Бесими: Буџетот е ликвиден, се спроведуваат сите најавени мерки


Буџетот во овој момент е ликвиден и ги спроведуваме сите најавени мерки, а само од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија кои се на регулираниот пазар, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. -Ние секојдневно […]

Нова испорака на „Грин машинс“ возилата од Велес за американскиот пазар


Општо познато е дека квалитетот создава доверба. Пример за тоа е дека по неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес. Револуционерниот GM1ze, GM414 RS, првиот GM636 петрол и GM400ze RS ќе се грижат за беспрекорна чистота на просторните паркови и […]

Кризата во Украина ја „меси“ и цената на лебот


Има повеќе варијатни коишто ќе видиме како ќе се движат во следниот период и тогаш ќе знаеме каква ќе биде цената на лебот. Ако државните резерви не се полни треба да се наполнат, бидејќи добар домаќин и држава го прави тоа, порача денеска Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопанските комори. – […]

Трговците бараат 20 отсто маржа во трговијата на мало и да важи само за основните производи


Претставници на трговците на големо и на мало, кои се дел од Стопанската комора на Северна Македонија бараат да се изнајде, како што велат во соопштение, „избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало“. Под тоа тие подразбираат повисока маржа во трговијата на мало, која според нив треба да е […]

Од ССК се жалат на притисоци и закани, запален и автомобилот на извршната директорка


Раководството на Сојузот на стопански комори (ССК) се соочува со закани и притисоци околу функционирањето, во изминатите два месеца упатувани преку телефон и писма, а ноќеска бил запален и автомобилот на извршната директорка, тврди Трајан Ангелоски, претседател на ССК. Ангелоски на прес-конференција рече дека кон него биле упатени притисоци да си даде оставка од здравствени […]

Внимателно ќе ја следиме имплементацијата на Законот за минимална плата, велат од ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека неговата одлучност во барањето за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари резултирала со 90 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието да ги усвои Предлог – измените за дополнување на Законот за минимална плата и тие денеска да бидат објавени во Службен весник. Од ССМ им […]

КСС повика на усогласување на платите, од понеделник ќе одлучува како ќе постапи ако Владата не одговори


Уште еднаш повикуваме на разум и да седнеме да преговараме, во спротивно КСС следната недела ќе ги донесе своите одлуки како ќе постапува понатаму, мислам дека нема да биде коректно и натаму да бидеме игнорирани, изјави Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на Македонија, која на Владата и постави рок до 15 […]

Ангеловска-Бежоска – Бесими: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни


 Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот […]

Цената на природниот гас во Европа се намали за 28 отсто


Цените на природниот гас во Европа се намалија на речиси 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Од почетокот на денешниот ден цената на „синото гориво“ е поевтина за над 28 проценти. Цената на мартовските фјучерси на центарот TTF за само десет минути се намали за речиси 100 долари од […]

Во декември 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство


Земјава лани во декември вкупно потрошила 852.895 мегават часови електрична енергија, 50,704 милиони нормални кубни метри природен гас, 481.802 тони јаглен и 106.882 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство […]

Пендаровски: Стоковите резерви на државата се полни, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго


 Државата има доволни стокови резерви за задоволување на потребите на граѓаните, но проблем може да настане доколку кризата во Украина потрае подолго и тогаш ќе бидат потребни интервентни увози, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Утрински брифинг“. Тој нагласи дека токму за ова било разговарано и на вчерашниот Совет за безбедност, заедно со прашањата […]

(Во живо) Прес на Сојуз на стопански комори на Македонија


Сојузот на стопански комори на Македонија одржува прес-конференција на која ќе стане збор за притисоците и заканите со кои се соочува раководството на Сојузот, а кои почнаа да се ефектуираат и преку заканувачки јавувања, заканувачки писма и палање на приватни возила. Настаните околу овие случувања ќе ги соопшти претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски. […]

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година


Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. Менторите и учениците […]

Бислимоски: Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на електричната енергија


Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО. – Сѐ уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со […]

Осигурувањето неживот порасна 16 отсто, осигурениците вложија 156 милиони евра


Пазарот за неживотно осигурување лани порасна за 16 отсто во споредба со 2020 година. Осигуреници вложија 9,6 милијарди денари (156,5 милиони евра) во сите 18 класи на неживотни осигурувања. Тоа е за 1,3 милијарди денари (21 милиони евра) повеќе во споредба со 2020 година. Граѓани, фирми, здруженија и инстиуции лани склучиле речиси 1,5 милиони договори […]

Кои санкции се досега воведени врз Русија


Руската инвазија на Украина предизвика бран санкции додека глобалните лидери се обидуваат да го засилат притисокот врз Кремљ. Додека руската војска се приближува кон Киев, а украинските бегалци се движат кон соседните земји, ова се дел од санкциите воведени кон Москва досега. Американскиот претседател Џо Бајден беше првиот што објави санкции, неколку часа откако рускиот […]

Конференција за ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“. Конференцијата ќе ја отвори претседателот на КСС Благоја Ралповски, а ќе се обратат Маја Папатолеска од Министерството за труд и социјална политика, универзитетскиот професор Лазар Јовевски, економскиот експерт Евелин Астор од Меѓународната конфедерација на […]

Руските милијардери изгубиле 39 милијарди долари за еден ден


Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг. Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 проценти, што е петти најлош пад во историјата на берзата. Вагит Алекперов, претседател на управата на Лукоил, доживеа најголем пад на својата нето вредност – таа падна за околу 6,2 милијарди долари […]

САД воведоа санкции против Сбербанк


Американската администрација денеска воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, соопшти Министерството за финансии. Американските институции мора да ги затворат своите сметки во Сбербанк во рок од 30 дена. Сбербанк, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот кредитор на руската економија и банка со најмногу штедни влогови. Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки против втората […]

Банката под санкции ВТБ ги префрли сите свои акции во кипарска банка


  Руската државна банка ВТБ денеска ги префрли сите свои акции во РЦБ Банка на кипарските акционери, со што РЦБ стана банка во 100 отсто сопственост на Кипар. Овој потег има за цел да ја ослободи банката од санкциите наметнати на ВТБ банка од Западот. Рускиот акционер, кој имаше 46,29 отсто од банката, ги префрли […]