Мета ќе плати 25 милиони долари затоа што ги укина профилите на Трамп на социјалните мрежи


Американската технолошка корпорација Мета се согласи да плати 25 милиони долари во судска спогодба за да ја реши тужбата на Доналд Трамп за укинувањето на неговите профили на платформите на социјалните медиуми на Мета по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Мета потврди дека ќе донира 22 милиони долари на претседателската библиотека на […]

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки


Инспекторатите ќе продолжат да работат како органи во состав на министерствата и нема да имаат сопствена буџетска сметка. Не ќе можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и вработувања, ниту да одлучуваат за правата и обврските од работен однос на вработените. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски […]

ЕЦБ повторно ќе ги намали каматните стапки во четврток


Европската централна банка се очекува да ги започне своите состаноци во 2025 година со уште едно намалување на каматните стапки во четврток, бидејќи трговците бараат да проценат колку централната банка е подготвена да отстапи од застојот на Федералните резерви. Пазарите на пари во средата оценија дека намалувањето ќе биде 35 базични поени на состанокот во […]

„Mајкрософт“ истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI


„Mајкрософт“ и „ОпенЕјАј“ (OpenAI) водат истрага за тоа дали „ДипСик“ (DeepSeek), кинески стартап за вештачка интелигенција, незаконски презел податоци за технологијата на развивачот на ChatGPT, објави денеска Блумберг. Експерти за безбедност на „Мајкрософт“ оваа есен регистрирале масовно извлекување на податоци преку програмскиот интерфејс на OpenAI од лица за кои се претпоставува дека се поврзани со […]

И Дурмиши го поддржа бојкотот на маркетите


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со поддршка за најавената иницијатива за бојкот во петок за пазарење во маркетите. На социјалната мрежа „Фејсбук“, Дурмиши вели дека тоа е граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите. – Ги поддржуваме граѓаните во бојкотот пред […]

Нов циклус бесплатни обуки за уредување на Википедија


Викимедија МКД, огранокот на Фондацијата Викимедија која стои зад Википедија и нејзините сродни проекти, ја зголемува и збогатува својата програма, соопштија од Викимедија МКД. Поради зголемен интерес од јавноста, како дел од активности, Викимедија МКД најавува нов циклус бесплатни обуки за уредување на Википедија. „Овие обуки се одлична можност за сите кои сакаат да научат […]

Ефективната камата за унгарскиот кредит ќе биде 5,2 отсто тврдат од СДСМ


  Опозициската СДСМ тврди дека ефективната камата за кредитот од Унгарија за компаниите ќе биде 5,2 отсто. „Каматната стапка од 3,25 отсто годишно изгледа конкурентна во споредба со просечните каматни стапки за државни заеми во регионот. Сепак, договорената дополнителна каматна стапка од 1,95 отсто за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки […]

Мицкоски очекува унгарскиот кредит за компаниите да придонесе за задвижување на економијата


Премиерот Христијан Мицкоски очекува 250. милиони евра од унгарскиот кредит наменет за компаниите да придонесат за задвижување на економијата, заедно со кредитот од 250 милиони евра наменет за капитални инвестиции во општините и со директните странски инвестиции во 2024 година, кои очекува да надминат една милијарда евра. Владата на вчерашната седница ги одобри договорите за […]

Технолошкиот сектор на Волстрит закрепнува, „Нвидиа“ во плус девет проценти


На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во вторникот, исто како и Насдак, што главно се припишува на закрепнувањето на цените на акциите во технолошкиот сектор, по големиот пад претходниот ден. Дау Џонс зајакна 0,31 отсто на 44.850 поени, S&P 500 порасна за 0,92 отсто на 6.067 поени, а Насдак индексот порасна за 2,03 отсто на […]

Најголемиот државен инвестициски фонд во светот лани заработи 222 милијарди долари


Норвешкиот државен фонд од 1,8 трилиони долари, најголем во светот, во средата објави рекорден годишен профит од 2,51 трилиони круни (222 милијарди долари), поттикнат од минатогодишниот раст во технолошкиот сектор. Ова е втора година по ред со рекордни годишни профити, надминувајќи ги 2,2 трилиони круни заработени во 2023 година. „Американските технолошки акции се покажаа особено […]

Советот на ЕУ ќе расправа за високите цени на производите


Советот на ЕУ ќе го разгледа прашањето за високите цени на производите, изјави полскиот министер за економски развој и технологија, Кшиштоф Пашик, за време на седницата на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент. „Ова е итно, конкретно прашање што влијае на милиони граѓани во ЕУ. Можам да ви кажам дека […]

Од денеска ригорозни контроли во маркети и други трговски објекти


Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски […]

Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно


Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните аспекти за приклучување кон системот за плаќање во евра СЕПА“, на која учествуваа претставници на Светската банка, Европската централна банка, Европскиот платежен совет, на Италијанската асоцијација на банки и на други финансиски институции. „Би сакал […]

„СВОД МАСТЕР АД“ ќе емитува иницијална јавна понуда на акции преку Македонската берза заради докапитализација


Акционерското друштво „СВОД МАСТЕР“, коe управува со стриминг платформата  „Глеј“ (GLEY), денеска соопшти дека донело одлука да емитува иницијална јавна понуда на акции (IPO) преку Македонска берза.  Одлуката е донесена од Собранието на Друштвото на 22 јануари годинава и како што соопштуваат, тоа ќе биде и првата IPO на домашната берза од компанија, која преку […]

М6 Едукативен центар со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски


М6 Едукативен центар го стартува сопствениот поткаст „Чекор напред со М6“, каде преку разговори со врвни експерти и докажани професионалци ќе понуди уникатен увид и професионални искуства за различни аспекти на бизнисот и личниот развој. Овој проект има за цел да ги поттикне професионалците од различни области и компаниите да развиваат стратешки пристап, знаење и […]

„Лидл“ го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година


Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на „Лидл“ во 2024 година. Извозниот промет бележи пораст од 25 пати во однос на истиот период лани, а заедно со „Лидл Северна Манедонија“, 20 македонски компании реализирале извоз во 3 земји од регионот – Србија, Бугарија и Хрватска. „Минатата година […]

ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците


Европската комисија предложи нова регулатива со која се регулира увозот на азотни ѓубрива во ЕУ и има за цел намалување на зависноста од руските ѓубрива и зголемување на нивното производство во рамките на блокот. Но, ваквата идеја наиде на неодобрување од страна на европските земјоделци, кои сметаат дека таа ќе им донесе зголемување на производствените […]

Кој е новиот министер за финансии на САД? Има две клучни задачи


Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии, давајќи му на менаџерот на хеџ-фонд и милијардер централна улога во обликувањето на политичките амбиции на новата администрација на Доналд Трамп да ги намали даноците и трошоците и да управува со економските односи. Номинацијата на Бесент беше поддржана од 68 членови на Сенатот во понеделникот, […]

Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна Македонија). На средбата, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, присуствуваше директорката на АХК Антје Ванделт и заменик-германскиот амбасадор Јан-Аксел Фос и се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на […]

„Боинг“ објави загуба од 11,8 милијарди долари во 2024 година


„Боинг“ денеска објави голема загуба во четвртиот квартал поради долг штрајк на работниците, големи безбедносни проблеми на комерцијалните авиони и пречекорување на трошоците на договорите за одбрана. Американскиот авијациски гигант објави загуба во четвртиот квартал од 3,9 милијарди долари, со што загубата за целата година (2024) изнесува 11,8 милијарди долари. Приходите во четвртиот квартал беа […]