Американците годинава купија повеќе од милион електрични возила


Американците купија еден милион целосно електрични возила во 2023 година, што е првпат толку електрични возила да бидат продадени во оваа земја за една година. Повеќе од 960.000 чисто електрични возила биле продадени до октомври, според извештајот на Блумберг НЕФ (Bloomberg New Energy Finance). Со очекуваната продажба оттогаш, границата од милион беше помината минатиот месец. […]

Анкета на ЕИБ: Понудата на кредити затегната во втората половина од годината


Најновата анкета на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажува дека затегнувањето на понудата за кредити што започна минатата година не е завршено, но дека се очекува големиот јаз меѓу понудата и побарувачката, забележан во претходните периоди, да се намали. Анкетата што се однесува за втората половина […]

Можен е прекин на работата во финансии по одлуката да им се скратат 30 отсто од приходите


Одлуката на Уставниот суд според која од идниот месец во Министерството за финансии и во некои од органите под ова министерство, повеќе да не го добиваат надополнувањето на плата од 30 отсто, предизвика револт кај овие вработени, кои веќе размислуваат за прекин на работата ако не се најде решение. Како што за Телма изјавил првиот […]

Растот на Македонија не е доволен да се намали јазот со ЕУ: Претставници од СБ во собраниската Комисија за финансирање и буџет


 Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска се сретнаа со претставници од Светска банка. Во фокусот на средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, била ажурираната систематска дијагностика за Република Северна Македонија, како и досегашните резултати од партнерството со Светска банка. Сања Маџаревиќ-Шујстер, виша економистка во чија надлежност е регионот на Западен Балкан, […]

Нафтата е главен извозен производ во САД за прв пат од 2009 година.


Од јануари до септември оваа година, САД продадоа сурова нафта во вредност од 86 милијарди долари на светските пазари. Според податоците на Националната канцеларија за статистика, нафтата стана најголемиот американски извозен производ за прв пат од 2009 година. На второ место се нафтените деривати кои оствариле приход од 83 милијарди долари. На трето место се […]

Пенов: Зголемувањето на приходите на општините од ДДВ и од персоналниот данок на шест проценти е тренд кој што треба да продолжи


Постигнат напредок во фискалната децентрализација, а зголемувањето на приходите на општините од ДДВ и од персоналниот данок на 6 проценти е тренд кој што треба да продолжи, посочи министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, на Годишната конференција за децентрализација и локално управување, организирана Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за […]

Данците им се придружија на Швеѓаните во бунтот против „Тесла“ и Маск


„Тесла“ се соочува со растечки бунт во Скандинавија откако данските пристанишни работници се приклучија на штрајкот на сочувство со шведските механичари, притискајќи го гигантот за електрични возила да им даде на вработените права за колективно договарање. Членовите на шведскиот синдикат IF Metall се во шестнеделен спор со „Тесла“ и добија поддршка преку секундарни штрајкови од […]

Го зголемуваат данокот – СЗО повикува алкохолот да поскапи


Светската здравствена организација повикува на зголемени даночни стапки за алкохолните и засладените пијалоци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји. Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат […]

Бислимовски вели дека до крајот на месецов 90 отсто од домаќинствата ќе имаат евтина тарифа


Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила.  – Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по […]

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари


За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! Корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички на Комерцијална банка со секоја трансакција од 6 декември 2023 до 10 јануари 2024 година учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијален добитник на вредни награди. Празничната магија дефинитивно […]

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мусаши“, „Делта“ и „Тојота“


Брисел – Европската комисија даде дозвола за заедничка инвестиција во проект за производство на автомобилски компоненти на индиската фабрика „Мусаши Авто делови Индија“, тајванската компанија „Делта Електроникс“ и јапонската корпорација „Тојота Цушо“.  Инвестицијата првенствено се однесува на производство на автомобилски делови за погонските системи на електрични возила на две тркала во Индија.  Европската комисија заклучи дека […]

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија


Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка […]

ТАВ со нов уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека ја завршиле надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Отсега, се посочува во соопштението, патниците може да пристигнуваат на аеродромот, како и претходно, […]

Азески избран за претседател на Асоцијацијата на балкански комори


Асоцијацијата на балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење. На следната Седница на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи следната недела, на 13 декември 2023 година во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот […]

Презентација на резултати од две студии изработени од Аналитика


Аналитика тинк-тенк денеска го организира настанот „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“. Ќе бидат презентирани резултатите и препораките од двете студии изработени од тимот на Аналитика „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски […]

Трет ден комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 година


 Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи со разгледување на Предлог-буџетот за 2024 година. Расправата по Предлог-буџетот почна во понеделник, а ќе трае 10 работни дена, по што треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен […]

Meѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“


Кај велешкото езеро „Младост“ од денеска до четврток се одржува Меѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“, на кој учествуваат во најголем дел винопроизводители на оваа сорта од земјава и во помал број винопроизводители од Србија, Косово, Црна Гора и од Хрватска. Домаќин на натпреварот е Асоцијацијата „Вина од Македонија“, а организатор е „Конкур Мундијал […]

Уставниот суд го замрзна зголемувањето на платите во Министерството за финансии


  Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи зголемување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот. Како што информираат од Уставен суд, донесена […]

Никогаш досега толку Германци не работеле со скратено работно време


Повеќе луѓе во Германија работат со скратено работно време од кога било досега, објави денеска Институтот за истражување за вработување (ИАБ) во Нирнберг. Стапката на краткорочна работа е зголемена за 0,3 отсто, на 39,2 отсто, во третиот квартал од 2023 година во однос на истиот квартал од претходната година. „Стапката на краткорочна работа никогаш не […]

Во Србија повеќе пари пристигаат од дијаспората отколку од странски инвестиции


Белград – Во Србија вредноста на дознаките за првите девет месеци од годинава е 3,92 милијарди евра, а вкупната вредност на директните странски инвестиции во 2023 година се очекува да биде четири милијарди евра, јави дописникот на МИА од Белград. – Во првите девет месеци од годинава во Србија пристигнале повеќе дознаки отколку во истиот […]