„Хитроу“ руши рекорди, опслужил 83,9 милиони патници


Лондонски Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година, односно шест отсто повеќе од 2023 година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година. Оваа година аеродромските оператори очекуваат дополнителен раст до 84,2 милиони патници. […]

По Кина и Индија одлучи да не ги прима танкерите со руска нафта кои се под санкции


  Индија нема да дозволи танкери под новите санкции на САД да влезат во нејзините пристаништа поради пренесување руска нафта, изјави висок индиски функционер. Според него, само оние пловни објекти кои биле изнајмени пред 10 јануари ќе можат да се истоварат, под услов тоа да го сторат до 12 март, пренесува Блумберг. Покрај тоа, индиските […]

Поскапуваат бензините и дизелот


Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се […]

Кремљ оценува дека новите американски санкции ќе ги дестабилизираат меѓународните пазари


Кремљ ги критикуваше новововедените американски санкции како обид за поткопување на позициите на руските компании со регулативи кои ја нарушуваат конкуренцијата. -Во исто време, таквите одлуки секако мора да доведат до одредена дестабилизација на меѓународните енергетски и нафтени пазари, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој посочи дека Москва ќе направи се за да […]

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци


Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот. Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а […]

Предлог-законот за платежни услуги и платни системи помина на Комисијата за европски прашања


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи денеска доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за европски прашања. Заменик-министер за финансии, Николче Јанкуловски во образложувањето пред членовите на Комисијата истакна дека со предлог-измените се уредуваат одредбите од постојниот Закон со кои се уредува начинот на пресметка на […]

„Порше“ бележи пад на продажбата во светот


Волфсбург – Германскиот производител на луксузни автомобили „Порше“ денеска објави пад на продажбата во текот на минатата година на светско ниво. Испораките, во таа смисла, се намалени за три отсто – вкупно околу 310.700 возила, соопшти производителот на спортски автомобили, којшто е дел од групацијата „Фолксваген“. Додека автопроизводителот забележа раст во четири од своите пет глобални […]

Пари: Кои акции беа вистински шампиони во регионот Адрија со растот на цената во 2024 година?


Анализата покажа дека дваесет компании се вистински шампиони со раст на цената на нивните акции од 80 насто до фантастични 995 насто. Табела 1 Убедливо најголем раст на цената на акцијата има српската компанија Путеви од Пожега, која во 2024 година беше предмет на преземање од страна на друга компанија Путеви од Ужице. И оваа компанија бележи рекорден раст […]

Србија почна технички разговори со САД за НИС


Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека механизмите вградени во санкциите против рускиот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) се темелно правнички осмислени и дека ќе биде многу тешко за новата американска администрација да ги укине овие санкции без комплексна конгресна процедура. – Тимот од српското Министерство за финансии денеска почнува […]

Левица: Трошоците за живот двојно зголемени – власта без решение за инфлацијата


„Водењето политика без никаков економски концепт ја доведе работничката класа во колапс. Дивиот капитализам создаден од партиите на власт, одново и одново генерира кризи, после кои, сиромашните стануваат посиромашни, а богатите уште побогати. Главен проблем е што огромен број од вработените луѓе живеат во сиромаштија, а со две минимални плати, едно семејство не може да […]

Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно


Приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96%, што е согласно со планираното. Притоа растот на приходите и расходите во однос на претходната година е околу 10%, а буџетскиот дефицит е понизок од планираното за 2,5 милијарди денари и е на ниво од 4,4% од БДП, соопшти Министерството за […]

Белгијците се меѓу најбогатите жители во Европа


    Белгиските жители се меѓу најбогатите во Европа и се значително побогати од просекот во еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија (НББ). Експертите на НББ наведуваат дека вкупното нето-богатство на домаќинствата во Белгија се проценува на 2,8 трилиони евра на крајот на 2022 година, објави „Брисел тајмс“. Се забележува дека просечното богатство по домаќинство во […]

Ангел Анѓушев: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици


„За да се освојат нови пазари, потребно е да се преземат ризици. Колку поголем ризик толку поголем профит. Можеби понекогаш не е добро премногу да се размислува затоа што ако човек премногу анализира, може да дојде до заклучок дека не треба ништо да преземе зашто сè е опасно“, вели оперативниот директор на „Грин машинс“, Ангел […]

Во кои земји работниците се најдобро платени?


Платите значително се разликуваат од земја до земја во рамките на ЕУ и земјите што се дел од единствениот пазар. Во 2023 година просечната годишна плата на вработените во Европа била 33.500 евра. Највисоки плати имало во Швајцарија, а најниски во Бугарија. Еве како изгледаше во 2024 година. Лани Швајцарците имаа највисоки плати. Просечната нето […]

„Епидемија“ на стечаи во Германија


Германската економска криза не попушта, а бројот на компании кои банкротираат расте. Минатата година, 16,8 отсто повеќе луѓе покренале постапка за несолвентност отколку во 2023 година. Во декември, 13,8 отсто повеќе компании поднеле барање за стечај отколку 12 месеци претходно, соопшти националната статистичка служба Дестатис. Податоците опфаќаат само стечајни случаи во кои правосудството го направило […]

Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони


Откупот на тутунот е при крај, Досега се преземени преку 20 илјади тони по просечна цена од речиси 400 денари. На теренот, главно во прилепско-пелагонискиот регион за откуп остануваат уште околу 1000 тони. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат дека откупот ќе заврши за 15-тина дена, иако законскиот рок е до крајот на февруари. -Откупот […]

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. […]

Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари, потсетува УЈП


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице […]

Туристичката понуда на саем во Утрехт: Холанѓаните заинтересирани за Охрид и Македонија


Интересот на холандските туристи за патување во Македонија е забележан и на третиот ден од саемското претставување на нашата туристичка понуда на познатиот 54. Меѓународен саем за патувања што се одржува во холандскиот град Утрехт. -Традиционалната поврзаност со Охрид надополнета со збогатена туристичка понуда, гастрономските и културните тури, како и излетите во природа се доволна […]

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија


Опозицискста СДСМ во соопштение до медиумите се осврнува на последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, а трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти. „Со […]