Цените на златото се на рекордно ниво


Цените на златото се одржаа блиску до рекордно високо ниво во средата, како одраз на нервозата на инвеститорите пред извештајот за монетарната политика на претседателот на американската централна банка Џером Пауел и прогнозите за пад на берзата. Цената на унца злато попладнето се стабилизира на физичкиот пазар на ниво од 2.126,75 долари. Во вторникот накратко […]

Македонија2025 предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување


Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична […]

Германскиот извоз во јануари се зголеми за 6,3 отсто, што е најмногу во последните 11 месеци


 Вредноста на германскиот извоз се зголеми за 6,3 отсто на 135,6 милијарди евра во јануари и беше највисока во изминатите 11 месеци, објави денеска германскиот Сојузен завод за статистика Дестатис. Пазарите очекуваа значително подобар месечен раст од 1,5 отсто. Извозот во Европската унија се зголеми месечно за 8,9 отсто, извозот во Кина за 7,8 отсто, […]

Собранието расправа за финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието  денеска ја продолжи 135. седница во рамки на која расправа по Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година. Пратениците од опозицијата посочија дека со предлог одлуката се предвидени 230 милиони денари да потроши Регулаторната комисија […]

Законот за забрана на нефер трговски практики помина на Законодавно-правната комисија


Членовите на собраниската Законодавно-правна комисија денеска дадоа поддршка за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања. Потоа пратениците треба да расправаат за него на пленарна седница. Министерот за економија Крешник […]

ТИРЗ и ЏЕТРО ќе привлекуваат јапонски инвестиции


Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании особено во делот на заеднички проекти во градежништвото и иновациите. „Ова е почеток на […]

ФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем


Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик Стартапувај 6, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем. -Јавниот повик „Стартапувај” е шести по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и […]

Битиќи до опозицијата: Како што ги дадоа амандманите, да дојдат да го слушнат одговорот


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја повика опозицијата, која најави дека ќе поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката, да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите на секој амандман.  Во одговор на новинарско прашање, Битиќи рече дека ги разгледал амандманите, но дека […]

Поскапи цени во кафулињата и кафеаните во февруари во споредба со истиот месец лани


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, е зголемен за 0,1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во однос на […]

Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат


Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка […]

Како ќе гласа ДУИ за стратешките инвестиции во енергетиката? Митилинеос е спорен


Министерот за економија Крешник Бектеши и кадар од ДУИ во Владата, најавува дека за поддршката на предлог законите за стратешки инвестициски проекти во енергетиката во партијата во текот на неделава ќе заседава надлежната комисија и ќе ги разгледа, како што вели, за да знаат пратениците во детали што треба да гласаат. Денешното отуство на пратениците […]

Холандија ќе гради четири нуклеарни централи


Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две. Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година. Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача […]

Бектеши вели ќе реагираат ако има злоупотреби со цените


Министерството за економија ќе носи одлуки кои, според ресорниот министер Крешник Бектеши, нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се […]

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер повторно работат


Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите месинџер и Трејдс повторно работат. Причината веројатно е голем прекин на серверот во матичната американска компанија Мета, јавуваат светските медиуми. Веб-страницата за следење на состојбата на онлајн сервисите „Down Detector“ покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Проблеми имаше низ целиот свет. Сопственикот на платформата Х […]

Инстаграм и Фејсбук недостапни во целиот свет


Ако ве исфрлиле од профилите на Инстаграм и Фејсбук, не сте единствените, проблемот им се појавил на корисниците ширум светот. Околу 16:20 часот Инстаграм и Фејсбук паднаа. Корисниците ширум светот не можеа да се логираат на своите профили, а оние кои претходно беа најавени беа исфрлени од нивните профили. На Инстаграм, корисниците остануваат најавени, но […]

„Глупави еко-терористи“: Реакција на Маск за пожарот во фабриката на „Тесла“ во Берлин


Директорот на „Тесла“, Илон Маск реагираше на денешниот напад врз неговата фабрика за автомобили во близина на Берлин од страна на левичарска екстремистичка група, што доведе до прекин на електричната енергија. „Овие се или најглупавите еко-терористи во светот или се марионети на оние кои немаат добри еколошки цели. Запирањето на производството на електрични возила, наместо […]

Пензиите во Германија ќе бидат најмалку 48 отсто од просечната плата, но има услови


Германските министри за труд и финансии Хубертус Хеил и Кристијан Линднер денеска презентираа реформски пакет кој има за цел да ги стабилизира пензиите и да го забави очекуваниот пораст на придонесите. Тие го претставија својот нов нацрт-закон кој има за цел да гарантира ниво на пензија од најмалку 48 отсто од просечната плата. Нивото на […]

Можно е ново проширување на Суецкиот канал


Египет ја разгледува можноста за нови активности за проширување на Суецкиот канал за да се овозможи транзит на повеќе бродови и да се намали ризикот од застој, рече шефот на управата на Суецкиот канал, Осама Раби. Управата во моментов уредува дополнителни 10 километри канали за двонасочен сообраќај и проширување и продлабочување на уште 30 километри […]

Пасошите за траспортерите се на „брзата лента“ во МВР, вели Бочварски


Пасошите за транспортерите се предадени во МВР и оттаму сум информиран дека се веќе предадени во работа во нивните управни служби и тие ќе стапат во контакт со лицата кои се заинтересирани да добијат патни исправи во наредните денови, рече министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски во одговор на новинарско прашање […]