ЕУ со грант од 5 милиони евра за фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“


Грант од пет милиони евра ќе добие земјава за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“ кои треба да придонесат за успешна енергетската транзиција. Договорот, кој е во вкупна вредност од 25,6 милиони евра, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), финансирана од ЕУ, денес во Министерство за енергетика, рударство и минерални […]

„Должничка листа“ – само пет државни фирми должат над 300 милиони евра


По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан, […]

Доделени Годишните награди на Македонска берза за 2024 година


На 16.12.2024 година се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2024 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.  Четврта година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз […]

Сериозно да се размисли за повлекување на измените на Законот за јавни набавки, препорачува Факиќ


Сериозно да се размисли за повлекување на измените на Законот за јавни набавки и да се спроведе широка јавна расправа која треба да донесе поквалитетна контрола на јавните набавки, смета Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации. – Предложените измени во кои се намалува контролата на јавните набавки сметам дека е контрадикторно на она на […]

„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт


Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт. – Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено […]

Коморски инвестициски форум: Економските случувањата во Европа ќе се одразат и кај нас


Никој со сигурност не може да предвиди што ќе се случува со глобалната економија, Европа се соочува со предизвици и тоа, секако, ќе се одрази врз регионот. Но, засега, сепак, и покрај ситуацијата, посебно онаа во Германија, нема најави за отпуштања на работници, дури има и потреба од работна сила, велат претставниците на Коморскиот инвестициски […]

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места


Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се грижат за своите работни места и порачува дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари. -Јасно ни е дека актуелната состојба во Германија […]

Финансиска вклученост на лицата со попреченост: НБ подготви насоки за банките и брошура за лицата со оштетен вид


Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето […]

Комерцијална банка стана партнер во Програмата за зелено финансирање во Северна Македонија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дава нова поддршка за зелено финансирање на Комерцијална банка АД Скопје во Северна Македонија. Кредитот на ЕБОР, во износ до ЕУР 4 милиони, е одобрен од Програмата за зелено финансирање, и ќе обезбеди пристап до финансирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции кои ќе се квалификуваат за […]

Какви се очекувањата на бизнисот за 2025: Еве што вели Азески


Како најголема и најзначајна бизнис заедница во државата, Стопанската комора на Македонија бара стабилност и висока одговорност за моментот во кој што се наоѓаме, посочи денеска претседателот на комората, Бранко Азески. Тој вели дека е нормално да се има различни мислења и ставови, но комората нема да ја напушти основната позиција која се фокусира на […]

Зајакнување на зелената транзиција во Македонија: Иновации во обновливи извори на енергија и складирање


Со брзиот раст на капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори и континуиран интерес за инвестиции во нови соларни и ветерни електрани, Северна Македонија е подготвена да го направи следниот чекор кон одржлива иднина, кој вклучува изградба на современи системи за складирање на енергија. Ова е клучно за да се обезбеди дека целата […]

(Во живо) Азески на Коморскиот инвестициски форум


 Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор


Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.  Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на […]

Владата нема да ги зголеми давачките и покрај препораките на Светска банка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема намера да ги зголемува давачките откако Светска банка предложи зголемување на ДДВ-то од 18 на 19 проценти. – Најлесен начин да се решат проблемите е да ги сведеме на дополнителни давачки за граѓаните. Оваа Влада нема намера тоа да го прави. Ќе се бориме на начин на […]

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Андреј Тасев и Мерита Дема. Разрешувањето е на предлог на Владата и како што се наведува во образложението, има формално-правни недостатоци во делот на исполнување на условите за […]

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар


Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во […]

Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови, но можно е некои да го намалат обемот на работа


 Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо не смета дека ќе има отпуштања во македонските фирми кои се занимаваат со производство на автомобилски делови, но можно е, како што оцени денеска, да се намали обемот на работа кај некои од нив поради ситуацијата во Германија и генерално во Европа. Според Мизо, автомобилската индустрија ќе […]

Од денеска 1.036 производи во „Новогодишната кошница“, Пазарниот инспекторат констатирал ситни пропусти


Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ континуирано расте и заклучно со денешниот ден достигна 1.036, но листата не е затворена. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од вчера се достапни за граѓаните во 38 синџири на маркети, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. – „Новогодишната […]

Пријавете го приходот од изнајмување за Нова година во УЈП


  Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање […]

Чешки милијардер ја купува британската кралска пошта


Денеска ќе биде одобрена продажбата на британската кралска пошта на чешкиот милијардер Даниел Кретински. Договорот за преземање од 5,3 милијарди фунти беше договорен во мај, но беше предмет на ревизија според законите за национална безбедност бидејќи Кралската пошта се смета за витална национална инфраструктура. Британската влада ќе ја задржи таканаречената „златна акција“ која ќе бара […]