Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД


Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите.  Трамп во петокот од Белата куќа порача дека „апсолутно“ […]

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина. За увозот од соседите Канада и Мексико царините се 25 отсто, додека за увозот од Кина тарифата е 10 отсто. За увозот на енергенси од Канада, тарифата е пониска, односно 10 отсто. Трамп најави […]

Трамп најави царини за Мексико и Канада. Еве кои производи се „на нишан“


Претседателот Доналд Трамп оваа недела рече дека тарифите за американските соседи Канада и Мексико ќе пристигнат во сабота. Двата народа не се блиски само географски, туку и економски. Бизнисот меѓу северноамериканските нации сега ја надминува Кина, со вкупно 1,8 трилиони долари во 2023 година. Тоа е многу повеќе од 643 милијарди долари во трговија што […]

За пет години лебот поскапел 65 отсто, трети сме во Европа по зголемување на цената


Во Македонија во последните пет години лебот поскапел за 65 отсто, што е едно од наголемите поскапувања на овој производ меѓу европските земји. Како што покажуваат податоците на Евростат тоа е третото најголемо поскапување на лебот во изминатите пет години. Поголеми поскапувања на лебот имало во Унгарија, каде лебот во тој период поскапел за 113 […]

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, УЈП со детали


Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера. -Податоците од […]

За унгарскиот кредит заинтересирани 200 прилепски фирми, но само 25 имаат целосна документација


Околу 200 компании од Прилепскиот регион пројавиле интерес за да користат средства од унгарскиот кредит, а реално, 25 фирми, во моментов, се со целосна документација, подготвени за аплицирање. -Според податоците што ги имаме добиено од комерцијалните банки, интересот секојдневно се зголемува за користење на унгарскиот кредит. Од 200 заинтересирани компании од Прилепскиот регион, 25 веќе […]

По бојкотот се разбудија и институциите – инспекторите ги „чешлаат“ големите маркети


Премиерот Христијан Мицкоски денеска еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност. Повеќе детали за анализите најави од […]

Мицкоски очекува во јуни да почне изградбата на ветерниот парк Штип, Карбинци и Радовиш


Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три општини – Штип, Карбинци и Радовиш, инвестиција од близу половина милијарда американски долари. Очекувам инвеститорот до тогаш да ги заврши сите проекти и се што е потребно за оваа инвестиција да стане реалност, истакна денеска […]

Нов дизајн на евро банкнотите: реки, птици, Марија Кири и Леонардо да Винчи


Европската централна банка (ЕЦБ) избра идеен дизајн за нови банкноти на еврото што вклучува птици, реки и познати личности како Марија Кири и Леонардо да Винчи. „Новите банкноти ќе го симболизираат нашиот заеднички европски идентитет и различноста што не прави силни“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Првата тема, европската култура, ги слави заедничките културни […]

ЕУ бара инструменти со кој парите на Европејците „ќе работат, наместо да спијат“


Последниве месеци во Брисел се почесто може да се слушнат термините „Унија на пазарите на капитал“ и „Унија за штедење и инвестиции“.  За потребата од зајакнување на Унијата на пазарите за капитал во неколку наврати говореше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека терминот Унија за штедење и инвестиции го промовираше поранешниот […]

Селектирањето отпад треба да е нераскинлив дел од активностите на градинките, училиштата и компаниите. Какви се западно европските искуства?


Многу македонски семејства живеат во западно европските градови. Организиран транспорт, чистота, системски правила се работи кои први ги забележуваат. Секундарно, а многу впечатливо е дека во овие градови речиси секој аспект од животот е поврзан со екологија, селектирање на отпадот и заштита на животната средина. За селектирање и рециклирање се учи од најмала возраст. Уште […]

Младите место не ги држи: Кај сакаат да живеат и работат во ЕУ?


Што ги тера младите да се спакуваат и да си заминат од родната земја? Според статистичките податоци на Евростат од 2023 г., 14,2 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се родени вон земјата во којашто моментално живеат, а 11,9 отсто живеат во друга земја од таа чиешто државјанство го имаат. Ситуацијата […]

Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите


 Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Повикот за бојкот ги остави речиси […]

Путин одобри повлекување на Голдман Сакс од Русија


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин денеска даде зелено светло на инвестиционата банка Голдман Сакс да ја продаде својата руска подружница, што претставува симболичен потег во контекст на масовното повлекување на западните компании од Русија. Американската банка, која во 90-тите години беше ангажирана од Кремљ за привлекување странски инвеститори, уште во март 2022 година најави дека […]

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии се стабилни, Буџетот е ликвиден


Јавните финансии се стабилни и ликвидни. Буџетот се реализира согласно планот и редовно се сервисираат обврските. Дефицитот во 2024 е понзок од проектираниот, а исто така и нивото на јавен долг на крајот на 2024 е пониско од проектираното. Процесот на исплата на Еврообврзницата од 2018 година е успешно заокружен, а се работи и на […]

МБА: Договорите со банките ќе се потпишуваат согласно нивните интерни процедури


Македонската банкарска асоцијација попладнево соопшти дека од страна на Развојната банка е доставен рамковниот договор за учество во кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите. Банките, како што информираат од МБА, ќе ги потпишуваат договорите со Развојната банка во согласност со нивните интерни процедури, а по склучувањето на договорите, средствата ќе бидат ставени на […]

Канада и Мексико во исчекување на царините што Трамп треба да ги воведе в сабота


  Компаниите, потрошувачите и земјоделците ширум Северна Америка се подготвуваа во петокот за американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на канадскиот и мексиканскиот увоз в сабота, потези кои би можеле да ја нарушат годишната трговија од речиси 1,6 билиони долари. Трамп постави краен рок во сабота да ги наметне казнените мерки […]

Банките и Развојна банка уште не почнале да потпишуваат договори за унгарскиот заем за компаниите


На седницата на Владата во вторникот поминаа договорите кои се однесуваат на унгарскиот заем за да ги поддржиме активностите на компаниите. Оние 250 милиони евра кои ги ветивме ќе бидат веќе ставени на располагање. Владата ги усвои договорите, се чекаат уште последните мислења кои сметам дека заклучно со денеска ќе бидат завршени и веќе од […]

Кај кои фирми доцни повратот на ДДВ: Еве што велат Петрова и Димитриеска-Кочоска


На фирмите кај кои не се утврдени нерегуларности, им се исплаќа повратот на ДДВ согласно законскиот рок од 30 дена. Доцнењето кај некои фирми се должи на дополнителните контроли што се прават од страна на надлежните институции, тврдат од Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи. Директорката на Управата за јавни приходи Елена […]

Потребен е дијалог меѓу производителите и продавачите: Мицкоски и Азески за бојкотот


Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваат денешниот бојкот на големите ланци маркети и сметаат дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени, е дијалогот меѓу производителите и продавачите. -Ќе поддржам се што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира. Сепак, како претседател на […]