Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци


Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  – Утринава  во 00.40 часот во  ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во […]

Приведен маж поради предизвикување на пожар во гостиварско


Во четвртокот, во 14 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.   По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром


Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром. Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возлата, апотоа го зафатил и другото возило.   Станува збор […]

Исмет Гури се предал на полицијата и е спроведен во Затвор Скопје


 Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури (60), кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, самиот се пријавил денеска во 13:40 часот во Скопје, потврди за МИА Министерството за внатрешни работи.  Како што информираат, потоа Гури е лишен од слобода во Полициската станица Кисела Вода и […]

Kуќа и два деловни објекти зафатени од три одвоени пожари, повредени нема


Во три одвоени пожари во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје и во околината, изгореа една викенд – куќа и два деловни објекти. Повредени лица нема, соопшти МВР. Во првиот случај пријавен вчера во 21.06 часот во СВР Скопје, се посочува дека во с.Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал […]

Повеќемина повредени во серија сообраќајки во изминатото деноноќие


Повеќе учесници во сообраќајот се повредени и пренесени во болница, во изминатото деноноќие, а учествувале во сообраќајни незгоди. Во средата, во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско […]

Две деца се здобиле со изгореници по пожар во куќа во Прилеп


Две деца се здобиле со изгореници откако избувнал пожар во куќа во Прилеп. Децата биле оставени сами во една од просториите на куќата. „Вчера  во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп , во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца […]

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 15 лица од Кина (видео)


Во средата,  во 22.45 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е […]

Престрелка во Арачиново: Рането е 24-годишно момче


А.И. (24) е ранет по синоќешната престрелка во Арачиново, информираат од МВР. Ранетиот со брза помош веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Нема повеќе информации за неговата состојба. Од МВР велат дека се води истрага за утврдување на точните околности на престрелката во Арачиново.

Изгореа магацински простории на „Стокомак“ кај Струмица


Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на маркет на „Стокомак“ пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, во гаснењот на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не […]

Се повредил затвореник, на пат кон болница починал


 Затвореникот Д.Ф.(35) од Скопје вчера во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје  искршил стакло, се повредил, по што почнал обилно да крвари. Починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што информира денеска МВР, случајот вчера, во 12.35 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Идризово. Настанот се случил околу 12 часот во […]

Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово


МВР информира дека вчера попладне во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с. Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа […]

Прилепчанец палел ѓубре во дворот, па предизвикал пожар


Полицијата вчера го лишила од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар. Како што информира денеска МВР, околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, […]

Се тепале жени во Аеродром и Кисела Вода


Во понеделникот,  во 14.30 часот во СВР Скопје, А.К.(39) пријавила дека на 23.08.2024 околу 20 часот во с.Петровец, скопско, по претходно нарушени односи, била физички нападната од М.К., двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  Истиот ден,  во 7.41 часот во СВР Скопје, Ј.В.(27) пријавила дека на подрачјето на Кисела […]

Фатен возач на автобус со туѓа картичка во тахографот – казнет 7.500 евра


На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д.(54) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачката картичка […]

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари


Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје. Како што соопштија од Царинската управа, […]

Запалил кабел, изгореле 10 илјади метри квадратни: Приведен кичевец поради предизвикување пожар


Полициски службеници денеска околу пладне на булеварот „Ослободување“ во Кичево го лишиле од слобода Р.Х.(27) од Кичево под сомнение дека предизвикал пожар. Тој се сомничи дека во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу десет илјади метри квадратни. Во гасењето […]

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка


Триесет и шестгодишна жена од скопско пријавила дека на 27 јули, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка, на возраст од 17 години, кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал ќерката, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Велешанка на 40 степени оставила шестмечено бебе на клупа


Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајката на 6-месечно бебе кое на 12 јули беше пронајдено оставено на клупа на улицата „8 Септември“. Бебето го забележал случаен минувач и го однел во ЈЗУ Општа болница Велес, каде било примено во тешка општа здравствена состојба. Во текот на предистражната постапка, надлежен […]

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција


Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван […]