Ветерниот парк на „Алказар енерџи“ ќе има 55 ветерници, ќе почне да се гради во 2026 година


Струја за 100 000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Ова е накусо, „профилот“ на бомбастично најавуваната инвестиција на новата Влада, за што најавите беа уште во периодот пред изборите. Сепак, инвестицијата немада се случи „уште утре“, туку нејзината […]

„Пари“: За 18 години извршителите наплатиле речиси 2 милијарди евра долгови, само лани 160 милиони


Минатата година извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра. Ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по рекордната 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра, покажуваат податоците од Комората на извршители, врз основа на кои порталот „Пари“ ги направи овие пресметки.   Лани имало 93 извршители со 327 вработени,  а во 2008 […]

Премиерот Мицкоски на претставувањето парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари (во живо)


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, ќе се обратат на започнувањето на најголемиот проект за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи.   

Ангеловска-Бежоска – Ханиг: НБ е добар пример за промовирање на финансиската едукација и вклученост


Напорите и залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги на населението се препознаени и од меѓународните институции како одличен пример на финансиска едукација и вклученост. И натаму треба да се вложуваат напори со цел натамошно зголемување на пристапот до финансии, којшто е предуслов за повисока економска активност и доход. Ова беше истакнато […]

Како се реализираа капиталните инвестиции: ДЗР откри многу слабости


Нереализирањето на договорите за изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Регионалната болница во Штип, може да ја чини државата вкупно 45,5 милиони евра, бидејќи во тек се арбитражни постапки. Ова е само една од многуте констатирани слабости и ризици во реализацијата на капиталните инвестиции финансирани од државниот Буџет, што ги презентираат од Државниот завод […]

Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули


Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.  Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето […]

Европејците сметаат дека имаат полза од меѓународната трговија


Над шест од десет граѓани на Европската Унија веруваат дека имаат корист од меѓународната трговија, што претставува зголемување во споредба со последното такво истражување спроведено во 2019 година, покажува најновата анкета на Евробарометар посветено на меѓународна трговија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето открива дека Европејците ги ценат придобивките што ги носи […]

Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари


Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Инвестицијата на Алказар […]

Национални натпревари „Microsoft Office Specialist“ и „Adobe Certified Professional“ во Семос едукација


Во просториите на Семос едукација, денеска ќе се одржи финалето на националните натпревари „Microsoft Office Specialist“ и „Adobe Certified Professional“, на кои ќе учествуваат натпреварувачи од средните училишта во земјава. Националните натпревари се одржуваат во рамките на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13 до 22 години во земјава кои […]

Презентација на резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција


Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција. Анкетата е дел од активностите на проектот „Граѓаните против корупцијата“ што Комората го спроведува од април 2023 година. Станува збор за петгодишен проект, финансиски поддржан од УСАИД, кој се реализира преку Конзорциум на разновидни […]

Ребаланс на Буџетот во втората половина на јули, најави премиерот Мицкоски


 Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку се биде како што треба, во втората половина на јули ќе има ребаланс на државниот Буџетот.  -Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат со проектите. Според […]

Расположението во германската економија продолжува да стагнира


Расположението во германската економија продолжува да стагнира. Индикаторот за економска клима, кој го пресметува минхенскиот институт за економски истражувања Ифо, во јуни во однос на мај е намален за 0,7 поени на 88,6 поени, но само поради попесимистичките очекувања. Сегашното расположение останува непроменето како што беше во мај. Во производството, состојбата се влоши по три […]

Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција


 Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција и злоупотреба на влијание – обвиненија што тој ги отфрла како „апсурдни“, изјави денеска неговиот адвокат. Вернер Хојер беше шеф на Европската инвестициска банка (ЕИБ) 12 години до 2023 година. Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) во соопштение нагласи дека е во тек истрага во која […]

Град од Сицилија повторно продава куќи за неколку евра


Сицилијанскиот град Самбука ди Сицилија, по многу успешната продажба во 2019 и 2021 година, подготвува и нова аукција на градски недвижен имот. Италијанските градови со години полека исчезнуваат и сега почнаа да нудат различни поволности за да привлечат нови жители, на пример, продавање куќа за евро. И додека некои градови се борат да привлечат купувачи, […]

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии, се обврза на посветена и чесна работа


Гордана Кочоска Димитриеска изутрината ја презеде функцијата министер за финансии од досегашниот министер Фатмир Бесими. Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.   Бесими кој со ресорот раководеше од септември 2020 […]

ВВ „Тиквеш“ ја промовираше новата автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа- инвестиција вредна 4,2 милиони евра


Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да ги подигнува стандардите во винската индустрија во земјава и регионот. Во винарницата во Кавадарци свечено беше пуштена во работа комплетно нова дигитализирана автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа.Најновата инвестиција на ВВ „Тиквеш“ во современа опрема, креирана според последните технологии во индустријата, е во вредност од 4,2 милиони […]

ИЕА: Чистата енергија ја забавува побарувачката за нафта


Растот на побарувачката на нафта во наредните години ќе се забави поради преминот кон чисти извори на енергија, што заедно со очекуваното зголемување на производството на црно злато до крајот на деценијата, може да доведе до големи вишоци на нафта на пазарот и значителни последици за нафтениот пазар, тврди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), пренесува […]

Која е „Алказар енерџи“, што ќе го гради ветерниот парк што го најави Мицкоски


  „Алказар енерџи“, одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија во обем на комунални услуги на пазарите во развој, со советодавен тим со седиште во Обединетите Арапски Емирати, е инвеститорот што ќе го гради ветерниот парк во Македонија, инвестиција која бомбастично ја најави уште во предизборната […]

Горивата поскапуваат и од 1,5 до 2,5 денари


Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари […]