Девизните резерви 4,72 милијарди евра


 Девизните резерви на крајот на септември  2025 година изнесувале 4.722,7 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,7%), по што следуваат монетарното злато (15,2%) и валутите и депозитите (10%).

Заборавете на програмирањето, иднината е во водоинсталатерите, столарите…, вели шефот на Нвидиа


Додека на генерацијата Z постојано ѝ се кажува дека нивните работни перспективи се мрачни бидејќи вештачката интелигенција ги загрозува позициите на почетно ниво, извршниот директор на „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, тврди спротивното. Според него, благодарение на бумот на центрите за податоци, се создаваат илјадници работни места за млади луѓе, под услов да се подготвени да се …

Заборавете на програмирањето, иднината е во водоинсталатерите, столарите…, вели шефот на Нвидиа Read More »

ЕЦБ: Поради дигиталното евро, од банките може да се повлечат до 700 милијарди евра депозити


Минатиот месец, европските министри за финансии се согласија за план за воведување на дигиталното евро, задржувајќи го правото да одлучуваат за неговото лансирање и износот на ограничувањето по корисник. Дигиталното евро би можело да предизвика повлекување на до 700 милијарди евра депозити од комерцијалните банки во случај на „бегство кон безбедноста“, според симулацијата на Европската …

ЕЦБ: Поради дигиталното евро, од банките може да се повлечат до 700 милијарди евра депозити Read More »

Албанија и Египет ќе се поврзат со подморски кабел за податоци, нов дигитален коридор што ќе го поврзува Западен Балкан


На Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Тирана, Европската комисија, GÉANT и групацијата 4iG потпишаа декларација со која се потврдува нивната заедничка посветеност на унапредување на безбедна дигитална инфраструктура со висок капацитет и зајакнување на поврзаноста на ЕУ низ целиот регион на Западен Балкан. Во декларацијата, партнерите од ЕУ ја изразија својата континуирана …

Албанија и Египет ќе се поврзат со подморски кабел за податоци, нов дигитален коридор што ќе го поврзува Западен Балкан Read More »

Растот на БДП лани бил 3 отсто, по жител достигнал 8.588 евра


Бруто-домашниот производ во 2024 година изнесуваше 964 милијарди денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 6,8 отсто. Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3,0 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Најголемо учество во додадената вредност со 17,9 отсто во …

Растот на БДП лани бил 3 отсто, по жител достигнал 8.588 евра Read More »

Една од најголемите европски фабрики за земјоделски машини го запре извозот во САД


  Една од најголемите европски компании за земјоделска механизација, „Кроне“, беше принудена да го запре извозот на голема опрема во САД поради „алармантните“ и малку познати нови тарифи кои погодуваат стотици производи, од игли за плетење и фенови за коса до комбајни. Меѓу производите на листата на деривати на челик, составена во консултација со американските …

Една од најголемите европски фабрики за земјоделски машини го запре извозот во САД Read More »

Поевтинуваат горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба …

Поевтинуваат горивата Read More »

ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија


Брисел – Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија.   Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна …

ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија Read More »

Холандската влада презеде кинески производител на чипови поради безбедносни причини. Пекинг бесен 


Холандската влада објави дека го презема производителот на чипови „Нексперија“ (Nexperia), наведувајќи ја желбата да спречи трансфер на технологија на кинескиот сопственик „Вингтех“ (Wingtech). Владата „исклучително“ одлучи да интервенира, реагирајќи на „акутни сигнали за сериозни административни недостатоци и мерки“ во „Нексперија“, соопшти Министерството за економија во соопштение објавено во недела навечер. „Овие сигнали го загрозуваат …

Холандската влада презеде кинески производител на чипови поради безбедносни причини. Пекинг бесен  Read More »

Продолжува бранот на корпоративни банкроти во Германија


Германските судови добија значително повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во септември, покажаа денес прелиминарните податоци од Федералниот завод за статистика. Бројот на барања беше за 10,4 проценти поголем во септември отколку во истиот месец минатата година, објави Дестатис, забележувајќи дека пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе издал прва …

Продолжува бранот на корпоративни банкроти во Германија Read More »

Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција


Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија. Според податоците на Државниот завод за статистика, …

Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција Read More »

Нобелова награда за економија на Мокир, Агион и Ховит за придонес во разбирањето на иновациите и одржливиот раст


Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Ховит се добитници на Нобеловата награда за економија за 2025 година за нивното пионерско истражување на иновациите, технолошките промени и долгорочниот економски раст. Мокир е американско-израелски економски историчар, Агион е Французин, а Ховит е Канаѓанец. Наградата на Шведската Riksbank за економски науки за 2025 година во спомен на Алфред …

Нобелова награда за економија на Мокир, Агион и Ховит за придонес во разбирањето на иновациите и одржливиот раст Read More »

Забавен глобален раст, трговски тензии и неизвесност: ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка денеска ги отворија своите годишни есенски состаноци во Вашингтон, во услови на забавен глобален раст, трговски тензии и зголемена неизвесност во економските политики. На состаноците учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на развојни институции од целиот свет. Главниот настан оваа недела ќе биде утрешното …

Забавен глобален раст, трговски тензии и неизвесност: ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон Read More »

На мобилен месечно се зборува по 226,57 минути


 Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале …

На мобилен месечно се зборува по 226,57 минути Read More »

Европа ги исклучува ветерниците: Мрежата не може да ја прими произведената струја 


Европската комисија и земјите-членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите, на кои им е потребна итна модернизација и проширување за што ќе бидат потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра до 2050 година. Европските земји каде што енергијата на ветерот игра клучна улога мораа да го ограничат рекордното производство на …

Европа ги исклучува ветерниците: Мрежата не може да ја прими произведената струја  Read More »

(Во живо) Денеска ќе биде објавено кој е добитник на Нобеловата спомен-награда за економија


Последната Нобелова награда за овогодинешната сезона ќе биде објавена денеска, кога организаторите ќе го објават добитникот или добитниците на Нобеловата спомен-награда за економија. Минатогодишната награда им припадна на тројца економисти – Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс А. Робинсон – кои проучувале зошто некои земји се богати, а други сиромашни и документирале дека послободните, отворени …

(Во живо) Денеска ќе биде објавено кој е добитник на Нобеловата спомен-награда за економија Read More »

Политичката криза во Франција го ослабува еврото, доларот зајакнува


На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, најмногу во однос на јапонскиот јен, додека еврото ослабе поради продлабочувањето на политичката криза во Франција. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 1,2 проценти минатата недела, …

Политичката криза во Франција го ослабува еврото, доларот зајакнува Read More »

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура


 Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, …

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура Read More »

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите


Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по само една објава на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи, беа избришани 2 билиони долари (две илјади милијарди) пазарна вредност, што покажува колку влијание сè уште има самостојна трговска политика на претседателот врз судбината на …

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите Read More »

Најмногу милијардери на Стариот континент живеат во овие три европски земји


Денес во Европа живеат неколку стотици милијардери, но три економски гиганти – Германија, Италија и Обединетото Кралство – се убедливо пред нив во однос на бројот на ултрабогати поединци и вкупното богатство што го поседуваат. Според податоците на Форбс, во 2025 година, во светот ќе бидат регистрирани повеќе од 3.000 милијардери со вкупно богатство од …

Најмногу милијардери на Стариот континент живеат во овие три европски земји Read More »