Дали британската фунта пропаѓа?


Британската фунта денеска се лизна до вредноста од 1,277 долари, според која оваа недела ослабе за 0,3 отсто, а во истиот период по четврти пат падна во однос на единствената европска валута, забележувајќи вредност од 1,168 евра. Аналитичарите велат дека минатонеделното намалување на каматната стапка на Банката на Англија (BoE) изврши притисок врз фунтата, заедно […]

Расте инфлацијата во Италија


Во јули, алкохолните пијалоци и тутунот во Италија поскапеле за 2,4 отсто на годишно ниво, облеката и обувките поскапеле за 1,1 отсто, услугите во областа на рекреацијата и културата за 2 отсто, услугите во рестораните и хотелите за 4,3 проценти, што во сите наведени случаи претставува забрзување во однос на јунскиот годишен раст на цените. […]

Жестока дебата во Швајцарија, ултрабогатите се закануваат со заминување


Во Швајцарија се води жестока дебата за данокот на наследство на ултрабогатите, пишува Блумберг. Мултимилионерите и милијардерите се закануваат да се преселат поради предлогот според кој жителите со наследство во вредност од повеќе од 50 милиони франци (53,1 милиони евра) ќе плаќаат 50 отсто данок на износот над оваа граница. Во јунското истражување на ревизорската […]

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов. -Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози […]

Постигнат договор за откупната цена на оризот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На денешната средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Како што наведува Трипуновски, […]

УЈП: Дали поднесовте ДДВ 04 за изминатиот даночен период


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници за редовната даночна обврска – поднесување на даночни пријави за Данокот на додадена вредност за периодот 01.07.2024-31.07.2024 година. ДДВ – пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Управата за јавни приходи очекува  7407 даночни обврзници да поднесат ДДВ-04 […]

Основачот на „Тему“ станува најбогат Кинез


Колин Хуанг, основачот на кинеската групација PDD Holdings, која е сопственик на популарната платформа за е-трговија со попусти „Тему“, е најбогатата личност во Кина според рангирањето на милијардери што денеска го објави агенцијата Блумберг. PDD Holdings е матична компанија на „Pinduoduo“, која од нејзиното лансирање во Кина во 2015 година, ги направи производите подостапни.  За […]

Што работеа најбогатите луѓе во Југославија на крајот на 80-тите: Апсолутен рекордер бил угостител од Скопје


Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1988 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичари. Она, што пак, е најинтересно за нас во Македонија, е што најголем приход пријавил приватен угостител од Скопје, кој бил апсолутен рекордер со тогашни 171 милиони „нови“ динари или […]

Италија ќе го удвои рамниот данок за богатите странци на 200.000 евра


Италијанското Министерство за економија и финансии објави дека ќе го удвои еднократниот рамен данок за богатите странци кои се преселуваат во Италија на 200.000 евра. Според италијанскиот министер за економија Џанкарло Џорџети, дури и по зголемувањето, даночниот режим ќе остане привлечен за многу богати луѓе. Повластен даночен режим за странците кои стануваат даночни жители во […]

„Епл“ најави промена во продавницата за апликации по предупредувањето од Европската комисија


Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска најави промени во својата онлајн продавница со апликации Епстор (App Store), со кои треба да одговори на жалбите од Европската комисија. ЕК обвини дека „Епл“ ги прекршил правилата на Законот за дигитални пазари со прекумерно ограничување на развивачите на апликации да нудат содржина преку други канали. Како што тврдеше Европската […]

Случувањата на светската берза се потенцијал за заработка, не за паника, вели финансискиот аналитичар Костадиновски


Најдобро место да се обезбеди реален пораст на имотот се акциите на берзата од компании кои имаат раст во своето работење и вредност на имот пониска од моменталната цена на акцијата, порача Коста Костадиновски, основач и главен финансиски аналитичар на Капитал Ассет Менаџмент на вчерашната онлајн средба со инвеститорите. Оваа вонредна средба се одржа поради […]

Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена листата на најскапите градови во светот


  Онлајн базата на податоци „Нумбео“ во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото. На листата која вклучува 218 градови, […]

Продолжува бранот банкротства во Германија. Го достигна највисокото ниво во последните 10 години


Бранот на банкроти во Германија се прошири во јули, достигнувајќи го највисокото ниво во последните десет години, објави Институтот за економски истражувања (IWH). Во јули вкупно 1.406 компании поднеле барање за стечај, за една третина повеќе од минатата година, пресмета IWH во објавеното истражување. Институтот ги анализира последните податоци од судовите за барањата за прогласување […]

Волстрит: Пораст на индексите, стивнаа рецесиските стравови


Индексите на берзите во САД пораснаа во четвртокот, откако новите податоци за пазарот на трудот ја зголемија довербата на инвеститорите во американската економија по острата распродажба на пазарот на почетокот на неделата. СиП 500 (S&P 500) напредуваше за 2,3%, затворајќи на 5.319,31 за најдобар ден од ноември 2022 година. Дау Џонс (Dow Jones Industrial Average) […]

Електрана од биомаса произвела четири пати повеќе штетни емисии од термоцентрала во Велика Британија


Електраната Дракс, која работи со биомаса, произвела четири пати повеќе емисии на штетни гасови од последната централа за јаглен во Велика Британија, и покрај тоа што зела повеќе од половина милијарди фунти субвенции за чиста енергија во 2023 година, обелодени извештај на експерти во земјата. Електраната во Северен Јоркшир, која согорува дрвени пелети увезени од […]

СТО чекор поблиску до меѓународните правила за електронска трговија


Земјите учеснички во иницијативата за договор за електронска трговија во рамките на Светската трговска организација (СТО), меѓу кои и Словенија, по преговорите првпат го објавија текстот на идниот договор за електронска трговија. Според Министерството за економија, бенефит од ова ќе имаат потрошувачите и компаниите, особено малите и средните. Во рамките на СТО, на 26 јули […]

Аирбнб навестува слабеење на побарувачката, акциите тонат


Американската платформа за изнајмување сместувачки капацитети Airbnb објави мешани квартални резултати, додека најавата на раководството за забавување на растот доведе до остра корекција на цената на нејзината акција. Во тековниот квартал, кој ја вклучува сезоната на летни одмори, Airbnb очекува приходи во опсег од 3,67 до 3,73 милијарди долари, што е под очекувањата од 3,84 […]

Царината ќе ги зајакнува контролите и присуството на аеродромот „Скопје“


Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот […]

Половина век црно-бели линии што ја револуционизираа светската трговија


Првиот модерен бар-код беше скениран на пакување од 10 гуми за џвакање во самопослуга во Трој, Охајо пред 50 години. Не размислуваме за овие црно-бели линии, и покрај – или можеби поради – нивната сеприсутност, ниту сме свесни колку тој прв бар-код на пакување мастика за џвакање поттикна синџир на настани што го трансформираа светот. […]

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 50 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 38,18 милијарди евра, што е 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии. На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП, што значи дека државата за еден месец се задолжила за дополнителни 1,83 милијарди […]