„Дизер“: Една од 10 песни на стрим-платформата е лажна


Музичката стрим-платформа „Дизер“ (Deezer), со седиште во Париз, Франција, денеска објави дека една од 10 песни коишто се поставуваат на стрим-сервисот секој ден, е или лажна или само бучава создадена од програмите за вештачка интелигенција. Лажните песни, секако, вообичаено се придружени со не така „лажни“ сметки на измамниците заради лесна заработка. Технологијата за откривање измами […]

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност


Тековните активности и проекти кои се реализираат во земјава со поддршка на организациите на ОН беа тема на разговор на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со постојаниот координатор на Обединетите нации во државава Рита Колумбија, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа. Фокусот на дискусијата, […]

Јовановиќ : Ако се остварат најавите на Трамп за царини за Кина и ЕУ, тоа ќе значи трговска војна и забавување на глобалниот раст


Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки.  Тоа, како што вели Јовановиќ, ќе значи повисоки цени на увозните […]

Цената на кафето на рекордно ниво по намалените испораки од Бразил


Цените на кафето арабика денеска достигнаа максимум благодарение на силната побарувачка и ниската понуда од Бразил. Цените на арбика денеска е зголемија за над 2,1 отсто, достигнувајќи рекордни 3,489 долари за една фунта (0,4 килограми). Според трговците, вниманието на пазарот останува насочено кон испораките од Бразил, кој е најголемиот производител на кафе во светот, додека […]

Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска: Се очекува ценовна и финансиска стабилност


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја примила гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информирала за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка. На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, било констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат […]

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје. „Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје, односно […]

Во 2024 ЕУ произведе повеќе струја од соларни панели отколку од јаглен


 Количествата на електрична енергија добиени од соларните системи во Европската Унија во текот на 2024 година првпат ги надминаа оние произведени во термоцентралите на јаглен, покажува студијата на тинк-тенкот „Ембер“.  Во документот, објавен денеска, се посочува и дека во исто време лани количеството на струја добиени од централите на ветер останало речиси непроменето во однос […]

Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станале владини советници


Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски – Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски, пишува денес „Фактор“. За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски […]

Царините на Трамп за ЕУ и Кина ќе значат трговска војна и забавување на глобалниот раст, вели Јовановиќ


Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки.  Тоа, како што вели Јовановиќ, ќе значи повисоки цени на увозните […]

Управува ли Кина со Панамскиот канал?


  За време на инаугуративниот говор, американскиот претседател Доналд Трамп го повтори тврдењето дека Кина го контролира Панамскиот канал. „Кина го води Панамскиот канал, а ние не ѝ го дадовме на Кина. Ние ѝ го дадовме на Панама и го враќаме“, рече тој. Панамскиот канал, долг 82 километри, минува низ централноамериканската земја и е главната […]

Додека се изградат когенеративните постројки и Чебрен, опција се батериски системи


Инвестициите во обновливи извори се добри, но за стабилен енергетски систем ни треба производство на базна енергија. Системите за базна енергија, како Чебрен и Галиште, ќе мора да ги реализираме во наредниот период, но нивната изградба трае со години, а таков луксуз не можеме да си дозволиме. Затоа, за некој покус рок, мора да најдеме начин за […]

По Амазон, и Гугл одлучи да ги зголеми инвестициите во „Антропик“


Гугл ќе инвестира над една милијарда долари во стартапот за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), објави денеска весникот „Фајненшл тајмс“. Anthropic е главен конкурент на OpenAI во таква област како базични модели за вештачка интелигенција. Гугл веќе има инвестирано две милијарди долари во Anthropic. Амазон, лидер во електронската трговија, кон крајот на минатата година ги дуплираше […]

Македонските менаџери мора да тежнеат кон помодерен начин на водење на компаниите за долгорочно да ги задржат вработените


Македонските компании треба да бидат извонредни средини, мотивирачки и креативни за да ги задржат вработените да не се иселуваат. Мора да се трудат да создадат подобра работна атмосфера каде ќе има тимска работа, вработените ќе бидат ценети и почитувани, со цел да бидат позадоволни, а со самото тоа и попродуктивни и поиновативни.  Од Македонската асоцијација […]

Средба Божиновска – Габриел: Енергетската иднина поддржана од ЕИБ


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која дискутираа за тековните и идни проекти во енергетскиот сектор, со посебен акцент на интерконекторот за гас кој ќе поминува низ земјава.  На средбата Божиновска ја истакнала важноста на овој проект за енергетската […]

Европа во Давос, Македонија во Вашингтон


  Светскиот економски форум во Давос, еден од најзначајните глобални настани што секоја година традиционално се одржува во јануари во познатиот швајцарски туристички центар, годинава беше заобиколен од македонски претставници. Дали поради отсуство на покана, или пак, поради определување други приоритети и желбата да се биде блиску до планетарниот настан број еден – инаугурацијата на […]

Скопје -Женева и Скопје – Париз, две нови линии од скопскиот аеродром


Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне […]

Нов план за спас на електричните автомобили: Се воведуваат субвенции ширум ЕУ?


За германската автомобилска индустрија, која моментално е под голем притисок, ова би било голема помош. ЕУ планира да воведе нови стимулации за купување електрични автомобили во сите земји-членки. Германскиот канцелар Олаф Шолц го потврди овој предлог за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Во многу земји од ЕУ, националните субвенции за […]

Тргувањето со акциите на НИС замрзнато на неопределено време


Српската комисија за хартии од вредност ја продолжи забраната за тргување со акции на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на неопределен период, потврди Марко Јанковиќ, директор на таа државна институција. Како што истакна за Курир, ваквата одлука е донесена врз основа на европската пракса во слични ситуации. – Сите ги следевме вестите за воведување санкции […]

Златото на највисоко ниво во последните три месеци


Златото се искачи на највисокото ниво во текот на денот од почетокот на ноември, при што трговците ги следат изгледите за глобалната економија додека претседателот Доналд Трамп продолжи да ги истакнува своите позиции за трговските и имиграциските политики. Златните шипки се тргуваа околу 2.754 долари за унца, откако скокнаа за 1,4% во претходната сесија, бидејќи […]

Акциите на „Оракл“ се вивнаа по планот на Трамп за ВИ вреден 500 милијарди долари


Акциите на „Оракл“ (Oracle) скокнаа за речиси 9 отсто во Франкфурт во средата, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека компанијата ќе направи големи инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција, заедно со OpenAI и SoftBank. Заедничкото вложување, наречено Старгејт, планира да инвестира 500 милијарди долари, рече Трамп претходниот ден во Белата куќа. Акциите на „Оракл“ […]