Нето богатството на Трамп се намали за 900 милиони долари откако Харис влезе во трката за Белата куќа


Богатството на социјалните мрежи на поранешниот претседател Доналд Трамп се намалува. Вредноста на уделот на Трамп во корпоративната сопственост  на Truth Social падна за 900 милиони долари откако потпретседателката Камала Харис влезе во трката за Белата куќа на 21 јули. Цената на акциите на Trump Media & Technology Group падна за околу 23% од тогаш, […]

Зошто берзата одеднаш „полуде“


Наративот на Вол Стрит се менува. Трговците долго време се обложуваат на намалување на стапките на Федералните резерви во септември, а претседателот на ФЕД Џером Пауел во основа го потврди истото во средата. Тоа намалување на стапката, што се очекуваше за шест недели, беше споредено со цените на акциите, кои растеа во текот на изминатите […]

„Шкода“ се буди: Расте продажбата, испорачани 450.000 автомобили


Во првите шест месеци од 2024 година, чешкиот производител покажа значителна финансиска сила. Во првите шест месеци од 2024 година, Škoda ги зголеми испораките на автомобили за 3,8% во споредба со истиот период од претходната година. Од јануари до јуни ширум светот беа испорачани 448.600 возила. Во првата половина од годината беа лансирани најновите генерации […]

Американските работодавци создадоа малку работни места, економистите загрижени


Резултатите непријатно ги изненадија аналитичарите кои предвидуваа стабилна инфлација од 4,1 отсто и отворање на 175.000 нови работни места за јули, според Си-Ен-Ен. Најмногу нови работни места се отворени во здравствените и социјалните служби, поточно 64.000, потоа градежништвото со 25.000, угостителството и рекреативниот сектор 23.000, јавниот сектор 17.000. Економистите ги загрижува фактот што растот на […]

Холандија купува најмногу кинески соларни панели во Европа


Во првата половина од годината, Кина извезе соларни панели со рекорден капацитет од 120.427 мегавати (MW), со што речиси половина испорачуваше во Европа, пред се во Холандија, покажаа податоците од истражувачкиот институт „Ембер“. Во првите шест месеци, кинеските производители испорачале 6,3 отсто повеќе соларни панели, мерено според капацитетот во мегавати, или околу 7.150 мегавати повеќе […]

„Интел“ затвора 17.500 работни места


Американскиот технолошки гигант „Интел“ вчера соопшти дека ќе отпушти речиси 18.000 работници и ќе ги намали капиталните трошоци за да ги стабилизира операциите на својата поделба на чипови со загуба. -Ми требаат помалку луѓе во седиштето на компанијата и повеќе луѓе на терен, со клиенти, рече извршниот директор Пет Гелсингер. Околу 17.500 работници ќе бидат […]

Волстрит: Пад на индексите, обновени стравувањата за рецесија


Американските индекси драстично паднаа во четвртокот, при што Дау Џонс Индастијал авериџ (Dow Jones Industrial Average) падна за речиси 500 поени, бидејќи се појавија стравувањата на инвеститорите од рецесија. Дау падна за 494,82 поени или 1,21 отсто за да заврши на 40.347,97. На најниското ниво на тргувањето, индексот од 30 акции загуби 744,22 поени или […]

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за субвенциите за клима уреди


Субвенциите за инвертор клима уредите за кои аплицираа граѓаните на јавниот повик на Министерството за економија во почетокот на годинава, ќе бидат исплатени по донесување на ребалансот на Буџетот. Ова вчера на брифинг со новинарите го потврди министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, која на новинарско прашање рече дека за оваа намена се обезбедени пари. […]

Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле 26,2 милијарди долари


Москва– Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле вкупно 26,2 милијарди долари, покажува актуелниот индекс на милијардери на Блумберг. Најголем пораст на богатството од јануари до август забележал поранешниот сопственик на компанијата „Еурохем“ Андреј Мељниченко, бидејќи вредноста на неговиот имот се зголемила за 6,37 милијарди долари на 25,2 милијарди долари. Мељниченко е само шестиот […]

УЈП: Трговците и вршителите на дејност да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема


   Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува трговците и вршителите на дејност да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема, односн преку фискални каси. -Мобилните екипи на Управата за јавни приходи, вршат засилени контроли за фискализација, посебно за времетраењето на летните манифестации кои се одржуваат низ општините и туристичките центри каде се […]

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени на ТППЕ Свети Николе


Компанијата ОКТА денеска донираше специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови. Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства – метални […]

МЗШВ: Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје


Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).  -Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 годин се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на […]

Комерцијална банка со извонредни резултати – за шест месеци добивка од 46,2 милиони евра


Комерцијална банка Скопје во првото полугодие годинава оствари извонредни финансиски резултати – добивката изнесува 2.844,6 денари или околу 46,2 милиони евра, за 42 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, и за 34 отсто повеќе од планот. Станува збор за до сега најголема добивка која што ја реализирала некоја банка во Македонија и тоа […]

ЕК: Стапи на сила европскиот закон за вештачка интелигенција


Европскиот закон за вештачка интелигенција, првата сеопфатна регулатива во светот за вештачка интелигенција, стапи на сила денеска. Според соопштението на Европската комисија, Законот за вештачка интелигенција е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е доверлива и дека се воспоставени мерки за заштита на основните права на луѓето. Целта на регулативата […]

Министерката Димитриеска-Кочоска смета дека не е можна пренамена на парите од пругата кон Бугарија


Пренамена на средставата одобени за пругата кон Бугарија за реконструкција на пругата кон Гевгелија е невозможна мисија. Тоа вчера го објасни евроамбасадорот Дејвид Гир, а денеска на брифинг со новинарите го потврди и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Наместо пренамена, можно е да се побара друг кредит, вели таа. Од ЕБОР и од ЕиБ […]

Наместо да вработуваат, парите ги пренаменувале: МФ објаснува зошто скратило средства за судството и обвинителството


Наспроти јавните излагања на претставниците од Судскиот буџетски совет и од Јавното обвинителство, дека со предложениот ребаланс на Буџетот им се скаретни средства со кои се доведува во прашање нивното работење, од Министерството за финансии велат дека кратење има само во делот на новите вработувања, а причината е што вработувањата не биле реализирани онака како […]

Новости на „Гугл мапс“ и „Вејз“


Американската компанијата „Гугл“ најави нови подобрувања и низа нови функции на своите апликации „Мапс“ (Maps) и „Вејз“ (Waze). Така, една од новостите е навигацијата до влезот на одредена зграда или паркинг. Следниве недели, „Мапс“ ќе почне да ги истакнува определени дестинации и влезовите на објектите, со приближувањето корисникот на апликацијата, така што тој нема да […]

Министерката за финансии ќе патува за Унгарија, но прво го чека билатералниот договор за заем


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најверојатно следната недела ќе отпатува за Унгарија, но прво, како што вели, треба да пристигне билатераниот договор.  Северна Македонија договори заем од пола милијарда евра од Унгарија, а веста за тоа ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски од Самитот на НАТО во Вашингтон.  Според изјавите на премиерот, заемот се зема под […]

Спорните серии масни коцки не се пуштени во промет, појаснуваат од „Подравка“ и од АХВ


„Подравка“ дооел – Петровец реагираше на информацијата дека се повлекуваат небезбедни коцки за супа од македонскиот пазар, при што вели дека е неточна секоја информација која упатува на присутност на производите: говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година на […]

Комерцијална банка ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола


Комерцијална банка ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола, соопшти денеска нашата најуспешна банка преку Македонската берза. Комерцијална банка има намера ги преземе сите обични акции на битолската банка. „Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските […]