„Мудис“ го намали рејтингот на 10 американски банки


  „Мудис“ во понеделникот го намали рејтингот на неколку мали и средни американски банки и соопшти дека може да го намали рејтингот на некои од најголемите кредитори во земјата, предупредувајќи дека кредитната сила на секторот најверојатно ќе биде тестирана на ризици за финансирање и послаба профитабилност. „Мудис“ го намали рејтингот на 10 банки за еден …

„Мудис“ го намали рејтингот на 10 американски банки Read More »

Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит


  Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот. Остриот пораст на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст …

Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит Read More »

Илон Маск можеби ќе оди на операција


  Извршниот директор Илон Маск изјави дека можеби ќе му треба операција и планира да направи магнетна резонанца на вратот и горниот дел од грбот, според објавата на X, платформата за социјални медиуми порано позната како Твитер. Маск, кој покрај „Тесла“ има и високи менаџерски улоги во X, SpaceX и Neuralink, додаде дека ќе знае …

Илон Маск можеби ќе оди на операција Read More »

Девизните резерви на крајот на јули 3,8 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на  јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%).

Како да се „разбуди“ германската економија?


  Германската економија доживува напад на астма, а политичарите се поделени околу лекот што треба да ѝ овозможи да дише. Либералната ФДП, најмалиот член на германската владејачка коалиција, го отфрла предлогот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека економската стагнација бара итни мерки и сака побавен, но потемелен стратешки пристап. „Не ни требаат краткорочни конјуктурни програми, …

Како да се „разбуди“ германската економија? Read More »

Дури и „Зум“ им порачува на своите вработени да се вратат во канцелариите


„Зум“ (Zoom), компанијата што направи револуција за работа на далечина за време на пандемијата, им порачува на своите вработени да се вратат во канцелариите. Во соопштението, „Зум“ вели дека сега спроведува „структуриран хибриден пристап“, што значи дека вработените кои живеат во близина на канцеларијата „треба да бидат на лице место два дена во неделата“, бидејќи …

Дури и „Зум“ им порачува на своите вработени да се вратат во канцелариите Read More »

Финансискиот директор на „Тесла“ и „Господар на монетата“ ја напушта компанијата


  „Господарот на монетата“ („Master of Coin“) и главен финансиски директор на „Тесла“, Захари Кирхорн, поднесе оставка по четири години и шест месеци во оваа улога. Кирхорн ѝ се придружи на „Тесла“ пред 13 години како виш финансиски аналитичар, според неговиот профил на „Линкдин“ (LinkedIn), стигнувајќи до финансиски директор во 2019 година. „Тесла“ објави во …

Финансискиот директор на „Тесла“ и „Господар на монетата“ ја напушта компанијата Read More »

Штрајк на пилотите: Посебен проблем – контрола на летовите


Пилотите на Рајанер во Белгија денеска најавија дека ќе штрајкуваат на 14 и 15 август, а нивните главни барања се повисоки плати и подобри услови за работа. Тоа ќе биде трет штрајк на пилотите на Рајанер во Белгија ова лето, објави белгиската агенција Белга. Според Ројтерс, пилотите на Рајанер претходно одржале дводневни протести на 15 …

Штрајк на пилотите: Посебен проблем – контрола на летовите Read More »

Порака на ЕУ до работниците: Преквалификувајте се или сте аут!


Ако Европа сака да има конкурентна работна сила, мора да им одржи лекција на своите граѓани: Учењето никогаш не престанува! Со години, образовниот пат на една личност беше едноставен. Учеле на училиште кога биле млади, под надзор на наставниците. Стекнале диплома или правеле стручна обука и ги користеле тие вештини до пензионирањето. Преквалификацијата беше – …

Порака на ЕУ до работниците: Преквалификувајте се или сте аут! Read More »

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари, за еден месец поскапе 441 денар


Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 …

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари, за еден месец поскапе 441 денар Read More »

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Босна и Херцеговина на Б+


Меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (С&П) го зголеми кредитниот рејтинг на Босна и Херцеговина, од „Б“ на „Б+“, со стабилна перспектива. Аналитичарите на С&П во извештајот наведуваат дека подобрувањето на кредитниот рејтинг го одразува нивниот став за економијата на Босна и Херцеговина која се покажа отпорна, и покрај неодамнешните влијанија, вклучително и пандемијата Ковид …

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Босна и Херцеговина на Б+ Read More »

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 51,7 отсто од БДП


  Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 35,74 милијарди евра, што е 51,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии. На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 35,52 милијарди евра или 51,4 отсто од БДП. Јавниот долг на Србија на крајот на 2022 година изнесува 33,33 …

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 51,7 отсто од БДП Read More »

МИК Свети Николе размислува да го пресели производството во соседството


  Компанијата со најдолга традиција во месната индустрија во земјата – МИК Свети Николе, размислува да го пресели целото свое производство надвор од Македонија. Ова денес на прес конференција во Стопанската комора за состојбите во месната индустрија во земјава, го најави Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при …

МИК Свети Николе размислува да го пресели производството во соседството Read More »

Поскапува дизелот, пониски цени на бензините


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 03.8.2023 година. Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и …

Поскапува дизелот, пониски цени на бензините Read More »

Ќе „експлодираат“ цените на становите во Источна и Јужна Европа


Кварталната анкета на економските експерти (ЕЕС) покажа дека тие очекуваат силен раст на цените на недвижностите ширум светот во следните десет години. Според нивната проценка, просечната цена на недвижностите може да се зголеми за девет отсто за една деценија, а во зависност од регионот очекуваат дека цените би можеле да се зголемат од шест на …

Ќе „експлодираат“ цените на становите во Источна и Јужна Европа Read More »

Инфлацијата продолжува да се намалува, во јули беше 8,4 отсто


  Годишната стапка на инфлација во јули изнесуваше 8,4 отсто соопшти денес Државниот завод за статитистика. Со ова продолжитрендот на намалување на инфлацијата имајќи во предвид дека во јуни на годишно ниво изнесуваше 9,3 отсто, а во мај 11,3 отсто. Сепак, на месечно ниво и натаму има пораст на трошоците на живот (што кај нас …

Инфлацијата продолжува да се намалува, во јули беше 8,4 отсто Read More »

Најголемите европски компании загубија 100 милијарди евра поради затворањето на бизнисите во Русија


Лондон – Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија. Според Фајненшал тајмс од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на …

Најголемите европски компании загубија 100 милијарди евра поради затворањето на бизнисите во Русија Read More »

Продолжува растот на работни места во ТИРЗ, 900 нови вработувања од почетокот на годинава


Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Заклучно со јули бројот на работни места е зголемен за 14 отсто во однос на истиот период лани и достигна над 17.150. Тоа, како што покажува анализата, е за 20 отсто повеќе …

Продолжува растот на работни места во ТИРЗ, 900 нови вработувања од почетокот на годинава Read More »

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари


Москва – Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од …

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари Read More »

Се прават анализите за ребалансот на Буџетот


Во Министерството за финансии се прават анализите за ребалансот на Буџетот во којшто треба да се предвидат средства за повисоките плати на вработените во јавниот сектор што уследи по потпишувањето на Општиот колективен договор, открива премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА. – Овие средства се предвидени да се покријат со ребалансот на Буџетот, за …

Се прават анализите за ребалансот на Буџетот Read More »