маж од селото Опае, кои удриле со „мерцедес“, во паркирано товарно возило. Како што соопштија од СВР Скопје, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од […]

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје


Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Горат гуми и возила на автоплац во Струга


Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди  портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила. – Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото […]

Уапсен маж што преку социјална мрежа се заканувал на жена и изнудил 400.000 денари


Во саботата, во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 […]

Расправија во џамија заврши крваво: Му се заканувал на градоначалникот на Желино, па го избоделе


Во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот […]

Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци


Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  – Утринава  во 00.40 часот во  ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во […]

Приведен маж поради предизвикување на пожар во гостиварско


Во четвртокот, во 14 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.   По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром


Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возлата, апотоа го зафатил и другото возило.   Станува збор […]

Исмет Гури се предал на полицијата и е спроведен во Затвор Скопје


 Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури (60), кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, самиот се пријавил денеска во 13:40 часот во Скопје, потврди за МИА Министерството за внатрешни работи.  Како што информираат, потоа Гури е лишен од слобода во Полициската станица Кисела Вода и […]

Kуќа и два деловни објекти зафатени од три одвоени пожари, повредени нема


Во три одвоени пожари во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје и во околината, изгореа една викенд – куќа и два деловни објекти. Повредени лица нема, соопшти МВР. Во првиот случај пријавен вчера во 21.06 часот во СВР Скопје, се посочува дека во с.Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал […]

Повеќемина повредени во серија сообраќајки во изминатото деноноќие


Повеќе учесници во сообраќајот се повредени и пренесени во болница, во изминатото деноноќие, а учествувале во сообраќајни незгоди. Во средата, во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско […]

Две деца се здобиле со изгореници по пожар во куќа во Прилеп


Две деца се здобиле со изгореници откако избувнал пожар во куќа во Прилеп. Децата биле оставени сами во една од просториите на куќата. „Вчера  во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп , во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца […]

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 15 лица од Кина (видео)


Во средата,  во 22.45 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е […]

Престрелка во Арачиново: Рането е 24-годишно момче


А.И. (24) е ранет по синоќешната престрелка во Арачиново, информираат од МВР. Ранетиот со брза помош веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Нема повеќе информации за неговата состојба. Од МВР велат дека се води истрага за утврдување на точните околности на престрелката во Арачиново.