Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари


Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари, соопшти Царинската управа. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените …

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари Read More »

Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот


Од денеска во Србија според одлуката на Народната банка пошнува спроведување на мерките за олеснување за корисниците на кредити кои имаат оправдани причини за неможност за враќање. Генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на НБС, Бојан Терзиќ, вели дека новите мерки им овозможуваат на граѓаните во тешки животни ситуации – …

Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот Read More »

Филипче: Најновите економски податоци се алармантни


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни, се наведува во партиското соопштение. „Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. …

Филипче: Најновите економски податоци се алармантни Read More »

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ


Делегација предводена од  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерот на Народната банка Трајко Славески, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), што ќе се одржат оваа седмица во Вашингтон. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Емилија Нацевска и советничката на гувернерот …

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ Read More »

Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се


Во рамките на РЕсет платформата на „Реплек“ за добросостојба, под мотото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Сесијата ќе се одржи в сабота, 18 октомври, со почеток во 11.00 часот, во малата сала во СРЦ „Борис Трајковски“. Овојпат платформата добива додадена вредност, бидејќи учесниците, покрај да вежбаат, ќе имаат …

Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се Read More »

Трамп предлага забрана за увоз на кинеско масло за готвење


Американскиот претседател Доналд Трамп предложи САД да престанат да увезуваат кинеско масло за готвење како одговор на трговските тензии со Пекинг. Во објава на платформата Трут Соушл, Трамп рече дека САД можат „лесно“ да произведуваат сопствено масло и нема потреба да го купуваат од Кина. Тој го обвини Пекинг дека намерно одбива да купува американска …

Трамп предлага забрана за увоз на кинеско масло за готвење Read More »

„Џенерал моторс“ објави загуба од 1,6 милијарди долари поради промената на американската политика кон електричните возила


Најголемиот американски производител на автомобили, „Џенерал моторс“ (ЏМ), ќе претрпи загуба од 1,6 милијарди долари следниот квартал, бидејќи САД ги намалија даночните олеснувања за електричните возила (ЕВ) и ги олеснија ограничувањата за емисии, политики на претседателот Доналд Трамп. Акциите на „ЏМ“, кој инвестираше во електрични возила и ограничувања за емисии кои сега се чини дека …

„Џенерал моторс“ објави загуба од 1,6 милијарди долари поради промената на американската политика кон електричните возила Read More »

ММФ: Светската економија засега одолева на неизвесностите и тензиите. Глобалниот БДП расте, но со побавно темпо


И покрај упорната неизвесност предизвикана од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп и трговските тензии што тие ги поттикнаа, светската економија и понатаму покажува охрабрувачка способност за отпор – како во 2025, така и во 2026 година – според најновите податоци што денеска ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Институцијата очекува дека светската економија …

ММФ: Светската економија засега одолева на неизвесностите и тензиите. Глобалниот БДП расте, но со побавно темпо Read More »

Божиновска: Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга


На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени. -Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето …

Божиновска: Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга Read More »

ЕУ казни три луксузни модни куќи


Европската комисија објави дека ги казнила луксузните модни куќи Gucci, Chloé и Loewe со вкупно 157,4 милиони евра за мешање во политиките за цени на трговците на мало. Gucci мора да плати казна од 119,7 милиони евра, Chloé 19,7 милиони и Loewe 18 милиони евра. Брисел ги намали износите за сите три компании бидејќи тие …

ЕУ казни три луксузни модни куќи Read More »

Има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга и дека следната есен се очекува да почне реализацијата на тој проект. – Имавме информација преку Министерството за финансии во која имаме необрзувачки индикативна понуда која во моментот ја разгледуваме. Донесена е одлука за избор на необврзувачка индикативна …

Има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга, вели Мицкоски Read More »

Градежните работи за брзата пруга на Коридорот 10 се очекува да почнат следната година


Градежните работи за брзата пруга на Коридорт 10 се очекува да почнат следната година, а да биде готова и пуштена во употреба за пет-шест години заедно со реконструираната Железничка станица во Скопје и железничкиот крак од оваа станица до Меѓународниот аеродром Скопје. Паралелно со тоа МЖ Транспорт ќе треба да направи набавка на нови возови …

Градежните работи за брзата пруга на Коридорот 10 се очекува да почнат следната година Read More »

Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект за дигиталната трансформација на Република Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството …

Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“ Read More »

На 22.000 германски компании им се заканува клуч на врата поради несолвентност


 Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) бара реформи поради зголемениот број на барања за стечај. Бројот на барања за стечај минатиот месец е зголемен за 10,4 отсто во споредба со септември 2024 година. Во јули 2.197 компании повеле постапка за несолвентност, што е 13,4 проценти повеќе во однос на истиот месец од минатата година. Се …

На 22.000 германски компании им се заканува клуч на врата поради несолвентност Read More »

Железничката станица Скопје повеќе нема да биде големо рекламно пано и турбо-фолк хаб


  Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес-конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката …

Железничката станица Скопје повеќе нема да биде големо рекламно пано и турбо-фолк хаб Read More »

(Во живо) Ќе се реконструира Железничката станица во Скопје


Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска, ќе оджат прес-конференција на тема „Реконструкција на Железничка станица Скопје“.  Проследете ја во живо:

Кина најавува „борба до крај“ со американските царини, но и подготвеност за дијалог со САД


Министерството за трговија на Кина денеска соопшти дека Пекинг, ако биде потребно „ќе се бори до крај“, но и оти останува отворен за дијалог со САД по најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе нови царини. – Ако сакате борба, ќе се бориме до крај. Ако сакате да преговарате, нашата врата останува отвора, се …

Кина најавува „борба до крај“ со американските царини, но и подготвеност за дијалог со САД Read More »

Кристалина Георгиева: Светот нема доволна регулаторна и етичка рамка за справување со вештачката интелигенција


Државите во светот немаат доволно развиена регулаторна и етичка рамка за да се справат со брзото навлегување на вештачката интелигенција, изјави синоќа директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа повика граѓанските организации „да го кренат алармот“ поради недостигот на соодветни механизми за контрола и надзор. Според Георгиева, технолошката револуција што ја поттикнува вештачката …

Кристалина Георгиева: Светот нема доволна регулаторна и етичка рамка за справување со вештачката интелигенција Read More »

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон. Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги …

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон Read More »

Германските власти затворија 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргување


Германските истражители и финансискиот регулатор БаФин (BaFin) затворија повеќе од 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргувањето. Акцијата, наречена „Операција Херкулес“, била спроведена од полицијата во покраината Баден-Виртемберг, БаФин, Европол и бугарските власти. Целта била да се прекинат активностите на мрежи кои овозможувале измамнички инвестициски шеми преку лажни трговски платформи. …

Германските власти затворија 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргување Read More »