Кристијан Михајлоски сменет од Надзорниот одбор на М-НАВ


 Кристијан Михајлоски е сменет од член на Надзорниот одбор на М-НАВ, откако во октомври лани беа сменети и претходните двајца членови, Димитар Џеков и Едмонд Калиќи, и на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ. Тогаш Кристијан Михајлоски остана, но сега е отповикан од функцијата. Државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, вчера преку […]

Diners Club – 75 години во светот и 30 години во Македонија! „75 години иновација, 30 години лидерство – Diners е повеќе од картичка“


Во далечната 1949 година, Diners Club ја создаде првата кредитна картичка, отворајќи врата кон револуција во начинот на плаќање ширум светот. Од тогаш до денес, Diners е синоним за иновација, доверба и привилегии. Како започна приказната?     Идејата за првата кредитна картичка доаѓа од познатиот американски бизнисмен Frank McNamara, кој се нашол во непријатна […]

Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки од пред пандемијата


Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг” на „Слободна ТВ”. Таа посочи дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната […]

ФАО: Цените на храната се намалуваат и во јануари


Цените на храната се намалуваат и во јануари, значително повеќе отколку на крајот на 2024 година, со значително поевтини растителни масла и шеќер, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на ФАО за потрошувачката кошничка со основни прехранбени производи во јануари во просек изнесувал 124,9 бодови, што е […]

Инженерската институција избира Млад инженер на годината


Инженерската институција на Македонија (ИМИ) избира млад инженер на годината. Повод за воспоставување на оваа иницијатива е Денот на македонските инженери, 21 март 2025 година, со што преку изборот ќе се промовираат младите инженери на национално и на меѓународно ниво. Наградата за победникот е платено учество на Европската конференција на млади инженери. За еден инженер […]

РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат […]

„Шејн“ под лупа на ЕК поради сомнежи за продажба на илегални производи


Европската комисија денеска испрати барање до интернет платформата за онлајн трговија „Шејн“ за доставување подетални информации за „ризиците поврзани со присуството на нелегални содржина и стоки на нејзиниот пазар“, како и за транспарентноста на нејзините системи за препораки за корисниците.  Покрај ова, Комисијата бара од „Шејн“ да и обезбеди и детални информации за мерките што […]

Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат непроменети


 Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,444 денари и еден килограм ќе чини 47,469 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

ЕК се обидува да ги намали стравувањата на синдикатите од нејзината „пробизинс агенда“


Еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис ветил дека Европската комисија ќе одржува редовни консултации со претставниците на европските синдикати со цел да ги намали нивните стравувањата дека новите мерки на Брисел за поттикнување на економскиот раст на ЕУ одат во интерес на бизнисот, а на штета на работничките права. Според генералната секретарка на Европската конфедерација на […]

Infinum ја презеде амстердамската дигитална агенција Your Majesty


Водечката регионална дигитална компанија Infinum ја презеде холандската агенција Your Majesty. Аквизицијата беше претставена од страна на менаџментот на двете компании на заеднички настан во Амстердам. Your Majesty е етаблирана агенција специјализирана за дизајн и брендинг. Има десетина вработени и може да се пофали со светски познати клиенти, меѓу кои Adidas, Airbnb, Netflix, Samsung, The […]

Средба Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки


Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери. Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за […]

Нов бојкот на маркетите, надлежните најавуваат мерки против поскапувањата


За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Додека граѓаните се повикуваат на нов бојкот поради високите цени на основните прехранбени производи, надлежните најавуваат мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник.  До крајот на неделата […]

Царините на Трамп може да предизвикаат голема штета врз американската економија


Казнените царини што сака да ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за Канада, Мексико и Кина може да предизвикаат голема штета на американската економија, покажуваат пресметките на институтот Ифо. Американскиот извоз би можел да падне до 22 отсто доколку овие три земји преземат контрамерки од слична големина, соопшти минхенскиот институт. Канада и Мексико не само […]

Управниот одбор на ПИОМ го усвоил Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот


Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на денешната 12. седница го усвоил Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија. Како што соопштуваат од ПИОМ, на седницата директорот на Фондот, Никола Мемов ги информирал членовите на Одборот за преземените активности посочувајќи дека е извршена […]

Божиновска му го покажа Министерството за енергетика на премиерот Мицкоски (фото)


Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари работна посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посетата ја потврди цврстата поддршка на Владата за реформите и проектите што се реализираат со цел подобрување на енергетската стабилност, зголемување на инвестициите и унапредување на ресурсното управување, соопштија од Министерството. Притоа, се додава дека било разговарано за клучните приоритети […]

Стопанската комора за одлуката на Уставен суд за солидарниот данок: Даночните политики мора да обезбедат правна сигурност


Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува […]

Коридорот 8 треба да ги поврзе Бургас и Драч, а не Крива Паланка и Куманово: Мицкоски очекува јасна посветност од бугарска страна


На последната владина седница е усвоен договорот во кој што треба јасно да се прецизира обврската на страните за железничкото поврзување со Бугарија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи дека е потребна јасна посветност од бугарската страна дека Коридорт 8 е приоритетот. -На последната владина седница е усвоен Договорот во кој што треба јасно да се […]

Голем број на посетители на првиот ден од „Garage sale“ во „Рамстор мол“


Вчера започна најголемиот традиционален шопинг настан во градот, Garage Sale во Ramstore Мall и сите Рамстор маркети. На првиот ден од Garage Sale посетителите имаа можност да искористат вистинска распродажба, многу попусти и да ги одберат омилените производи од големиот асортиман кој го нудат сите продажни објекти во Рамстор Мол и сите Рамстор маркети. Можноста […]

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија


Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што ја иницираше актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Постојат сознанија, соопшти денеска Дурмиши, дека државниот буџет е оштетен за 127 721 000 денари или за приближно два милиона евра како резултат на непреземање […]

Мицкоски е позагрижен дали ќе има работна сила за новите инвестиции, отколку за заминувањето на постојните


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата неколку недели знаеле за намерата на компанијата „Аптив“ да ја напушти Македонија, но рече дека има компании кои што најавиле инвестиции во земјава и дека оваа состојба ќе се надмине. „Има и неколку нови компании кои што најавуваат отпочнување на инвестиција или отворање на нови производни погони, така […]