Германците плаќаат најскапа струја во ЕУ, најевтина е во Унгарија и во Бугарија


Во првата половина на 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија бележат мал пораст, од 28,3 евра за 100 киловат-часови (kWh) во втората половина на 2023 на 28,9 евра за 100 kWh.  И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во […]

Кој ќе го контролира? Дигиталното евро предизвикува несогласувања меѓу членките на ЕУ и ЕЦБ


Новата монетарна алатка – дигиталното евро, за која постојат стравувања дека би можела да го дестабилизира европскиот банкарски систем доколку погрешно се менаџира, предизвикува несогласувања меѓу најмоќните земји членки на ЕУ и Европската централна банка (ЕЦБ) околу контролата врз овој инструмент.  Дигиталното евро, замислено како виртуелен пандан на евро монетите и банкнотите, веќе неколку години […]

Шпоретите на гас причина за смртта на повеќе од 40.000 луѓе во Европа секоја година


Околу 40.000 Европејци годишно умираат поради загадувањето што го испуштаат шпоретите на гас. Штетни гасови од шпоретите на гас поврзани се со болести на срцето и белите дробови, се наведува во студијата спроведена во Велика Британија и ЕУ. Експертите предупредуваат дека јавноста не е доволно свесна за опасностите. Во просек, употребата на шпорети на гас […]

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница


Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции. – Капиталните инвестиции […]

Разговорите со банките за пласманите од унгарскиот кредит не одат како што посакува Владата


Премиерот Мицкоски денеска изјави дека разговорите со банките за пласирањето на средствата од унгарскиот кредцит за домашните компании не оделе како што очекувале во Владата. Тој посочи дека компаниите средствата ќе ги добијат по каматна остапка од 3,25 отсто, односно истата онаа по која што е добиен кредитот. Средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда […]

Случувањата во германската економија кај нас ќе се почувствуваат во вториот квартал 2025, вели Мицкоски


Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во вториот квартал идната година да имаме негативни ефекти, но од тоа нема да има негативни ефекти само кај нас, туку во целиот свет, а посебно во Европа, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Нашата цел е […]

Пад на продажбата на автомобили во Европа


 Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец. Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO […]

Жените во голема мера работат во сектори кои имаат пониски плати и помали можности за професионален развој


 Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ го промовираше документот за политики „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици и препораки“. Како што наведува Здружението, жените во Северна Македонија имаат повисоки стапки на невработеност, особено оние од руралните средини, односно 18.634 жени од руралните средини во […]

(Во живо) Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје


Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.  на конференцијата ќе се бараат одговори на тоа колкав е потенцијалот на Македонија, каков квалитет треба […]

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски (во живо)


 Изјава на премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.  Мицкоски ќе се обрати на отворањето на конференцијата заедно со Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“. 

Штедењето обезбедува стабилна финансиска иднина и во нестабилни економски услови


Финансиската писменост сѐ повеќе добива на значење кај нас и во светот, особено во услови на инфлација, на сѐ поголемото навлегување на дигитализацијата и дигиталните услуги во нашето секојдневие, но и со зачестените измами преку разни примамливи финансиски шеми кои што ветуваат брзо оплодување на парите, и најновото – можностите кои што ги нуди вештачката […]

Годишна конференција на МАСИТ со фокус на вештачката интелигенција


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ денеска и утре ја организира 19-тата годишна конференција.  Темата на конференцијата денеска е  „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а утре темата е „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ која се организира во соработка со Адвокатска канцеларија Најденовски, коорганизатор […]

Почнува ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 – фокусот годинава е на зелени решенија и иновативни технологии


Во Арената „Борис Трајковски“ денеска ќе биде отворен Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024. Оваа саемска манигфестација што ја организира Скопски Саем, ќе трае до 31 октомври. На отворањето на саемот, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет […]

Проект „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“


Економскиот институт-Скопје денеска ќе означи почетокот на проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, кој се реализира во рамки на програмата Visegrad+ Grants, (2xV4 + 2xWB6/EaP), како дел од повикот за акциски грантови за 2024 година, во областа на јавна политика и институционални партнерства. Проектот  ќе трае […]

Мистиката на земјата на сонцето – Јапонија во Limak Skopje Luxury Hotel


Јапонска крем супа чаванмуши(chawanmushi), крокети од говедско месо короке (korokke), пржено пилешко месо на јапонски начин (karaage), и познатиот десерт   од јапонски зелен чај мача, беа дел од менито на јапонската вечер што се одржа во Limak Skopje Luxury Hotel. Врвниот готвачки тим на Limak Skopje Luxury Hotel подготви вистински јапонски гурмански специјалитети, а целокупниот […]

Божиновска од РЕК Битола: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во работна посета на РЕК „Битола“. Придружувана од раководството на Комбинатот и од членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, Божиновска непосредно беше информирана околу актуелните состојби, преземените активности и идните планови за најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава. „Новите раководства на […]

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, односно за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08  отсто. Малопродажната цена […]

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.  Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.  – Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено […]

До крајот на годината треба да заврши експропријацијата за автопатите на Коридорот 8


  Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во текот на работите на Коридорот 8 во близина на Гостивар, на трасата Гостивар – Букојчани, по која директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски најави дека на овој крупен инфраструктурен проект се работи интензивно. Трајановски зборувајќи за напредокот на работите на Коридорот […]

Фолксваген ќе затвори три погони во Германија


Германскиот автомобилски концерн Фолксваген планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на Фолксваген во Волфсбург. Претседателката на работничкиот совет на Фолксваген во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот. Таа […]