Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје


Стопанската комора на Србија (ПКС) наскоро ќе отвори претставништво во Скопје со цел да обезбеди уште посилна поддршка за зајакнувањето на економските врски меѓу двете земји и да покаже дека Србија и Северна Македонија се вистински примери за успешна регионална соработка без бариери, јави дописникот на МИА од Белград. -Веќе направивме многу, малку ни недостасува […]

Револт на работниците на „Фолксваген“ по најавата за можно затворање на фабрики


Раководството на „Фолксваген“ се судри со работниците во средата, нагласувајќи ја потребата да се преземе „заедничка одговорност“ во обид да се сврти ситуацијата во германскиот автомобилски гигант погоден од кризата. Судирот доаѓа набргу откако производителот на автомобили сигнализираше дека повеќе не може да ја исклучи можноста за затворање на фабрика во нејзината матична земја Германија, […]

Наскоро ќе донесеме одлука за евтината тарифа на струјата: Интервју со Марко Бислимоски


Откако на крајот на мај годинава беше обелоденето дека дневната евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата ќе се зголеми за уште еден час, граѓаните се во исчекување на ваквата мерка. Сепак, иако Регулаторната комисија за енергетика е пред крај со анализите, одлуката ќе почне да се применува од Нова година, а за тоа има […]

Владата и странските инвеститори си задале задачи за реформи, законски измени и заеднички процеси


Владата и Советот на странски инвеститори денеска утврдиле задачи за реформи и закони кои што треба да бидат изменети и за процеси за кои ќе треба заеднички да работат во следниот период.   Премиерот Христијан Мицкоски по состанокот во Владата изјави дека слушнале многу добри совети и насоки  како треба да ги водат работите и процесите […]

Пелагониските земјоделци не се задоволни од владината помош за пченицата


  БИТОЛА – Пелагониските земјоделци не се задоволни од интервентната мерка на Владата да им се исплатата 3 денари за килограм пченица предадена кај регистриран откупувач. Денеска на работната средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски во пелагониската општина Новаци јасно кажаа дека државата недоволно помага, а мелничарите ја урнаа цената од годинешната жетва на […]

ММФ ќе бара од Украина девалвација на гривната, намалување на каматите и зголемување на даноците


Киев – Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во текот на неделата ќе го посетат Киев и ќе побараат од украинската Влада побрзо да ја девалвира својата валута гривна, да ги намали каматните стапки и да ги зајакне напорите за зголемување на даноците за да се надомести буџетскиот недостаток, објави „Блумберг“ повикувајќи се на анонимни […]

„Славните денови“ на глобалните автопроизводители во Кина завршија


  Странските производители на автомобили доминираа на кинескиот пазар на автомобили со децении, продавајќи милиони возила и остварувајќи огромен профит. Таа златна ера сега нагло завршува. Брзиот подем на домашните кинески производители на електрични возила (ЕВ), како што се БИД и Xpeng, го нарушува најголемиот пазар на патнички автомобили на планетата и ги остава најголемите […]

Заемот од Унгарија ќе го придвижи БДП, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека охрабрува растот на индустриското производство  кое по подолго време забележа раст минатиот месец и е добар индикатор, бидејќи, како што изјави денеска, бизнис заедницата има доверба во институциите. Очекува придвижување на БДП и со парите од заемот од Унгарија што вчера помина на седница на Владата и наскоро треба да […]

Поддржано од ЕКО Грција дел од HELLENiQ ENEREGY: Стартува ЕКО Рели Акрополис – „Рели на Боговите“


Светската автомобилска елита ќе биде дел од релито ЕКО Акрополис што ќе се одржи во Централна Грција од 5 до 8 септември. Четврта година по ред, релито ЕКО Акрополис е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е највисоко меѓународно натпреварување од ваков вид. Генерален и именуван спонзор на овој […]

Германски БМЗ ја почна изградбата на фабрика вредна 65 милиони евра, ќе вработи 1.000 лица


Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година и да реализира извоз од најмалку 60 милиони евра во првите три години.  […]

Промовирана велосипедската рута Транс Динарика со дигитална апликација, долга е 5.000 км од кои 650 км низ Македонија


Велосипедската рута Транс Динарика, револуционерна иницијатива која опфаќа шест земји од Западниот Балкан и ќе го трансформира одржливиот туризам во регионот официјално беше промовирана денес. Станува збор за иновативна патека долга 5.000 километри која не само што ги истакнува прекрасните пејзажи и богатото културно наследство на земјите од Западен Балкан, туку има за цел да […]

Донесени дополнувањата на законот за патните делници Миладиновци–Штип и Кичево-Охрид


Собранието вечерва во рамки на 13. седница го разгледа и по куса дискусија го донесе Законот за изменување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, со кој се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Со предлог текстот на Законот се предлага приватно домашно или странско правно лице да може да врши […]

Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај, за опозицијата е непотребен чекор


Собранието вечерва изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне […]

Производителите на пченица ќе добијат финансиска поддршка, зголемени субвенциите за јачмен


Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска донела одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица. Поддршката на домашното […]

СДСМ: Мицкоски се кити со туѓи перја, инвестицијата за литиумски батерии е договорена во септември лани 


Инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ, реагираа денеска од најголемата опозициска партија по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нова инвестиција за производство на литиумски батерии. Од СДСМ велат дека Мицкоски се накитил со туѓи перја. „Германска компанија, односно инвестиција за производство на литиумски батерии беше договорена уште […]

Тони Стојановски од денеска на чело на НЛБ Банка Скопје


Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и ќе ја води Банката во наредните години, соопштија од НЛБ банка. Со ова, како што се наведува, успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на […]

Средба на Божиновска со претставници на унгарското Министерство за енергетика, во фокусот вмрежувањето и зелената транзиција


Вмрежување на енергетските компании, соработка во политиките за инвестирање во обновливи извори и проекти за декарбонизација беа во фокусот на денешната средба на Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи од унгарското Министерство за енергетика. Во рамките на средбата на која високиот […]

Авто-осигурувањето ве заштитува како учесник во сообраќајот, но и вашите финансии


Поседувањето на полиса за осигурување на возилото е законска одредба која е задолжителна за секого. Но, и покрај тоа, во сообраќајот во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 возила на кои регистрацијата им е истечена еден ден, една недела, месец или повеќе месеци (според Централниот систем за издавање на АО полиси во НБО), што значи […]

Тендер за трет мобилен оператор мора да има, вели Мицкоски


Тендер за нов трет мобилен оператор мора да има, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски според кој, вчера потпишаниот Меморандум за соработка со телекомуникацискиот оператор „4иГ“ е необврзувачки и со него компанијата само пројавува интерес. Како што изјави Мицкоски, тендерот ќе биде распишан во периодот што следи. Сега, компаниите што се заинтересирани го анализираат пазарот и […]

Нова германска инвестиција со 700 нови вработувања, утре поставување камен-темелник


Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии што ќе отвори 700 нови вработувања. Како што изјави денеска, се работи за германска компанија, а утре ќе биде поставен камен-темелникот на фабриката. Инвестицијата, според премиерот, ќе изнесува 60 до 65 милиони евра. – Веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на […]