Пожар во најголемата хемиска фабрика во Германија, има повредени
Во хемиската рафинерија на компанијата БАСФ во Лудвигсхафен, најголемата хемиска фабрика во Германија, во понеделникот се случи експлозија и пожар при што беа повредени 14 лица. „Во една фабрика во јужниот дел на централата дошло до експлозија проследена со пожар“, соопшти прес-службата на БАСФ. Во исто време беше соопштено дека се бара причината за експлозијата. […]