Укината царината за увоз на сончогледово масло за јадење


Владата денеска ја укина увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење, како дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Одлуиката е донесена на предлог на Министерство за економија.  Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло од други земји за кои нема […]

Финансиска инспекција ќе контролира како се трошат буџетските пари


Владата на денешната 37. седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор. Како што информираат од владината прес-служба, законот е предлог на Министерството за финансии. Целта на законот е заштитата на јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од […]

СТО ја намали прогнозата за раст на светската трговија за 2022 година


Војната во Украина ќе ја погоди глобалната трговска размена оваа година, предупреди Светската трговска организација (СТО), намалувајќи ја прогнозата за раст и предупредувајќи дека последиците ќе ги почувствуваат луѓето ширум светот преку повисоките цени на храната и енергијата. Светската економија годинава ќе порасне за 2,8 отсто, предвидува СТО, намалувајќи ја сегашната прогноза за 1,3 процентни […]

Почина Фулвио Добриќ, човекот што помогна во регулирањето на долгот на Македонија по независноста


  Со извесно задоцнување ја прочитав веста во „Њурок тајмс“ дека познатиот американски банкар Фулвио Добриќ го загубил животот во поморска несреќа. Во Македонија малкумина знаат за господинот Добриќ, а уште помалку (двајца, тројца) и лично го познававме. Неговата трагична смрт е повод пошироката јавност да дознае за неговиот животопис и на кој начин, во […]

ССМ: Договорите на определено да траат најмногу до една година


Договорите на определено време да бидат со времетраење од најмногу една година и да се склучуваат под определени услови предвидени со закон, бара Сојузот на синдикати на Македонија. – Работодавачите треба да знаат дека насекаде во светот договорите на определено време се исклучок, а не правило, тие се применуваат за привремени и повремени работни задачи […]

Австриските компании сѐ повеќе бараат краткорочни заеми


Австриската Централна банка утврди дека војната во Украина ја зголемила побарувачката на австриските компании за краткорочни заеми, првенствено за набавки во периодот на зголемени прекини во синџирот на снабдување. Побарувачката на компанијата за краткорочни кредити е во пораст од вториот квартал на 2021 година, а во тековниот квартал би требало да биде уште поинтензивна. Главни […]

Во Германија регистрирана рекордна стапка на инфлација


Германија– Инфлацијата на потрошувачките цени во Германија го достигна највисокото ниво од повторното обединување, покажуваат конечните податоци од Федералниот завод за статистика (Destatis). Индексот на потрошувачките цени е зголемен за 7,3 проценти на годишно ниво, додека во февруари изнесуваше 5,1 отсто, што е најбрзата стапка од обединувањето на Германија. Податоците покажаа дека цените на артиклите се зголемени […]

(Видео) Азески на средба со преставниците на регионалните комори при Стопанската комора


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска ќе одржи работна средба со претседателите и потпретседателите на Регионалните комори при Стопанската комора. На средбата, како што соопшти Стопанската комора, согласно видувањата и сознанијата за состојбите во компаниите од регионот кој го претставуваат членките, се очекува претставниците да ги изнесат изградените ставови, предлог мерки или аргументирани […]

Војната во Украина за економијата на ЕУ е многу полоша од корона кризата


Војната во Украина и економските санкции што следеа ќе предизвикаат многу поголеми пореметувања во европската економија и пазар од претходните кризи како што е пандемијата со корона вирусот, велат економистите. Во контекст на рускиот напад врз Украина, европските претставници ги засилија плановите за намалување на прекумерната зависност од руската енергија. Европскиот парламент во четвртокот повика […]

Од идеја до бизнис на „Стартап викенд Скопје“


Од 6 до 8 мај оваа година ќе се одржи 11. издание на „Startup Weekend Skopje“. По две години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо во „Инофеит“. Во овој период во просториите на „Инофеит“, младите претприемачи и креативци ќе добијат уникатна шанса да развиваат и тестираат своите стартап решенија. Посочуваат дека […]

„Сони“ издвои милијарда долари за нови проекти


Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ инвестираше околу една милијарда долари во американската компанија за компјутерски игри „Епик гејмс“. Ова е соопштено на интернет-страницата на корпорацијата. „Преку оваа инвестиција, со нетрпение очекуваме да ја прошириме и продлабочиме нашата соработка со ’Епик гејмс‘ заради можностите што ќе доведат до создавање нови начини на забава“, се вели во објавата […]

Некои западни компании продолжуваат со деловната активности на рускиот пазар


Повеќе од 600 компании ја стопирале или во значајна мера ја намалиле нивната деловна активност во Русија по инвазијата врз Украина. Анализата што ја спровела екипа академици од Универзитетот Јејл изготвена според прашалник пополнет од претставници на повеќе од илјада големи фирми, покажува дека и покрај многуте повлекувања во деловната активност во Русија, некои компании […]

Конференција „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“


Конференција на тема „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Едукативниот центар М6, во соработка со Италијанската амбасада во Северна Македонија и Италијанската трговска агенција Скопје (ИТА). Нутриформ е метод за етикетирање кој дава информации за хранливата вредност на храната. Тоа е италијански модел, а има […]

Лансиран новиот Schweppes Pink mixer style


Новиот пијалак од линијата миксери на Schweppes – Schweppes Pink Mixer Style и официјално е лансиран на пазарот. Нуди една нова димензија во светот на миксологијата. Овој миксер се одликува со карактеристична бледо розова боја, суптилен вкус на шумско овошје и кинин и секако, препознатливите освежителни меурчиња на Schweppes. Миксологијата покажува дека внесувањето поинакви вкусови […]

Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли


Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. – Што се однесува до плаќањето на гасот во рубли, имаме решение кое гарантира дека нема да прекршиме никакви санкции, а во исто време обезбедуваме стабилно […]

Растот на британскиот БДП во февруари нагло забави на 0,1 проценти


Растот на британската економија во февруари забави понагло од очекуваното, при што бруто домашниот производ порасна за 0,1 отсто на месечно ниво во однос на 0,8 отсто во јануари, покажува денешната официјална статистика. И покрај ниската стапка на експанзија во февруари, британската економија е за 1,5 отсто повисока отколку во февруари 2020 година, пред пандемијата на […]

Француската банка Сосиете Женерал го продаде својот бизнис во Русија


Франција – Француската банка Сосиете Женерал денеска соопшти дека го продала својот бизнис во Русија поради руската инвазија врз соседна Украина. – Сосиете Женерал ги прекинува банкарските и осигурителните активности во Русија и најавува потпишување купопродажен договор за продажба на целиот удел на групацијата во Росбанк и руските осигурителни подружници Интерос Капитал, претходен акционер на Росбанк, […]

Цените на куќите во ЕУ пораснале за 42 отсто за една деценија


Во последните 11 години цените на изнајмување на куќи во ЕУ пораснале за 16 отсто, а набавните цени за дури 42 отсто, објави Евростат. Цените на куќите се повеќе од двојно зголемени во седум земји на ЕУ од 2010 година: Естонија, Унгарија, Луксембург, Латвија, Чешка, Австрија и Литванија. При споредба на четвртиот квартал од 2021 […]

АД ЕСМ подготвува изградба на четири сончеви електрани во РЕК Битола со моќност од 280 мегавати


АД ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Како што информираат од компанијата, првата електрана од 20 мегавати ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната. -За неа во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка […]

Рубљата пак остро падна откако беше намалена контролата на капиталот


  Руската рубља силно ослабе во немирната трговија во понеделникот, поништувајќи дел од добивките од претходната недела, откако централната банка одлучи да ги олабави привремените мерки за контрола на капиталот, чија цел е да го ограничи падот на валутата. Доцна во петокот, централната банка соопшти дека од 11 април ќе ја укине провизијата од 12 […]