Трошоците на живот во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто


Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на […]

Рекордна задолженост на Германија


Германија се соочува со рекорден долг од 2,38 билиони евра, кој продолжува да расте оваа година. На ова се придружуваат дополнителни 100 милијарди евра планирани за војската. Со тоа новиот долг на Германија ќе се зголеми на 2,619 билиони евра. Официјалните лица се надеваат дека економијата ќе може да закрепне и дека земјата ќе може […]

Азески му оддаде почит на Глигорие Гоговски: Бизнисмен и џентлмен


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, му оддаде почит на починатиот Глигорие Гоговски, стопанственик и последен претседател на Извршниот совет на СР Македонија.  Обраќањето на Азески го пренесуваме во целост: Кога во 1983 година одекна веста дека на чело на „Тетекс“ од Тетово, на местото на легендарниот Стојан Ѓорчевски, кој 24 години […]

Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид


Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид. За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на […]

Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот


Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам на денеска ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид. Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и […]

„Вози право, вози здраво“ привлече илјадници учесници со велосипеди, тротинети, ролерки…


Околу 8.000 деца и возрасни во неделата попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано […]

„Ден за кариерен развој“ на УКИМ


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и […]

Бектеши: До крајот на неделата ќе одлучиме дали ќе се интервенира во делот на цените


Од почетокот на кризата со цените на дневна основа заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, секторот за трговија во Министерството за економија ги следи и цените и ситуацијата, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од […]

Започна најголемиот тест во светот: Работната недела скратена на четири дена


Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот. Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во […]

Сѐ повеќе пестициди во овошјето во Европа


Неделава се добиени загрижувачки податоци за хемиската неисправност на овошјето, врз основа на истражувањето на британската државна агенција – Европската мрежа за акција за пестициди (ПАН). Податоците покажуваат дека потрошувачите имаат причина да бидат загрижени што јадат, без разлика каде се наоѓаат.  ПАН во извештајот наведува дека истражувањето покажало дека значително е зголемена количината на […]

„Таб Мак“ инвестира 15 милиони евра, го зголемува производството на акумулатори


Дури 97 проценти од производството, „Таб Мак“ – Пробиштип го пласира на странскиот пазар главно на европскиот, а од разговорите со менаџментот добивме информација која дава мотивација дека состојбата во секторот е стабилна со тенденција за натамошен раст и развој, порача премиерот Димитар Ковачевски по посетата на оваа компанија. Ковачевски истакна дека и во услови […]

И домаќинства ќе плаќаат индустриска струја – што предвидува новиот модел со блок тарифи


Цената на струјата за домаќинствата во земјава од 1 јули ќе зависи од нивото на потрошената електрична енергија во скапата, дневна тарифа, при што ќе има четири блокови. Најниска цена ќе има за оние кои месечно ќе трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во втората група ќе бидат оние со потрошувачка до 420 киловат […]

Николовски: Моделот на осигурување на земјоделците е неодржлив


Тоа што само околу 3 000 земјоделци имаат полиси, покажува дека моделот на осигурување е неодржлив и сите се согласивме дека треба да се смени, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Пробиштип, Николовски информира дека утрово имал средба со сите 11 осигурителни компании и […]

Ќе се објави список со компаниите кои направија вештачки скок на цените


Откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален, Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Битиќи останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два […]

Се прави редизајн на дел од мерките за заштита на граѓаните и бизнис секторот


Во овој момент на дел од мерките се прави редизајн, а кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен и нов пакет мерки, најави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на фабриката Таб Мак во Пробиштип. Говорејќи за пакетот мерки за заштита на граѓаните и бизнис секторот, Ковачевски најави дека со […]

АХВ: Во првите три месеци од годинава спроведени над 12.000 контроли, труења нема


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во првите три месеци од годинава спроведе над 12 000 контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.384 мерки. Донесени се 942 решенија, спроведени се 320 едукации на операторите со храна и поднесени се 23 прекршочни пријави. Во првото тримесечје од годинава не е поднесена ниту една кривична пријава. […]

Дизелот од вечерва за 102 денари, бензините до 112


Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/литар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува […]

(Во живо) РКЕ ја презентира анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги […]

Колку заработуваат Европејците – минимална плата од 332 до 2.257 евра


Европската унија ја заострува директивата за минимална плата – веќе во вторник на 7 јуни би можело да се потпише политички договор за мерка изгласана во Европскиот парламент пред речиси една година, чија цел е да се гарантираат приходи кои можат да обезбедат пристоен стандард на живеење за работниците и нивните семејства во сите европски […]

Јавен повик за финансиска поддршка на дигитализацијата во компаниите


Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите како заедничо работно тело на Стопанската комора на Северна Македонија, Владата и Хелветас швајцарска интеркооперација со подружница во Скопје, распиша Јавин повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите. Како што информира Комората, со финансиска поддршка во одреден процент во имплементирањето на современите […]